Даме-Шпревалд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Даме-Шпревалд
Dahme-Spreewald
Округ
Brandenburg lds.png
Земја  Германија
Покраина Бранденбург
Адм. цент. Либен (Шпревалд)
Површина
 • Вкупна 2,261 км2
Население (31 декември 2015)[1]
 • Вкупно 164.528
 • Густина 72.767.801.857.585/km2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. таб. LDS
Мреж. место dahme-spreewald.de

Даме-Шпревалд (германски: Dahme-Spreewald) е округ (Kreis) во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Одра-Шпре, Шпре-Ниса, Горен Шпревалд-Лужица, Елба-Елстер и Телтов-Флеминг и со градот Берлин.

Историја[уреди | уреди извор]

Областа Шпревалд отсекогаш била центар на лужичката култура. Во средновековниот период градовите Либен и Лукау последователно биле главни градови на маркгрофството Долна Лужица. Од 1815 Долна Лужица била дел од Прусија. Во текот на 19 век областа останала претежно земјоделска и единствено во северниот дел (блузу Берлин) се случила одредена урбанизација.

Кога била основана покраината Бранденбург во 1990 биле основани окрузите Либен, Лукау и Кенигс Вустерхаузен, но во 1993 овие три окрузи биле споени.

Географија[уреди | уреди извор]

Реката Шпре влегува во округот во југоисточниот дел и излегува низ североисточниот. Пошумената област долж нејзините брегови се наречени Шпревалд. Шпревалд е најзападниот дел на Лужица. Особено градовите Либен и Либенау прекуваат многу туристи секоја година, нудејќи патувања со брод и можност за поминување на одморот во преубавата природа на Шпревалд.

Реката Даме е притока на Шпре. Создава многу езера во северниот дел на округот. Даме го напушта округот кон Берлин, каде понекогаш се користи за бродски трки. На крај се влива во Шпре.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Грбот прикажува:
  • горе лево: бикот е хералдичко животно на Лужица
  • горе десно: орелот е хералдичко животно на Бранденбург
  • долу: круната го прикажува поранешното ловалиште на пруските кралеви, кое се наоѓало во Кенигс Вустерхаузен

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Слободни градови Општински заедници
  1. Кенигс Вустерхаузен
  2. Либен (Шпревалд)
  3. Лукау
  4. Митенвалде


Слободни општини

  1. Бестензе
  2. Ајхвалде
  3. Хајдеблик
  4. Хајдезе
  5. Меркише Хајде
  6. Шенефелд
  7. Шулцендорф
  8. Вилдау
  9. Цојтен

1. Либерозе/Горен Шпревалд

  1. Алт Цаухе-Вусверк
  2. Билегуре-Билен
  3. Јамлиц
  4. Либерозе1, 2
  5. Ној Цаухе
  6. Швилохзе
  7. Шпревалдхајде
  8. Штраупиц

2. Шенкенлендхен

  1. Грос Керис
  2. Халбе
  3. Меркиш Бухолц2
  4. Минхехофе
  5. Шверин
  6. Тојпиц1, 2

3. Долен Шпревалд

  1. Берстеланд
  2. Дрансдорф
  3. Голсен1, 2
  4. Казел-Голциг
  5. Краусник-Грос Васербург
  6. Рицнојендорф-Штаков
  7. Шлепциг
  8. Шенвалд
  9. Штајнрајх
  10. Унтершпревалд
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]