Прејди на содржината

Онтогенеза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Почетните фази на човечката ембриогенеза
Почетните фази на човечката ембриогенеза

Онтогенеза — поединечниот развиток на една единка и ги опфаќа фазите од развитокот на еден организам. Тоа е систематска низа на прогресивни преобразби на оплодената јајце-клетка или друг зачеток во нова, возрасна единка, кои го зголемуваат степенот на сложеност на организмот.

Гаметогенеза

[уреди | уреди извор]

Гаметогенезата е првата фаза од онтогенезата и опфаќа низа на базични процеси што го почнуваат развитокот на новата единка. Гаметогенезата се одвива пред оплодувањето и вклучуваат сперматогенеза (развиток на сперматозоидите) и оогенеза (развиток на јајце-клетките).

Оплодување

[уреди | уреди извор]

Ова е втора фаза од онтогенезата. Во неа се опфатени повеќе физиолошки процеси кои доведуваат до активирање на јајце-клетката со сперматозоидот.

Кај некои попросто организирани животни и кај повеќето растенија отсуствува оплодувањето, бидејќи тие се размножуваат бесполово. Сите наредни фази од онтогенезата (вклучувајќи го и оплодувањето) отсуствуваат при бесполовото размножување на организмите.

Браздење (бластулација)

[уреди | уреди извор]

Третата фаза се нарекува браздење (односно бластулација). При оваа фаза, зиготот се дели со брзи митотички делби, а секоја нова клетка добива своја форма и место во масата на нови клетки. Масата на нови клетки минува низ две форми на развиток, и тоа морула (во вид на црница) и бластула.

Четвртата фаза од поединечниот развиток е гаструлацијата. Таа претставува движење на клетките со цел да се образува формата на развиток наречена гаструла. Најважни промени на ембрионот при гаструлацијата се:

Трансформацијата на ткивата - метаморфоза, се случува само кај некои видови на животни, кај кои младото се раѓа од јајце и има специјални органи кои ги нема возрасниот организам. Кај овие животни, метаморфозата е петта задолжителна фаза од онтогенезата.

Кај некои видови и кај возрасните животни, изгубените делови на телото можат да се регенерираат, односно процесите на развитокот се повторуваат и кај возрасните.

Заздравувањето на оштетените ткива е карактеристично и за највисоко организираните животни, па дури и за човекот (епидермис, скршени коски итн.).

Сите промени на возрасниот организам, меѓу кои се и стареењето и смртта, го завршуваат онтогенетскиот развиток на еден организам.