Дебелн (округ)
| Дебелн Landkreis Döbeln | |
|---|---|
| округ | |
| Земја | |
| Покраина | Саксонија |
| Укинат | 01.08.2008 |
| Седиште | Дебелн |
| Површина | |
| • Вкупна | 424 км2 (164 ми2) |
| Население (2001) | |
| • Вкупно | 77,900 |
| • Густина | 180/км2 (480/ми2) |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
| Рег. таб. | DL |
| Мреж. место | landkreis-doebeln.de |
Дебелн (германски: Döbeln) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Торгау-Ошац, Риза-Гросенхајн, Мајсен, Митвајда и Мулдентал.
Историја
[уреди | уреди извор]Регионот бил првично населен од лужичките племиња. Во раниот среден век, се населиле Даленмиците долж реката Мулде. Тие биле протерани од Германците по Битката кај Јана во 928 година.
Денешните граници на округот биле воспоставени во 1952 година, кога владата на Источна Германија создала нови окрузи. Дебелн е еден од неколкуте окрузи, кои не биле менувани по повторното обединување на Германија. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Дебелн, Фрајберг и Митвајда биле припоени во новиот округ Средна Саксонија.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот се наоѓал на бреговите на Фрајбергер Мулде во триаголник помеѓу градовите Дрезден, Лајпциг и Кемниц.
Грб
[уреди | уреди извор]| Лавот е хералдичко животно на Саксонија. Зелената и белата се боите на знамето на Саксонија. Штитот на десната страна го прикажува грбот на градот Дебелн. |
Градови и општини
[уреди | уреди извор]| Градови | Општини |
|---|---|
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница Архивирано на 24 септември 2013 г. (германски)
| ||||||||||||||||||
| ||||||||
51°07′12″N 13°06′36″E / 51.12000°N 13.11000°E
|
