Барним
| Барним | |||
|---|---|---|---|
| округ | |||
| |||
![]() | |||
| Земја | |||
| Покраина | Бранденбург | ||
| Седиште | Еберсвалде | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 1,494 км2 (577 ми2) | ||
| Население (31 декември 2022)[1] | |||
| • Вкупно | 191.849 | ||
| • Густина | 130/км2 (330/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
| Рег. таб. | BAR | ||
| Мреж. место | www.barnim.de/ | ||

Барним (германски: Barnim) — округ во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од исток надесно) Полска, округот Меркиш-Одерланд, сојузната покраина Берлин и окрузите Горен Хафел и Укермарк.
Историја
[уреди | уреди извор]Името „Барним“ се појавило во 13 век и се однесувало на големата шумска област источно од Хафел и северно од Шпре, каде благородниците оделе да ловат. Сегашниот округ е приближно ист, но малку помал, со оваа историска област.
Округот бил основан во 1993 со спојување на поранешните окрузи Бернау и Еберсвалде.
Географија
[уреди | уреди извор]Барним се протега од реката Одра до предградијата на Берлин. Реката Одра ја создава источната граница. Оттука водат Каналот Одра-Хафел (ги поврзува Одра и Хафел) и историскиот Финовски Канал до Еберсвалде и натаму. Деловите северно од овие вештачки водни патишта се наречени Шорфхајде. Ова е шумска област со неколку големи езера, како Вербелинско Езеро (8 км2), Гримницско Езеро (8 км2) и Парштајнско Езеро (10 км2). Шорфхајде е биосферен резерват на УНЕСКО, каде се наоѓаат ретки животни како белоопашестиот орел, големиот орел кликач, орелот-рибар, црниот штрк, дабарот и видрата.
Грб
[уреди | уреди извор]Градови и општини
[уреди | уреди извор]| Слободни градови | Општински заедници | |
|---|---|---|
|
|
||
| 1седиште на општинската заедница;2град | ||
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Барним“. |
Барним на Ризницата ?- Официјална страница Архивирано на 1 мај 2012 г. (германски)
| ||||||||||
52°50′N 13°45′E / 52.833°N 13.750°E
|
