Шпре-Ниса
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Шпре-Ниса Spree-Neiße | |
---|---|
Округ | |
![]() | |
Земја | ![]() |
Покраина | Бранденбург |
Седиште | Форст (Лужица) |
Површина | |
• Вкупна | 1,647,8 км2 (636,2 ми2) |
Население (31 декември 2018)[1] | |
• Вкупно | 113.720 |
• Густина | 69/км2 (180/ми2) |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | SPN |
Мреж. место | www.landkreis-spree-neisse.de |
Шпре-Ниса (германски: Spree-Neiße) — округ во јужниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) окрузите Бауцен и Герлиц во Саксонија, окрузите Горен Шпревалд-Лужица, Даме-Шпревалд и Одра-Шпре. Слободниот град Котбус е целосно опкружен од округот. На исток се наоѓа Полска.
Географија[уреди | уреди извор]
Округот се наоѓа во областа Лужица. Реката Шпре тече низ округот, додека реката Лужичка Ниса ја создава источната граница, која во исто време претставува и граница со Полска.
Историја[уреди | уреди извор]
Округот бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Котбус, Форст, Губен и Шпремберг.
Грб[уреди | уреди извор]
![]() |
Грбот прикажува четири полиња посветени на претходните окрузи. Речниот рак во горниот лев дел го претставува округот Котбус и е исто така присутен во грбот на градот Котбус. Лавот во горниот десен дел е симбол на Кралството Бохемија, бидејќи Шпремберг бил посед на бохемиските кралеви. Рогот од елен во долниот десен дел го претставува Форст и бил преземен од грбот на грофовите Биберштајн. Круната во долниот лев дел ги претставува повторно кралевите од Бохемија, но овој пат претставувајќи го Губен. |
Градови и општини[уреди | уреди извор]
Слободни градови | Општински заедници | |
---|---|---|
|
2. Деберн-Ланд |
3. Пајц |
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2019 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. 31 декември 2019. (германски)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Шпре-Ниса“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
|
Координати: 51°41′N 14°24′E / 51.683° N; 14.400° E
|