Автофагија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
A. Дијаграм на автофагија. B. Електронска микрографија на автофагни структури во масно тело на ларва на винска мушичка. C. Флуоресцентно означени автофагозоми во хепатоцити на изгладнет глушец.

Автофагија или автофагоцитоза – природен регулиран деструктивен механизам во текот на кој се разградуваат непотребните или нефункционални ќелиски компоненти[1]. Така автофагијата овозможува правовремено разградување и рециклирање на ќелиските компоненти. [2][3]

Во макроавтофагијата, целните цитоплазматски конституенти се изолирани од остатокот на ќелијава во двомембранска везикула, која се нарекува автофагоза.[4][5]

Името автофагија го сковал белгискиот биохемичар Кристијан де Див во 1963 година. За истражувања на автофагијата јапонскиот научник Јошинори Осуми ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Klionsky, DJ. (2008). Autophagy revisited: A conversation with Christian de Duve. Autophagy, 4 (6): 740–3.
  2. Mizushima, N; Komatsu, M. 2011. Autophagy: renovation of cells and tissues. Cell, 147 (4): 728–41.
  3. Kobayashi, S.. Choose Delicately and Reuse Adequately: The Newly Revealed Process of Autophagy. „Biological & Pharmaceutical Bulletin“ том  38 (8): 1098-103. 
  4. Mizushima, N; Yoshimori, T; Ohsumi, Y. 2011. The Role of Atg Proteins in Autophagosome Formation. Annual Review of Cell and Developmental Biology, 27 (1): 107–132.
  5. Xie, Z; Klionsky, DJ. 2007. Autophagosome formation: core machinery and adaptations. Nature cell biology, 9 (10): 1102–9.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]