Видра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Видра
Евроазиска видра
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Месојадци
Фамилија: Mustelidae
Потфамилија: Lutrinae
Родови

Amblonyx
Aonyx
Enhydra
Lontra
Lutra
Lutrogale
Pteronura

Видрата припаѓа на фамилијата на куни, добро е прилагодена за живот во слатки води. Познати се како екстремно вешти пливачи.

Изглед[уреди]

Видрите имаат цврсто и многу подвижно тело. Градбата на телото им е добро приспособена за нуркање. Во вода можат да издржат многу долго време, а за ловење на пленот се служат со нивните остри и силни заби.

Младите научуваат да пливаат на возраст од околу 80 дена, кога крзното ќе им порасне доволно и ќе стане водоотпорно. Пред тоа тие се невешти во водата заради мекото крзно и практично се плашат од вода, така што во периодот кога треба да почнат да пливаат, мајката најчесто насила ги турка во водата додека не се научат.

Исхрана[уреди]

Видрите пред сè се хранат со риба. Претежно се активни ноќе, иако понекогаш ловат и во текот на денот. Во ловот не се пребирливи и по правило го ловат пленот што најлесно може да се фати во моментот. Сепак, омилена храна им се јагулите. Често го тераат пленот во теснец обраснат со трева и го напаѓаат одозгора со своите силни и остри заби. Покрај риба, се хранат и со ракови, водени инсекти, жаби, птици, а понекогаш и со млади зајци. Видрите се прилично плашливи, воздржливи животни кои живеат осаменички живот. Ловат и се хранат во бистри и плитки потоци, а пожелно е тие потоци да се обраснати со зеленило и да се во близина на поплавни подрачја. За видрите сепак најважно е водата да е бистра и бреговите да нудат можност за криење. Во потрага за храна видрите често знаат да се селат од едно во друго речно подрачје, при тоа често преминувајќи големи растојанија.

Размножување[уреди]

Најчесто се парат во рана пролет, и женките котат до 3 млади. Видрата е загрозена поради загадување на водите и загубата на живеалиштата, но и затоа што се лови поради нејзиното крзно.

Распространетост[уреди]

Европа, Азија и Африка.

Видови[уреди]

Род Lutra

Род Lutrogale

Род Lontra

Род Pteronura

Род Aonyx

Род Enhydra