Хомеостаза

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хомеостаза претставува состојба на одржување на постојана внатрешна рамнотежа на организмот при најразлични надворешни промени. Регулирањето на хомеостаза се одвива преку механизмот наречен „feedback” т.е. повратна врска. Постојат два мехнизма на повратна врска и тоа позитивна и негативна повратна врска.

Позитивна повратна врска[уреди]

Позитивна повратна врска (англиски: positive feedback) е механизам со кој се регулира хомеостазата. Тој функионира на тој начин што при зголемување на присуство на одредена материја, се оди во насока на зголемување на количеството и на друга материја. Типичен пример за позитивна повратна врска е процесот на коагулација на крвта.

Негативна повратна врска[уреди]

Негативна повратна врска (англиски: negative feedback) е механизам за регулација на хомеостазата. Овој механизам функционира на тој начин што зголемување на количеството на некој хормон во крвта, влијае врз одредена жлезда од која се лачи за да се намали неговото лачење или во спротивен случај намалено количество на некој хормон во крвта, доведува до зголемено лачење на истиот.