Клетка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Клетката (латински: cellula) е основна структурна и функционална единица на сите живи организми. Таа е најмал жив биолошки систем. Прв терминот клетка го употребил англискиот научник Роберт Хук. Сите организми се изградени од клетки, и тоа едноклеточните од една, а многуклеточните од повеќе клетки кои се наоѓаат во тесна, заемна зависност. Бидејќи го содржат целокупниот наследен материјал, клетките се способни за саморепродукција (делба на клетките).

Хемиски состав на клетката[уреди]

Сите клетки се изградени од хемиски елементи кои се среќаваат и во неживата природа, а во тоа се согледува единството на живата и неживата материја. Од над 100 познати хемиски елементи, околу 60 влегуваат во составот на клетките. При тоа, овие елементи количински не се застапени еднакво, па се разликуваат:


а процентната застапеност на некои од нив во клетките од човековиот организам е следнава:


Елемент Процент (%) Елемент Процент (%) Елемент Процент (%)
Водород 9, 5 Сулфур 0, 3 Железо Во траги
Јаглерод 18, 5 Калциум 1, 5 Натриум 0, 2
Азот 3, 3 Магнезиум 0, 1 Калиум 0, 4
Кислород 65, 0 Манган Во траги Јод Во траги
Фосфор 1, 0 Цинк Во траги Хлор 0, 2


Биолошкото значење на овие хемиски елементи е големо, независно од нивната процентна застапеност. Недостигот на кој и да е елемент предизвикува нарушување во нормалното функционирање на клетките и на организмот. Во составот на клетките, хемиските елементи се јавуваат во форма на соединенија - органски и неоргански.

Форма и големина на клетка[уреди]

Иако основната градба на сите клетки во организмите е иста, сепак, во зависност од местото и функцијата клетките можат да се разликуваат по својата големина и облик По големина клетките можат да бидат многу мали (од 7м, како што се црвените крвни зрнца), па се до 200м или повеќе, како што се мускулните клетки. Клетката на бактеријата што се наоѓа во киселото млеко е долга неколку микрометри, јајце - клетките од жабата имаат дијаметар од околу 1 милиметар. По својот облик клетките исто така можат да бидат топчести, плочести, коцкасти, вретеновидни или пак разгранети. На пример: нервните клетки со своите долги продолжетоци многу се разликуваат од мускулните клетки или од проѕирните клетки во очната леќа. Некои клетки на површината имат ситни, влакнести придвижувачи наречени трепки, кои со трепкањето предизвикуваат движење околу клетката. Други клетки имаат камшиковиден продолжеток кој излегува од клетката и е наречен камшиче.

Неоргански соединенија[уреди]

Од неорганските соединенија најзастапена е водата, која е неопходна за животот. Таа во просек, во клетките е застапена со околу 80%, но некои клетки содржат повеќе (ембрионални клетки до 95%), а некои помалку (остеоцитите до 20%) вода. Водата за клетката е значајна од неколку причини:



Други неоргански соединенија во клетката се минералните соли. Тие најчесто се јавуваат растворени, дисоцирани на јони, и тоа:


катјони Анјони
Na+ (Натриум) Cl- (хлорид)
K+ (Калиум) SO2-4 (сулфат)
Ca 2+ (Калциум) HCO-3
Mg2+ (Магнезиум) PO3-4 (фосфат)


Јоните имаат важни функции во клетката. Тие учествуваат во одржувањето на осмотската хомеостаза меѓу клетката и нејзината околина, одговорни се за ацидобазичната хомеостаза на клетката, а исто така ја регулираат и активноста на некои ензими.

Органски соединенија[уреди]

Во клетките се јавуваат четири типа органски соединенија: јаглехидрати, липиди, протеини и нуклеински киселини.


  • Липидите (или масните материи) се група органски соединенија за кои е карактеристично што се нерастворливи во вода, а се раствораат во органски растворувачи (етер, ацетон, бензин и др.). Липидите се главен извор на енергија и затоа во клетките најчесто се јавуваат како резервни материи. По потреба, особено при подолгото гладување, тие се разложуваат до CO2 и H2O, ослободувајќи притоа големо количество енергија. Освен енергетска, овие соединенија имаат и структурна и заштитна функција, бидејќи учествуваат во изградбата на клеточната мембрана и другите мембрански системи во клетката.

Попознати липиди во составот на клетката се неутралните масти и липоидите.


