Округот се состои од низини северозападно од Берлин. На неговата територија се наоѓаат густи шуми. Многу реки и езера има во западниот, средишниот и североисточниот дел на округот. Главна река во округот е Досе.
Округот отсекогаш се разликувал од Западен Пригниц, така што првично бил населен од Словени од Мекленбург. Бил создаден во 1993 со спојување на окрузите Кириц, Нојрупин и Витшток. Округот скоро ја покрива истата територија на двата историски окрузи Источен Пригниц и Рупин. Источен Пригниц бил создаден во 1815 како еден од двата округа на местото на поранешното грофовија Пригниц и бил поделен на окрузите Кириц, Прицвалк и Витшток во 1952. Исто така во 1952, округот Рупин бил преименуван во Нојрупин и дел од неговата територија била доделена на окрузите Кириц и Гранзе.
Орелот во горниот дел на грбот потекнува од грофовите Арнштајн, кои владееле со Рупин во 13 век. На левата страна е лилјан кој ги претставува грофовите Фон Плото, вендско семејство кои владееле со Кириц. Митрата на десно го симболизира Витшток, бидејќи бискупот Хајнрих Први го прогласил Витшток за главен град на Бискупијата Хафелберг.