Срце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Срце
Heart rotating.gif
Срцето е сместено во средината на градниот кош, no поголемиот дел од неговата мускулна маса се наоѓа на левата страна.
Heart anterior exterior view.jpg
Анатомска илустрација на човечко срце
Податоци
Систем крвоток
Артерија десна венечна артерија, лева венечна артерија, предна меѓукоморна артерија
Вена горна шуплива вена, долна шуплива вена, десни белодробни вени, леви белодробни вени
Назнаки
Латински cor
Старогрчки кардија (καρδία)
MeSH A07.541
TA A12.1.00.001
FMA FMA:7088
Звукот на нормално срце преку стетоскоп

Проблеми со пуштањето? Помош.

Срце — празен мускулен орган што ја движи крвта во организмот. Срцевиот ѕид е изграден од три слоеви: надворешен (епикард), среден (миокард) и внатрешен (ендокард). Во самото срце постојат крвни садови преку кои се снабдува со хранливи материи и кислород, а ги оддава екскретите и јаглерод диоксидот. Овој систем од крвни садови е познат како срцев крвоток, односно венечен (коронарен) крвоток.

Структура на срцето кај животните[уреди | уреди извор]

Структура на срцето

Градбата на срцето е различна кај повеќето животни. Без‘рбетниците, кои имаат попроста организација на крвоносниот систем, имаат цевчести срца, односно улогата на срце најчесто ја презема одреден крвен сад. Кај прстенестите црви, на пример, улогата на срце ја има преземено дорзалниот (грбен) крвен сад.

Риби (А на сликата)[уреди | уреди извор]

Градбата се разликува дури и во рамките на ‘рбетниците. Така, рибите имаат најпросто изградено срце. Тоа е цевчесто и во форма на буквата Ѕ, а составено е од преден дел со подебели ѕидови - комора, и од заден дел со потенки ѕидови - преткомора. Меѓу овие два дела има отвори заштитени со клапи, кои не дозволуваат крвта да се враќа назад. Карактеристичен белег е што низ срцето на рибите минува само редуцирана крв (венска крв), која потоа оди да се збогати со кислород во жабрите, а оттаму се разнесува до целото тело....

Водоземци (Б на сликата)[уреди | уреди извор]

Срцето на водоземците е составено од комора и две преткомори (лева и десна), одделени од комората со залистоци. Како и кај рибите, и тука постојат артеријален конус (издолжен преден крај на комората) и венски синус (проширено место каде крвта се влева во срцето). За разлика од рибите, кај водоземците преткоморите се сместени напред, пред комората, белег карактеристичен за сите копнени ‘рбетници.

Влекачи (Б на сликата)[уреди | уреди извор]

И кај влекачите срцето има две преткомори и една комора, само што кај повеќето видови во внатрешноста на комората постои непотполна (недовршена) преграда, при што се мешаат делумно редуцираната и оксидираната крв. Исклучок од ова прават крокодилите, каде преградата е потполна и на тој начин срцето е поделено на две комори и две преткомори. Артеријалниот конус исчезнал, додека венскиот е многу мал.

Птици и цицачи (В на сликата)[уреди | уреди извор]

Срцето на птиците и цицачите е наполно поделено на две половини, лева и десна, потполно независни една од друга. Овие две половини напречно се раздвоени на преткомора и комора, така што срцето на овие две групи животни е составено од две преткомори и две комори. Преткоморите комуницираат преку отвори со залистоци со коморите. Низ левата половина од срцето минува артериска (оксидирана) крв, додека низ десната минува венска (редуцирана) крв, при што не доаѓа до мешање на крвта во самото срце.

Делови на човечкото срце

Човек[уреди | уреди извор]

Кај човекот, срцето е сместено во градната празнина, меѓу двете белодробни крила, над дијафрагмата. Има форма на тристрана пирамида, односно круша, со врвот завртена на надолу и налево. Кај возрасен маж има тежина од 280 до 340 g, додека кај жените е нешто полесно и тежи од 230 до 280 g[1]. Срцето лежи во срцевото ќесе - перикард, кое има заштитна функција.

Мускулните ѕидови на преткоморите се потенки од тие на коморите, бидејќи крвта од преткоморите преминува во коморите, каде во движењето на крвта значаен удел зема гравитационата сила. Левата преткомора е одделена од левата комора со дволисни залистоци, додека меѓу десната преткомора и комора има трилисни залистоци.[2] Мускулниот ѕид на левата комора е подебел од оној на десната, бидејќи тука крвта се испумпува со голем притисок во аортата за да се разнесе низ целото тело преку големиот крвоток.

Автоматизам на срцевата работа кај човекот[уреди | уреди извор]

Спроведување на импулс по спроводниот систем на срцето.
Центри за автоматизирана работа на срцето.

