Плауен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плауен

Plauen

Плауен и кулата на Градското собрание во утринска магла
Плауен и кулата на Градското собрание во утринска магла
Плауен и кулата на Градското собрание во утринска магла
Грб на Плауен
Плауен во рамките на Германија
Плауен
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Фогтланд
Градски единици 5 градски окрузи со 38 делови
Градоначалник Ралф Обердорфер (СлДП)
Основни податоци
Површина 102,12 км2
Надм. височина 412 м
Население 64.014 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 627 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. V
Пошт. бр. 08523;-5;-7;-9
Повик. бр. 03741
Портал www.plauen.de
Местоположба на градот Плауен во рамките на округот Фогтланд
Карта
Карта
Координати 50°29′N 12°07′E / 50.483° СГШ; 12.117° ИГД / 50.483; 12.117Координати: 50°29′N 12°07′E / 50.483° СГШ; 12.117° ИГД / 50.483; 12.117
Стариот градски дом
Црквата „Св. Марко“
Спомен-плоча во Плауен за масовните демонстрации во 1989 г.

Плауен (германски: Plauen; чешки: Plavno) — град во сојузната покраина Саксонија, во Германија. Тој е главен град на округот Фогтланд. Градот се наоѓа близу границата со Баварија и Чешка.

Слоганот на Плауен е „Плауен — навистина врвен“ (Plauen - echt Spitze).

Историја[уреди | уреди извор]

Градот бил основан од Полапските Словени во XII век и преминал во посед на кралството Бохемија (Чешка) во 1327 година. Освоен од надбискупот на Магдебург во 1384 година од Липолд фон Бредов. Преминал кон Алберт, војводата на Саксонија во 1466 година и на Изборното кнежевство Саксонија во 1569 година. Станал дел од Кралството Саксонија во 1806 година во текот на Наполеоновите војни.

Кон крајот на XIX век, Плауен станал центар на текстилната индустрија, специјализирајќи се во тантела. Околу 1910 година, Плауен, како индустриски растечки град, го достигнал неговиот врв во населението (попис од 1910: 121.000, 1912: 128.000).

Во 1930-тите години, Плауен бил единствениот град кој имал членови на нацистичката партија надвор од Баварија. Населението на Плауен драматично се намалило од Втората светска војна (1939: 111.000 жители).

Од 1945 година, Плауен припаѓал на советската окупациска зона на Германија, од 1949 до 1990 година на Германската Демократска Република. Во текот на тоа време, во него се наоѓал голем гарнизон на Црвената армија и во последните години на Источна Германија тука била сместена и офицерската школа за граничари (Grenztruppen der DDR). Првите масовни демонстрации против социјалистичкиот режим на ГДР започнале во Плауен на 7 октомври 1989 година и биле почетокот на серија масовни демонстрации во цела Источна Германија, кои на крај довеле до обединување на Германија во 1990 година Плауен бил првиот град од Источна Германија, кој добил свој ресторан на Мекдоналдс по паѓањето на Берлинскиот ѕид.

Со реформата на окрузи од 1 август 2008 година, Плауен го изгубил својот статус на урбан округ и бил вклучен во округот Фогтланд.

Индустрија и инфраструктура[уреди | уреди извор]

Железничката станица Плауен (Фогтланд) Оберер е сместена на железничката линија Лајпциг-Хоф. Делот од оваа линија минува низ Плауен и ги поврзува Нирнберг, Хоф, Плауен, Цвикау, Кемниц и Дрезден. Градот има и станица, Плауен (Фогтланд) Унтерер, сместена на железничката линија Елстер.

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Музеј „Плауенер Шпице“
  • Галерија „Плауен“
  • Стар градски дом
  • Вијадукт Елстер — вториот најголем мост од тули во светот
  • Мост Фриден - најголемиот камен мост со лак во светот
  • Црква „Св. Јован“ (Johanniskirche)
  • Стариот вијадукт Елстер — најстариот мост во Саксонија
  • Малцхаус

Образование и наука[уреди | уреди извор]

Плауен е дом на универзитет за применети науки, со околу 300 студенти.

Познати жители[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Збратимени градови на Јесниц[уреди | уреди извор]

Поранешни збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]