Клингентал
Клингентал | |
Центарот на градот во зима | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Фогтланд |
Градоначалник | Енрико Бројниг (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 50,44 км2 |
Надм. височина | 500 м |
Население | 7.764 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 154 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | V |
Пошт. бр. | 08248 |
Повик. бр. | 037467 |
Портал | www.klingenthal.de |
Местоположба на градот Клингентал во рамките на округот Фогтланд | |
Координати | 50°22′1″N 12°28′7″E / 50.36694°N 12.46861°E |
Клингентал (германски: Klingenthal) — град во округот Фогтланд, во сојузната покраина Саксонија, југоисточна Германија. Се наоѓа спротивно од границата со Чешка и чешкиот град Краслице, 29 километри југоисточно од Плауен и 33 километри северозападно од Карлови Вари.
Ашберг („планината пепел“) се издигнува над градот на 936 метри. Исклучително издолжениот град, 10,5 километри од еден до друг крај, е опкружен со бројни шуми на елки.
Градот е поделен со реките Дебра и Цвота. овие две реки се спојуваат на чешко-германската граница и ја создаваат реката Сватава, која потоа се влева во реката Охрже кај Соколов.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1591 година, Себастијан Кепел основал мелница близу границата со Бохемија на бреговите на Цвота со цел да ги искористува богатите резерви на железо и огромните површини на дрво, обете потребни за градежни материјали. На 1 февруари 1602 година се споменува „Хелхамер“ („Höllhammer“) во црковниот регистар на соседниот град Шенек. Во тоа време тука живееле рудари, ковачи и обработувачи на јаглен. Во 1628 година, мелницата била запалена и само делумно била обновена.
Во средината на XVII век, бохемиските емигранти бегале од контра-реформацијата и го донеле занаетот за правење лејти во Клингентал, кој — по Вестфалскиот мир — бил безбедно прибежиште за протестантите.
Во 1716 година било прославено создавањето на еснафот на произведувачите на лејти. Кон крајот на XVIII век, пристигнуваат и произведувачите на гудала и жичени инструменти, но исто така и производството на дрвени и дувачки инструменти. Во 1829 година, започнало производството на харфи, а во 1852 година на хармоники. Во втората половина на XIX век, производството на харфи, хармоники и други посложени инструменти го заменило дотогашното производство на помали инструменти.
Во 1875 година, Клингентал бил поврзан со железница.
На 1 октомври 1919 година, Клингентал ги добил градските права. На 1 јули 1950 година, Заксенберг-Георгентал бил припоен кон градот.
На 25 јули 1952 година, делови на поранешните окрузи Ауербах и Елсниц биле одземени со цел да се создаде округот Клингентал. Од 1949-1990 година, Клингентал бил седиште на VEB Klingenthaler Harmonikawerke, државна компанија која била главен произведувач за хармоники, армоники и електронски инструменти во Источна Германија.
На 1 април, Милајтен, населба на северозападните падини на Ашберг била припоена кон градот.
Од 1996 година, Клингентал е дел од новосоздадениот округ Фогтланд. За разликување на Клингентал (Долна Рајна, името на градот било Klingenthal/Sa. (Sa. стоело за Саксонија). Со одлука на советот на градот, додатокот Sa. бил отстранет во јануари 2007 година. Оттогаш, името на градот е само Klingenthal.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Додека традиционално, градот е производствен центар на музички инструменти, исто така е и скијачки центар. Една од главните економски дејности на Клингентал е туризмот. Тој е дом на барокната Zum Friedefürsten.
Во 2005 година била пуштена во употреба Фогтландарена и тука се одржуваат натпревари во Светскиот нордиски куп и Светскиот куп на скијачки скокови. Веќе бил национален центар за скијачки скокови во текот на Источна Германија.
Познати жители
[уреди | уреди извор]- Макс Хес (1878–1975) — музичар
- Ернст Ибел (1882–1959) — композитор и музичар
- Карлхајнц Штајнмилер — физичар и глумец
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Прво документирано споменување во црковниот регистар во соседниот Шенек
-
Првичната дрвена црква „Zum Friedefürsten“ во Клингентал во 1726
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Клингентал на Ризницата ?
- Официјална страница на градот Клингентал
- Зимски центар Клингентал
- Музеј за музика и зимски спортови Архивирано на 11 септември 2007 г.
|