Срцето (односно само миокардот) има способност самостојно да се контрахира. Поради ова, во ѕидот на миокардот се наоѓаат два нервни јазли и еден сноп од аксони. Нивната функција е поврзана со создавањето и спроведувањето на нервните импулси за автоматска контракција на срцевиот мускул (миокард). Овие центри за автоматизирана инервација на срцето се:

  • Синусен јазол, односно Кејт - Флаков (Keith - Flack или К - А јазол) — сместен е до утоката на горната празна вена во срцето
  • Ашоф-Тавара јазол, наречен и преткоморнокоморен (Aschoff - Tawara или A - B јазол) — сместен во долниот дел на десната преткомора
  • Хисов сноп, поаѓа од А - В јазолот, минува низ мускулната преграда на коморите и се разгранува две разграноци кои завршуваат со Пуркиниеви нишки во ѕидовите на коморите.

Автоматската работа на срцето е способност тоа да се контрахира под дејството на импулсот што се создава во синусниот јазол, кој поради ова се нарекува уште и предводник на срцевиот ритам. Од честотата на нервните импулси во синусниот јазол зависи фреквенцијата на срцевата работа. Патот на ширењето на нервниот импулс низ срцето и неговата автоматска контракција започнува кога тој се создава со самото навлегување на крвта од горната празна вена во десната преткомора. Притоа, во синусниот јазол се создава нервен импулс кој се шири низ преткоморите до Ашоф - Тавара јазолот. Брзината на движење е околу 1m/s. Ова брзо движење на импулсот овозможува едновремена контракција на двете преткомори. Од Ашоф - Тавара јазолот, нервниот импулс се движи побавно, со брзина од околу 2m/s, со што започнува контракцијата на коморите, а завршува контракцијата на преткоморите. Од Хисовиот сноп, импулсот поминува преку Пуркиниевите нишки кон врвот на срцето. Тука тој се движи најбрзо, со 4m/s, со што мускулатурата на коморите едновремено се контрахира и крвта се испумпува во крвните садови.

Кога низ срцето минува нервниот импулс, срцето е ненадразливо, период означен како рефрактерен.

Срцева револуција[уреди | уреди извор]

Главна статија: Срцева револуција

Срцето работи на принцип на пумпа. Тоа се контрахира и релаксира со цел да ја спроведе крвта до клетките и повторно да си ја врати назад. Во таа циклична активност се разликуваат три фази:

Срцеви залистоци[уреди | уреди извор]

Еднонасочната насока на крвта во срцето е можна благодарение на четирите залистоци кои сихронизирано во различните фази на срцевото отчукување, овозможуваат минување на крвта од еден дел во друг и го спречуваат нејзиното враќање: два залистоци меѓу преткомората и комората, еден десен (трилистен залисток) и друг лев(митрален залисток) и две сигмоидни залистоци, една сместена во десната комора и белодробната артерија, а другата меѓу левата комора и аортата.

Срцето како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Срцето се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Срцето како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

  • „Во срцето студ“ (По срцу зима) - српска народна песна.[3]
  • „Срце на тротоарот“ - книга на македонската писателка Адријана Ананиева.[4]
  • „Грабнато срце“ - песна на францускиот поет Артур Рембо од 1871 година.[5]
  • „Срце“ - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[6]
  • „Срце“ - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[7]
  • „Нашите срца“ (Наша срца) - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[8]
  • „Песни на срцето“ (Песме срца) - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[9]
  • „Човечко срце“ (Ljudsko srce) - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1979 година.[10]
  • „Разговор со срцето“ (Разговор са срцем) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај од 1864 година.[11]
  • „Истрајно срце“ - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1902 година.[12]
  • „Близу до дивото срце“ - роман на бразилската писателка Кларис Лиспектор од 1943 година.[13]
  • „Срцето мое свој пат има“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[14]
  • „Срцево мое два пати има пеено“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[15]
  • „Срцето свој кантар има“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[16]
  • „Срцето еднаш се крши“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[17]

Срцето како тема во популарната музика[уреди | уреди извор]

