Рајхенбах во Фогтланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рајхенбах во Фогтланд
Градското собрание на Рајхенбах во Фогтланд
Градското собрание на Рајхенбах во Фогтланд
Градското собрание на Рајхенбах во Фогтланд
Грб на Рајхенбах во Фогтланд
Рајхенбах во Фогтланд во рамките на Германија
Рајхенбах во Фогтланд
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Фогтланд
Општ. заед. Хајнсдорфергрунд
Градоначалник Дитер Кислинг (ДХС)
Основни податоци
Површина 34,46 км2
Надм. височина 380 м
Население 20.198 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 586 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. V
Пошт. бр. 08468
Повик. бр. 03765
Портал www.reichenbach-vogtland.de
Местоположба на градот Рајхенбах во Фогтланд во рамките на округот Фогтланд
Карта
Карта
Координати 50°37′0″N 12°18′0″E / 50.61667° СГШ; 12.30000° ИГД / 50.61667; 12.30000Координати: 50°37′0″N 12°18′0″E / 50.61667° СГШ; 12.30000° ИГД / 50.61667; 12.30000

Рајхенбах во Фогтланд (германски: Reichenbach im Vogtland) — град во округот Фогтланд, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Со околу 20.000 жители е вториот најголем град по Плауен. Се наоѓа на автопатот А72 помеѓу Плауен (на околу 18 км) и Цвикау (на околу 19 километри).

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во југозападниот дел на Саксонија, околу 18 километри од градот Плауен и 19 километри од градот Цвикау.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Општини со кои се граничи во округот Фогтланд се Хајнсдорфергрунд, Ленгенфелд, Лимбах, Нечкау и Нојмарк. На север се граничи со тириншкиот округ Грајц и општините Молсдорф-Тајхволфрамсдорф и градот Грајц.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Кон Рајхенбах припаѓаат местата Брун, Кунсдорф, Фризен, Милау, Оберајхенбах, Рочау и Шајденбах. Од 2000 година постои општинска заедница Рајхенбах во Фогтланд, на која припаѓаат Рајхенбах и Хајнсдорфергрунд.

Историја[уреди | уреди извор]

Рајхенбах во Фогтланд бил основан како населба на Франките и благодарение на неговиот почетен развој и неговата удобна местоположба во долината близу замокот Милау. Во 1212 година официјално бил именуван Рихенбах, најверојатно поради многуте мочуришта (германски: Bächen) во областа, каде сега се наоѓа стариот град. Ги добил градските права околу 1240 година, а во 1271 година со декрет му биле доделени „civitatis richenbach“, права да може да се брани самиот и да има одредена автономија во одржување на трговија на избори. Голем дел од историјата на Рајхенбах била изгубена во градските пожари во 1720, 1773, и 1833. Основањето на парохиската црква Свети Петар и Павле потекнува од XII век.

Подемот на индустријализацијата му дозволила на градот да расте уште повеќе, повторно промовирајќи ја својата пристапност. Главните дејности во Рајхенбах биле шиењето и ткаењето, но во 19 век започнала да се развива металската индустрија и на почетокот на XX век отпочнала индустријата за хартија и печатење. Некои и најпознатите градби на Рајхенбах од оваа ера, вклучувајќи го и Ратхаусот (1837–1839), железничката станица (1846) и најголемиот мост од тули во светот, Вијадуктот Гелч (1846–1851).

Рајхенбах во Фогтланд имал прилично незначајна улога во Втората светска војна. На 21 март 1945, американските бомби убиле 161 граѓанин и уништиле или оштетиле многу згради.[2] Против наредбите на национал-социјалистите, градоначалникот Ото Шрајбер донел одлука за капитулација на градот на 17 април без борба. Градот бил окупиран од американските трупи, кои ја предале контролата на Црвената армија на 1 јули. Околу 120 невини младинци на возраст од 15 и 16 години биле земени во притвор и преместени во тајната служба на Советскиот Сојуз (претходник на КГБ).

Откако Германија била поделана, Рајхенбах во Фогтланд станал дел од Источна Германија. Населението значително се намалило од околу 35.000 на денешните малку под 20.000. Како случај на многу други поранешни индустриски градови во Источна Германија, повторното обединување на Германија во 1991 предизвикало многу работници да ги изгубат своите работни места. Биле покренати многу иницијативи за развивање на локалната економија.

Во самиот град Рајхенбах влегуваат квартови и села: Оберајхенбах, Фризен, Кунсдорф, Брун, Рочау и Шнајденбах и влегува во одреден сојуз со Хајнсдорфергрунд од 2000 година.

Население[уреди | уреди извор]

Историско население
  • 1834 - 5.165
  • 1869 - 10.200
  • 1871 - 12.942
  • 1875 - 14.620
  • 1880 - 16.509
  • 1885 - 18.320
  • 1890 - 21.496
  • 1910 - 29.685
  • 1925 - 30.862
  • 1933 - 32.276
  • 1939 - 31.661
  • 1946 - 34.708
  • 1950 - 32.320
  • 1960 - 29.598
  • 1964 - 29.535
  • 1971 - 28.545
  • 1981 - 25.458
  • 1984 - 25.033
  • 1990 - 25.036
  • 1998 - 24.251
  • 1999 - 23.831
  • 2000 - 23.469
  • 2001 - 23.096
  • 2002 - 22.923
  • 2003 - 22.729
  • 2004 - 22.371
  • 2005 - 22.082
  • 2007 - 21.210
  • 2008 - 20.746
  • 2009 - 20.449
  • 2010 - 20.146

Места на интерес[уреди | уреди извор]

Горната железничка станица
Вијадукт Гелч
Neuberinhaus (музеј, театар и концертна сала)
  • Железничката станица Рајхенбах е дел од линијата Лајпциг-Хоф. Оваа линија го вклучува вијадуктот Гелч, најголемиот мост во светот од тули, кој се наоѓа 4 километри западно од градот.
  • Neuberinhaus е локален историски и театарски музеј, именуван по најпознатиот жител на градот, глумицата Фридерика Каролине Нојбер (1697–1760), со прекар „Neuberin“. Постојат постојани изложби за нејзиниот живот и дела, германскиот театар во 18 век и историјата на градот.
  • Park der Generationen (Парк на генерациите)

Луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)
  2. Excerpt from Reichenbach im Vogtland of the Reichenbach Seniors Computer Club. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]