Жаба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жаба
Жаба
Период: ран тријас-денес,
Australia green tree frog (Litoria caerulea) crop.jpg
Зелена гаталинка (Litoria caerulea)
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Водоземци
Поткласа: Мазнокожи
Ред: Жаба
Duméril, 1806 (како Anoures)
Подредови

стари жаби (Archaeobatrachia)
средни жаби (Mesobatrachia)
нови жаби (Neobatrachia)
 –
Список на семејства

Распространетост на жабите (зелено)

Жабаводоземец од редот на безопашести водоземци (науч. Anura). Редот безопашести водоземци (Anura) е првпат класифициран од страна на Блазиус Мерем (1761-1824) во 1820 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Возрасните жаби се карактеризираат со долги задни нозе, кратко тело и вмрежени прсти, очи што штрчат и недостаток на опашка. Големината им варира од 10 мм (Psyllophryne didactyla од Бразил и Eleutherodactylus iberia од Куба) до 300 мм (Conraua goliath од Камерун). Возрасните жаби имаат месојадна исхрана, најмногу со членконоги, црви и мекотели. Жабите се најзабележливи преку нивните звучни повици, кои можат да се слушнат за време на нивната сезона за парење.

Распространетоста на жабите варира од тропските до субарктичките региони, со најголем број на видови во тропските дождовни шуми. Повеќето жаби живеат во плитки водени површини, но исто така лесно се движат и на земја со скокање или качување. Вообичаено жабите ги несат јајцата во бари, мочуришта или езера, и нивните ларви, наречени полноглавци, имаат жабри и се развиваат во вода.

Видови жаби[уреди | уреди извор]

Со повеќе од 5.000 опишани видови, жабите се меѓу најразновидните групи 'рбетници. Често се прави разлика помеѓу жабите и краставите жаби на основа на нивниот изглед, но оваа разлика нема таксономска издржаност. Единственото семејство на која екслузивно ѝ е дадено името „крастава жаба“ е Bufonidae, но многу видови од другите семејства исто така се нарекуваат „крастави жаби“, а видовите во рамките на видот крастави жаби Atelopus се нарекуваат и „арлекински жаби“.

Отровната стрела - жаба е најотровната жаба во светот, која што е застапена во тропските шуми на Амазонија. Нејзиниот отров е доовлен да усмрти 20.000 глувци или да ја сопре работата на срцето на некој 'рбетник. Самиот отров се наоѓа и се лачи на површината на кожата.

Жабата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Жабата се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 159-160.
  2. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 19 и 41.
  3. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 40.
  4. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 27-28.
  5. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 52.
  6. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 66.
  7. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 65.
  8. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 105.
  9. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 33.
  10. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 50.
  11. Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 32-35.
  12. Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.