Прејди на содржината

Клеточна мембрана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Структура на клеточна мембрана: Се забележува бимолекуларниот липиден слој и белковините (обоени црвено)

Клеточната мембрана или плазмалема ги обвива клетките и ги одделува од околната средина. Таа е многу тенка и се забележува само под микроскоп. На електронски микроскоп клеточната мембрана покажува трислојна градба, бидејќи е изградена од два темни и средиштен светол слој, односно претставува липобелковинска структура. Многубројните испитувања покажуваат дека липидите (поточно фосфолипидите) во плазмалемата се распоредени во бимолекуларен слој, а белковините се вметнати на различни места во бимолекуларниот слој. Најсоодветна претстава за молекуларно-структурната организација на плазмалемата дава течно-мозаичниот модел. Според овој модел, масата или матрицата на клеточната мембрана ја дава токму бимолекуларниот липиден слој, а белковините не се наоѓаат само на површината, туку и навлегуваат во слојот.

Бидејќи плазмалемата ја одделува клетката од нејзината околина, преку неа се одвиваат сите размени на материи и информации меѓу клетката и околината. За разлика од вештачките мембрани, оваа е полупропуслива (семипермеабилна). Зависно од потребата на клетката, таа е пропуслива за едни материи, а истовремено непропуслива за други. Оваа особина на мембраната и овозможува на клетката да врши селекција на материи кои ќе бидат внесени во неа.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Преносот на материите низ клеточната мембрана се одвива на следниве начини: