Вајсериц (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вајсериц
Weißeritzkreis

Округ
Saxony dw.png
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
Укинат01.08.2008
Адм. цент.Диполдисвалде
Површина
 • Вкупна765 км2 (295 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно124,091
 • Густина160/км2 (420/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Рег. таб.DW
Мреж. местоhttp://www.weisseritzkreis.com

Вајсериц (германски: Weißeritzkreis) — поранешен округ (Kreis) во јужниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од запад надесно) окрузите Фрајберг, Мајсен, урбаниот округ Дрезден, Саксонска Швајцарија и на југ се граничи со Чешка.

Историја[уреди | уреди извор]

Округот бил основан во 1994 година, кога двата некогашни окрузи Диполдисвалде и Фрајтал се споиле. Во август 2008, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Саксонска Швајцарија и Вајсериц се споиле во новиот округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа на Рудните Планини, средишен дел е Тарантската шума. Округот го добил неговото име по двете реки Вилде Вајсериц и Роте Вајсериц, кои се спојуваат близу Фрајтал во реката Вајсериц, која потоа се влива во Елба во Дрезден. Највисока точка е Калеберг на 905 метри надморска височина.

Во текот на поплавите во август 2002, реката Вајсериц надошла со повеќекратно количество вода од вообичаеното и уништила многу згради, куќи, улици и мостови низ речната долина.

Партнерства[уреди | уреди извор]

  1. Ротвајл
  2. Берхтесгаден
  3. Гетинген
  4. Цолерналб

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Сините линии ја симболизираат реката Вајсериц и нејзиното обединување со реките Вилде Вајсериц и Роте Вајсериц. Рударскиот симбол долу ја претставува старата рударска традиција во Рудните Планини. Дрвото ги претставува големите шумски подрачја во округот и лавор десно е симбол на Мајсен, бидејќи областа историси припаѓала на грофството Мајсен.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Општини
  1. Алтенберг
  2. Диполдисвалде
  3. Фрајтал
  4. Гајзинг
  5. Гласхите
  6. Рабенау
  7. Тарант
  8. Вилсдруф
  1. Баневиц
  2. Дорфхајн
  3. Хартмансдорф-Рајхенау
  4. Хермсдорф
  5. Хекендорф
  6. Крајша
  7. Прецшендорф
  8. Шмидеберг

Надворешни врски[уреди | уреди извор]