Камерун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Камерун
République du Cameroun / Republic of Cameroon
Знаме
Гесло"Paix - Travail - Patrie"  ( француски)
"Мир- Работа- Татковина"
ХимнаÔ Cameroun, Berceau de nos Ancêtres  (француски)
О Камерун, Лулко на нашите претци 

Главен град Јаунде
3°52′ СГШ 11°31′ ИГД / 
Најголем град Дуала
Службен јазик француски, англиски
Демоним камерунец
Уредување Република
 -  Претседател Пол Бија
 -  Премиер Ефраин Инони
Независност од Франција и Обединетото Кралство 
 -  Датум 1 јануари 1960, 1 октомври 1961 
Површина
 -  Вкупна 475.442 км2 (53-та)
 -  Вода (%) 1.3
Население
 -  проценка за јули 2005 17,795,000 (58-ма)
 -  Попис 2003 15,746,179 
 -  Густина 37 жит/км2 (167-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $41.723 милијарди[1] 
 -  По жител $2,152[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $23.243 милијарди [1] 
 -  По жител $1,199[1] 
Џини (2001) 44.6 (среден
ИЧР (2007) 0.532 (среден) (144-та)
Валута централноафрикански франк (XAF)
Часовен појас WAT (UTC+1)
 -  (ЛСВ) н/п (UTC+1)
Се вози на десно
НДД .cm
Повик. бр. 237
Карта на регионите во Камерун.

Камерун е република во Екваторијална Африка. Зафаќа површина од 475.000 км2. Главен град е Јаунде. Независна е од 1960 година. Се дели на источен и западен Камерун. Населението се состои од следниве племиња: Фулбе, Хауса, Баса, Бакоко, Фанг, Бамум и Бамилеке. Религијата е претставена со ислам, христијанство, анимизам и тотемизам. Службени јазици се англискиот и францускиот.

Етимологија[уреди]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Камерун.

Според изворите,.[2] територијата на денешната држава Камерун била населена уште во времето на неолитот. На овие простори живееле племето Бака односно пигмејците кои живееле на овие простори најрано за разлика од останатите земји и племиња во Африка. [2]Овие племиња главно живееле на источните и јужните региони, главно во шумите. Во текот на 5 век и 15 век, на овие простори опстојувала цивилизацијата на племето Сао, која постепено била асимилирана од страна на Канемска империја.[3]

Во текот на 1472 година, за прв пат португалските трговци и морепловци престигнале на бреговите на денешен Камерун. Тие во своите патешествија ја опишале флората и фауната на река Бури, нарекувајќи ја Рио Дос Камароеш. Се смета дека името на денешната земја доаѓа од оваа фраза. Кон почетокот на 1800-тите, народот Фулани успеал да го освои поголемиот дел од денешен северен Камерун. Во следните години, европските трговци успеале да ја наметнат својата моќ на овие простори. Населението, како и кај другите африкански земји, главно било користено за трговија со ровоби, кое главно служело за немените на Јужна Америка. Во текот на 1884 година, Камерун станал колонија на Германската империја, која го дала почетокот на развојот на земјата, подобрувајќи ја инфраструктурата на земјата, но во исто време користејќи го трудот на локалното население.[2]По поразот на Германија во Првата светска војна во 1919 година, Камерун бил разделен помеѓу победителите од војната, Франција и Велика Британија. Франција го продолжил економскиот развој на земјата подобрувајќи ја исто така инфраструктурата на земјата,[2]Слично како и претходните власти, така и француските, локалното население повторно го користеле за своите потреби. Од друга страна пак, Велика Британија својата територија на Камерун ја управувала од денешна Нигерија. Нигериските работници биле испраќани во јужниот дел на Камерун, кое дополнително предизвикувало незадоволство помеѓу локалното население.[2]

Својата независност Камерун ја добил од Франција на 1 јануари 1960 година. Прв претседател на земјата станал Ахмаду Ахиџо. Следната година, на 1 октомври 1961 година, британскиот дел на Камерун исто така добил независност, по кое двата дела формирале Федерална Република Камерун. Ахмаду Ахиџо, кој бил од партијата Камерунски национален сојуз, имал идеја да ги искористи идеите на комунизмот и капитализмот истовремено. Во следните години, земјата доживеала определен економски развој. На 4 ноември 1982 година, за нов претседател на земјата бил избран Пол Бија од Народното демократско движење на Камерун. За разлика од своите претходници, тој се стремил кон подемократско управување. Сепак во негово време, земјата доживеала економски регрес. Во 1990 година, од една група на граѓани била создадена нова република под името Амбазонија. Следувале години на конфликти и анархија.

Географија и клима[уреди]

Политички систем[уреди]

Административна поделба[уреди]

Економија[уреди]

Население, јазик и религија[уреди]

Култура[уреди]

Музика[уреди]

Спорт[уреди]

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Cameroon“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=622&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=86&pr.y=14. конс. 22 април 2009. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 DeLancey, Mark W., and Mark Dike DeLancey (2000): Historical Dictionary of the Republic of Cameroon (3rd ed.). Lanham, Maryland: The Scarecrow Press. 2, 4, 5, 6, 16, 21, 28, 51, 105-6, 125, 131, 161, 184.
  3. S. Decalo, 6