Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија се однесува за округот во Саксонија, додека за планинскиот масив, видете Рудни Планини
Рудни Планини (германски : Erzgebirgskreis ) — округ (Kreis ) во сојузната покраина Саксонија , Германија . Именуван е по истоимениот планински масив (Erzgebirge ), кои претставуваат масив во јужниот дел на округот и сочинуваат дел од германско-чешката граница . Се граничи со (од запад надесно) окрузите Фогтланд и Цвикау , урбаниот округ Кемниц , округот Средна Саксонија и Чешка .
Округот бил основан со спојување на поранешните окрузи Анаберг , Ауе-Шварценберг , Штолберг и Средни Рудни Планини како дел од окружната реформа во август 2008 година.
Округот се наоѓа во западниот дел на Рудните Планини , кои исто така ја формираат границата со Чешка . Неколку реки, кои извираат на Рудните Планини, течат низ округот, вклучувајќи ги Цвикауер Мулде и Чопау .
Градски Селски Поранешни градски Поранешни селски
50°36′N 12°57′E / 50.600°N 12.950°E / 50.600; 12.950