Глувци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Глувци
Период: Ран миоцен - денес
Sinaistachelmaus.jpg
Acomys cahirinus.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Rodentia
Натсемејство: Muroidea
Семејство: Muridae
Illiger, 1811
Потсемејства

Deomyinae
Gerbillinae
Lophiomyinae
Leimacomyinae
Murinae

Глувци (науч. Muridae) — група на цицачи од редот на глодачи. Телесната должина се движи од 5 см (оризарски глушец, Micromys minutus) до 48 см (стаорецот Phloeomys cumingi[1]). Распространети се секаде на Земјата (убиквитарни), а повеќето видови се наоѓаат во шумите од тропските и суптропските предели. Интродуцирани се во Јужна Америка и на многу острови.

Општи одлики[уреди | уреди извор]

Тие се големи сештојади. Глувците се активни навечер и ноќе. Повеќето водат полунадземен начин на живот, хранејќи се со семиња, а некои со животинска храна. Некои се синантропни животни (домашен глушец, некои стаорци). Се размножуваат во топлиот период од годината, а во домовите на луѓето во текот на целата година. Стануваат полово зрели на 1,5-3 месеци.

Значење за човекот[уреди | уреди извор]

Глувците се природни носители на голем број паразити и причинители на многу зарази кај човекот и домашните животни, меѓу кои и опасни инфекции. Нанесуваат штети на земјоделските култури и шумарството, уништувајќи ги производите и храната. Најголема штета нанесуваат глувците од родот Mus (како на пример домашниот глушец Mus musculus) и Microtus (Microtus arvalis). Мерките за контрола вклучуваат спречување на пристапот до храната, заплашување (создавачи на ултразвук: глувците го слушаат ултразвукот до 40 kHz) и регулација на бројноста со помош на стапици (познати некаде како ,,факови‘‘) и отрови.

Глувците дале огромен придонес во развитокот на науката. На овие животни се правени биолошки експерименти, се произвлеле противотрови и вакцини, се вршела проверка на дејството на лекарствата и други супстанци. Од 1990 година се создадени трансгенетски глувци. Со нив подобро се објаснува функционирањето на некој ген кој се испитува, или пак полесно се картира неговата активност.

Глушецот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Како мајката глувчица му барала невеста на својот син“ - кавкаска народна приказна.[2]
  • „Глувци“ - расказ на италијанскиот писател Дино Буцати.[3]
  • „Лавот, глушецот и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[4]
  • „Лавот и глушецот“ - басна на Езоп.[5]
  • „Лавот и глушецот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[6]
  • „Лавот и глушецот (2)“ - басна на Емброуз Бирс.[7]
  • „За глушецот“ (српски: О мишу) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[8]
  • „Тагата и жалоста на еден глушец“ (српски: Туга и жалост једнога миша) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[9]
  • „Марсовци и глувци“ - книга за деца на Славко Јаневски од 1959 година.[10]
  • „Семинар за глувци“ - расказ на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес.[11]
  • „Глушец и жена“ - расказ на американскиот писател Дилен Томас.[12]
  • Глувци и луѓе“ - роман на американскиот писател Џон Штајнбек.[13]
  • „Семинар за глувци“ - збирка раскази на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес од 1977 година.[14]
  • „Стјуарт Литл“ - роман за деца на американскиот писател Елвин Б. Вајт од 1945 година.[15]
  • „Глувците на семоќниот бог“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[16]
  • „Три слепи глувчиња“ (англиски: Three blind mice) - песна на американската рок-група Бич Бојс (Beach Boys) од 1967 година.[17]
  • „Глушец во твојата дланка“ (англиски: Mouse In Your Hand) — песна на британската рок-група Disciplin A Kitschme од 1998 година.[18]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Encyclopedia of Life: Muridae
  2. Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 141-147.
  3. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 43-49.
  4. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 50.
  5. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 68-69.
  6. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 10.
  7. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 91.
  8. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 78-80.
  9. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 81.
  10. „Библиографија на книгите за деца на Славко Јаневски“, во: Славко Јаневски, Како така? Зошто така? Сè да знае светов сакал!. Скопје: Темплум, 2014, стр. 151.
  11. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 134-149.
  12. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 333-351.
  13. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 13.
  14. Антoлогија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 281.
  15. Елвин Б. Вајт, Пајажината на Климентина. Скопје: Просветно дело, 2004.
  16. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 165-174.
  17. YouTube, Three Blind Mice - The Beach Boys (The SMiLE Sessions Disc 4) (пристапено на 25.8.2017)
  18. Disciplin A Kitschme – Heavy Bass Blues (пристапено на 12.9.2022)