Леукопласт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вид на леукопласти - амилопласти во корен на компир

Леукопластите (од грчки leukos - бел) се пластиди кои не содржат пигменти, односно тие се безбојни. Според димензиите, тие се најмалите пластиди, а по форма најчесто се округли, односно леќовидни, поретко се издолжени вретеновидни или јајцевидни, додека во состојба на активно движење можат да бидат амебовидни.

Во својата онтогенеза, леукопластите се во директна врска со пропластидите. Така, како и пропластидите, и леукопластите имаат малку мембрански структури, меѓутоа можат да образуваат добро организиран ламеларен систем под дејство на светлината и на тој начин да се трансформираат во хлоропласти.

Во зависност од местото и функцијата, има два вида на леукопласти:

Првиот вид на леукопласти претставуваат мали округли безбојни структури кои се наоѓаат во цитоплазмата, околу јадрото на епидермалните клетки на листот кај одредени растенија, како традесканција, орхидеја итн. За овој вид на леукопласти е карактеристично што и покрај тоа што се изложени на светлина, не се трансформираат ниту во хлоропласти, ниту во каротеноидопласти. Во нив не доаѓа ни до натрупување на резервни материи. Значењето на овие леукопласти не е доволно разјаснето. Но, некои научници мислат дека тие се недоразвиени или дегенерирани хлоропласти, без способност да синтетизираат хлорофилни пигменти.

Вториот вид на леукопласти се наоѓаат во клетки од ткива и органи до кои не допира светлина, како на пример во внатрешноста на стеблото, во коренот, во плодот итн. Овие леукопласти се поврзани со секундарната синтеза на органски материи и нивно складирање во клетката како резервни материи.

Во зависност од тоа што складираат леукопластите од вториот вид, разликуваме три подвидови:

Надворешни врски[уреди | уреди извор]