  • Протеините (или белковините) имаат огромно биолошко значење, како за клетката, така и за организмот. По водата, количински се најзастапени во клетката. Од нив зависат основните особини на клетката (метаболизам и градба). Тие имаат разнородни функции во клетката:

  • Нуклеинските киселини се соединенија со големо биолошко значење, бидејќи го изградуваат наследниот материјал и имаат централна улога во синтезата на протеините, а преку нив ги определуваат главните особини и карактеристики на клетката. Има два типа нуклеински киселини: ДНК (деоксирибонуклеинска киселина) и РНК (рибонуклеинска киселина).

Видови клетки[уреди]

Клетките се делат според најразлични критериуми, но основната поделба е на прокариотски и еукариотски клетки. Според местоположбата и функцијата во организмот, има епителна, нервна, мускулна, полова клетка (јајце клетка и сперматозоид) итн. Клетките можат да бидат правоаголни,кружна неправилна форма, разгранети и др.

Градба на клетките[уреди]

Речиси сите клетки имаат јадро. Тоа контролира сè што се случува во клетката. Содржината на клетката (освен јадрото) се вика цитоплазма. Таа содржи и неколку други посебни органели. Клеточната мембрана е тенок слој кој ја издвојува клетката од меѓуклеточниот простор (но, пропушта течности и гасови).

Животинските клетки содржат зрнца од гликоген кои имаат улога на резервоар. Тие имаат понеправилен облик од растителните клетки.

Само растителните клетки имаат клеточен ѕид. Тој е многу поголем од клеточна мембрана и го одржува постојаниот облик на клетката. Во растителните клетки наоѓамe хлоропласти. Тие учествуваат во процесот за создавање храна со помош на сончева светлина и на листовите им даваат залена боја. Растителните клетки содржат зрнца од скроб како хранлив резервоар. Многу клетки имаат простори исполнети со течност кои се викаат вакуоли. Во растителните клетки, тие се големи и помагаат да се одржува обликот на самите клетки.

Разлики во градбата на растителната и животинската клетка
Градбени делови Растителни клетки Животински клетки
Клеточна
мембрана
да да
Јадро да да
Хромозоми многу многу
Ендоплазматичен
ретикулум
да да
Рибозоми да да
Комплекс
на Голџи
да да
Вакуоли да да
Централна
вакуола
да не
Лизозоми ретко да
Митохондрии да да
Хлоропласти да не
Клеточен ѕид да не
Гликокаликс не да
Пероксизоми да да
Центриоли не да
Цитоскелет да да
Трепки
(cilia)
не понекогаш
Камшичиња
(флагелуми)
не понекогаш

-Однадвор клетката е обвиткана со клеточна мембрана. Ваквата мембрана е составена од два слоја на масти во кои се вметнати различни белковини и мало количество на шеќери. Клеточната мембрана е многу важна, бидејќи таа одредува што може да влезе, а што да излезе од клетката.

- Цитоплазмата е полутечна маса со зрнеста структура, изградена од вода иминерални соли, неоргански и органски материи: шеќери, масти и белковини. Зрнестатаструктура на цитоплазмата ја сочинуваат посебни делчиња органели во кои се вршатживотните процеси. Познати органели се:

- Јадрото е органела која ја има во секоја клетка. Јадрото е обвиткано со јадренаобвивка со пори. Во јадрото се сместени хромозомите и гените кои ја носат генетскатаинформација (наследувањето). Во гените се сместени и контролните механизми за управување со различните животни процеси кои се одвиваат во клетката.

- Вакуоли претставуваат мали торбички што служат за складирање на резервни материи како вода, масти кај масните клетки и други органски материи. Вакуолите, воедно, служат и за исфрлање на непотребните материи од клетката, а тоа е застапено кај едноклеточните организми.

- Гликоген е сложен шеќер кој се складира како резервен шеќер во цитоплазмата на клетката. Кај растителната клетка шеќерот во цитоплазмата се наоѓа во вид на скробни зрнца, додека кај животинската клетка во вид на сложен шеќер - гликоген.

Делба на клетка[уреди]

Развитокот, растењето,заздравувањето на повредите и зголемувањето на телесната тежина на еден организам се објаснува со зголемување на бројот на клетките. За таа цел клетките се размножуваат т.е. се делат. Пред да почнат да се делат клетките, зрнестата хромозомска материја на јадрото се згуснува и формира хромозоми. Тие надолжно се делат, се закачуваат на делбеното вретено и се упатуваат на спротивните страни на клетката, од кои се формираат две нови јадра. Потоа се дели и цитоплазмата и се добиваат две нови клетки со ист број на хромозоми како мајката-клетка. Процесот е познат како митоза. Со митоза се делат сите клетки во организмот освен половите. При делба на половите клетки не се добиваат две туку четири нови клетки кои имаат половина број од хромозомите. Оваа делба е наречена мејоза.

Поврзани изданија[уреди]