  • Heart (англиски: „Срце“) - американска рок-група.[18]
  • „Срце од камен“ (Heart of Stone) - песна на британската рок-група „Ролинг стоунс“ (Rolling Stones) од 1965 година.[19]
  • „Исполни го срцето“ (Fill your heart) - песна на британскиот пејач Дејвид Боуви од 1971 година.[20]
  • „Срце од злато“ (Heart of Gold) - песна на американскиот пејач Нил Јанг (Neil Young) од 1972 година.[21]
  • „Срце од стакло“ (Heart of glass) - песна на американската рок-група „Блонди“ од 1978 година.[22]
  • „Срце од пепелник“ (Ashtray Heart) - песна на американската рок-група Captain Beefheart & His Magic Band од 1980 година.[23]
  • „Две срца“ (Two Hearts)“ - песна на американскиот рок-пејач Брус Спрингстин од 1980 година.[24]
  • „Гладно срце“ (Hungry Heart)“ - песна на американскиот рок-пејач Брус Спрингстин од 1980 година.[25]
  • „Согласно моето срце“ (According To My Heart) - песна на австралиската поп-рок група „Рилс“ (The Reels) од 1981 година.[26]
  • „Нечие друго срце“ (Someone Else's Heart) - песна на британската рок-група „Сквиз“ (Squeeze) од 1981 година.[27]
  • „Отвори го срцето“ (Open Your Heart) - песна на британската поп-група „Хјуман Лиг“ (Human League) од 1981 година.[28]
  • „Додека сè уште ми чука срцето“ (While My Heart Is Still Beating) - песна на британската група „Рокси мјузик“ (Roxy Music) од 1982 година.[29]
  • „Бестрашно срце“ (Fearless Heart) - песна на американскиот рок-музичар Стив Ерл (Steve Earle) од 1986 година.[30]
  • „Не ми го крши срцето“ (Don't Break My Heart) - песна на белгиската поп-група „Ваја Кон Диос“ (Vaya Con Dios).[31]
  • Ирско срцебиење“ (Irish Heartbeat) - музички албум на северноирскиот пејач Ван Морисон и групата „Чифтанс“ (The Chieftains) од 1988 година.[32]
  • „Срце“ (Heart) - песна на американската поп-пејачка Нене Чери (Neneh Cherry) од 1989 година.[33]
  • „Во форма на срце“ (In The Shape of a Heart) - песна на американскиот музичар Џексон Браун (Jackson Browne).[34]
  • „Брзинско срце“ (Speed heart) - песна на американската панк-рок група „Бикни Кил“ (Bikini Kill) од 1993 година.[35]
  • Зголемено срце“ (Amplified Heart) - албум на британскиот поп-дует „Евритинг бат д грл“ (Everything But The Girl) од 1994 година.[36]
  • „Срцето останува дете“ (The heart remains a child) - песна на британскиот поп-дует „Евритинг бат д грл“ (Everything But The Girl) од 1996 година.[37]
  • „Фабрика за срца“ (Heart Factory) - песна на американската рок-група „Слитер Кини“ (Sleater Kinney) од 1997 година.[38]

Срцето како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kumar, Abbas, Fausto: Robbins and Cotran Pathologic Basis of Disease, 7th Ed. p. 556
  2. "Heart", MedicaLook. Medicalook.com
  3. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 61.
  4. „Читај, патувај, уживај – Саем на книга 2016 – програма на активности“, Антолог, 2016.
  5. Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 27.
  6. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 29-30.
  7. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 12-13.
  8. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 30-31.
  9. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 70-71.
  10. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 99.
  11. Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 51-53.
  12. Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 41-43.
  13. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 279-280.
  14. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 38-39.
  15. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 132-134.
  16. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 117-118.
  17. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 86-87.
  18. heart-music.com (посетена на 7.2.2016)
  19. YouTube, Rolling Stones Heart Of Stone (посетена на 19.1.2017)
  20. YouTube, David Bowie Fill Your Heart (пристапено на 4.5.2017)
  21. YouTube, Neil Young - Heart of Gold (посетена на 19.1.2017)
  22. YouTube, Blondie - Heart Of Glass (пристапено на 19.3.2017)
  23. YouTube, Captain Beefheart - Ashtray Heart (посетено на 3.10.2017)
  24. YouTube, Bruce Springsteen - The River [1980 - Full Album (пристапено на 30.10.2017)]
  25. YouTube, Bruce Springsteen - The River [1980 - Full Album (пристапено на 30.10.2017)]
  26. YouTube, The Reels - According To My Heart (1980).flv (пристапено на 28.9.2017)
  27. YouTube, Squeeze - East Side Story (1981) | FULL ALBUM (пристапено на 31.10.2017)
  28. YouTube, The Human League- Dare (Full LP 1080p) 1981 (пристапено на 25.10.2017)
  29. YouTube, Roxy Music - Avalon (1982) (FULL ALBUM) (пристапено на 18.6.2017)
  30. YouTube, Steve Earle | Guitar Town | Full Album | Vinyl Rip (пристапено на 30.10.2017)
  31. YouTube, Vaya Con Dios - Don't Break My Heart (посетена на 19.1.2017)
  32. Van Morrison and The Chieftains, Irish Heartbeat, Polygram Music, 834 496-2.
  33. YouTube, Neneh Cherry - Heart (посетена на 15.11.2016)
  34. YouTube, In The Shape of a Heart (пристапено на 31.10.2017)
  35. YouTube, Bikini Kill - Pussy Whipped - 1993 - (Full Album) (пристапено на 3.7.2017)
  36. YouTube, Everything But the Girl - Amplified Heart (Full Album) (посетена на 19.4.2017)
  37. YouTube, Everything But The Girl - Walking Wounded (Full Album) 1996 (посетена на 19.4.2017)
  38. YouTube, Sleater Kinney - Dig Me Out (HD) (посетена на 12.5.2017)
  39. „Храбро срце“, Антена, број 877, 17.4.2015, стр. 15.
  40. „Храбро срце“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 13.