Бернау кај Берлин

Координати: 52°40′0″N 13°34′59″E / 52.66667° СГШ; 13.58306° ИГД / 52.66667; 13.58306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бернау кај Берлин
Судот во Бернау
Судот во Бернау
Судот во Бернау
Грб на Бернау кај Берлин
Бернау кај Берлин во рамките на Германија
Бернау кај Берлин
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Барним
Градски единици 5
Градоначалник Хуберт Хандке (ДХС)
Основни податоци
Површина 103,73 км2
Надм. височина 68 м
Население 40.908 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 394 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BAR
Пошт. бр. 16321
Повик. бр. 03338
Портал www.bernau-bei-berlin.de
Местоположба на градот Бернау кај Берлин во рамките на округот Барним
Карта
Карта
Координати 52°40′0″N 13°34′59″E / 52.66667° СГШ; 13.58306° ИГД / 52.66667; 13.58306

Бернау кај Берлин (германски: Bernau bei Berlin, или познат само како Бернау) — град во округот Барним, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Градот се наоѓа на околу 10 километри североисточно од Берлин.

Историја[уреди | уреди извор]

Археолошките ископувања од мезолитот докажуваат дека оваа област била населена и пред околу 8800 п.н.е.. Градот бил првпат споменат во 1232. Вистинската причина за неговото основање не е позната. Според легендата, Алберт Први го основал градот во 1140 поради доброто пиво кое му било понудено. Вистина е дека пивото било произведувано со водата од реката Панке. Затоа било забрането со закон да се загадува реката со отпад и измет пред деновите кога се произведувало пивото.

Бернау напредувал добро пред Триесетгодишната војна. Големи делови на одбранбените ѕидини и градските порти и шанците се потсетник на тоа време. Ова му помогнало на Бернау да се одбрани од напаѓачите, како Хуситите во 1432. По чумата и војната, Бернау бил сиромашен и мрачен. Фридрих Први населил 25 семејства во 1699.

Во 1842 била отворена железничката линија. Една од првите електрифицирана железничка линија во светот започнала со работа во 1924. Оваа линија на берлинската С-Железница го поврзувала Бернау со Берлин. Конфедерацијата на германските трговски комори отворила школа во 1930. Валдзидлунг („населба во шума“) — дел од градот, каде живееле политичките водачи на Источна Германија.

Старата оружарница
Фахверк куќи и станбени блокови.

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Музеи[уреди | уреди извор]

Музејот за локалната историја има две седишта. Едното е градската порта со поранешниот затвор. Таа е една од трите поранешни градски порти, кои биле дел од одбранбените ѕидини. Денес, тука се прикажани оружјето и алатите за мачење од средниот век. Обичниот мебел од неколку епохи и приборот на извршителот се прикажани во Хенкерхаус со цел да го прикажат животот во малиот град.

Во 2005 бил отворен музејот Волф Кален, во кој се прикажани медиумите.

Градби[уреди | уреди извор]

Црквата Св. Богородица преовладува на панорамата на градот. Наосот бил изграден во 15 век.

Големи делови од градските ѕидини и шанците од средниот век се зачувани. Ѕидините се составени од неколку кули, оружарницата и градската порта.

До 1960, центарот на градот, затворен од ѕидините, бил составен од мали стари градби изградени во фахверк стил. Најголем дел од нив биле во лоша состојба поради немањето средства за нивна обнова, особено од страна на владата на Источна Германија. Било одлучено да се промени Бернау во град со социјалистичка архитектура. Скоро сите стари куќи биле срушени во 1960-тите и 1970-тите, а новите т.н. станбени блокови биле изградени на нивно место. Новите куќи имале најмногу четири ката со цел да се вклопат со архитектурата на историскиот концепт на градот.

Поранешната школа на трговските комори се наоѓа североисточно од градот. Таа е најголема градба во баухаус стил, покрај самиот Баухаус.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Линијата С2 на берлинската С-Железница го поврзува Бернау со Берлин. Регионалните возови го поврзуваат Бернау со Еберсвалде, Швет, Штралзунд, Франкфурт на Одра на север и со Берлин и Елстерверда на југ. Возови на долги релации постојат до Штралзунд, Дортмунд, Диселдорф, Дрезден и Амстердам.

Автопатот А11 од Берлин до Пренцлау и Шчеќин има два излеза во близина на градот.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Бернау е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]