Каменц (округ)
| Каменц Landkreis Kamenz | |
|---|---|
| округ | |
| Земја | |
| Покраина | Саксонија |
| Укинат | 2008-08-01 |
| Седиште | Каменц |
| Површина | |
| • Вкупна | 1,340,34 км2 (517,51 ми2) |
| Население (2001) | |
| • Вкупно | 154,954 |
| • Густина | 120/км2 (300/ми2) |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
| Рег. таб. | KM |
| Мреж. место | http://www.lra-kamenz.de |
Каменц (германски: Kamenz, горнолужички: Kamjenc) — поранешен округ во североисточниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Горен Шпревалд-Лужица, Шпре-Ниса, Долношлеска Горна Лужица, Бауцен, Саксонска Швајцарија, слободниот град Дрезден и окрузите Мајсен и Риза-Гросенхајн. Слободниот град Хојерсверда бил целосно опкружен од округот.
Историја
[уреди | уреди извор]Округот бил создаден во 1994 од претходниот округ Каменц, северните делови на округот Дрезден-Ланд, околу Радеберг и округот Хојерсверда, освен градот Хојерсверда, кој станал слободен град. Од 1994 до 1996 бил наречен Westlausitz - Dresdner Land, но бил преименуван потоа повторно во Каменц. Во август 2008, округот Каменц и Хојерсверда биле припоени кон округот Бауцен.
Географија
[уреди | уреди извор]Две поголеми реки во округот се Шпре и Шварце Елстер.
Партнерства
[уреди | уреди извор]Од 14 декември 1990, округот има партнерство со округот Алцај-Вормс во Рајнска област-Пфалц.
Грб
[уреди | уреди извор]| Боите на грбот се оние од Горна Лужица. Црното крило на десната страна е симбол на грофовите од Каменц. Листот од липа на врвот на левата половина стои за лужичкосрпското малцинство. Разбрануваната линија долу ги симболизира трите реки, Редер, Елстер и Шпре. Трите прстени долу го симболизира обединување на претходните окрузи. |
Градови и општини
[уреди | уреди извор]| Градови | Општини | |
|---|---|---|
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница Архивирано на 21 декември 2014 г. (германски)
| ||||||||||||||||||
|
