Од Википедија — слободната енциклопедија
Северна Саксонија (германски: Nordsachsen) — округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Округот се граничи (од запад надесно) со покраините Саксонија-Анхалт и Бранденбург, окрузите Мајсен, Средна Саксонија и Лајпциг и урбаниот округ Лајпциг.
Округот бил основан со спојување на поранешните окрузи Делич и Торгау-Ошац, како дел од реформата на окрузите во август 2008.
На 10 декември 2009, Советот на округот го прифатил новиот грб на округот.
Округот се наоѓа во низините на север и исток од Лајпциг. Главни реки во округот се Мулде и Елба.
|
---|
| Градски | |
---|
| Селски | |
---|
| Поранешни градски | |
---|
| Поранешни селски | |
---|
|
51°30′N 12°45′E / 51.500°N 12.750°E / 51.500; 12.750