Систем

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Систем (од латински systēma, земено од грчки σύστημα systēma) е збир или композиција од меѓусебно поврзани елементи (објекти, ентитети) што создаваат единствено цело. Објектите може да се со произволна природа, кои можат да влијаат едни на други, а нивните интеракции не се независни. Притоа се создава целина чии својства битно се разликуваат од својствата на конститутивните елементи. Секој систем во принцип може да има голем број на состојби. Некои од тие состојби се почести од другите. Системот кој има само една состојба (чија вредност е 1) е потполно одреден. Во таа смисла со две или повеќе состојби е неодреден.

Неодреденост на системите[уреди]

Неодреденоста на системите е толку поголема колку што е поголем бројот на неговите состојби. Степенот на неодреденост се одредува со помош на мерката наречена ентропија. Притоа се среќаваат неколку видови ентропии:

  • Хартлиева ентропија (So) — е мерка за неодреденост на системот. Колку е поголем бројот на можни состојби (односно колку веројатноста на реализација на произволната состојба е помала) толку ентропијата на системот е поголема и обратно.
  • Шенонова ентропија — ја карактеризира веројатноста на реализација на произволна состојба на некој систем во кој сите состојби немаат подеднаква веројатност да бидат реализирани. Гледано генерално, ентропијата (неодреденоста) на системот зависи од:
  1. Бројот на можни состојби и
  2. Распределба на веројатностите на тие состојби.

Организираност на системите[уреди]

За системите е карактеристично тоа што во однос на надворешната околина тие мора да поседуваат извесен степен на организираност. Поимот организираност е доста тешко да се дефинира, меѓутоа е јасно дека организираните системи се доста далеку од термодинамичката рамнотежа. Може да се смета, на пример, дека гасот што се состои од молекули (како компоненти на системот) во хаотично движење има нулта организираност, а организмите способни за одржување на своето постоење и размножување поседуваат висок степен на организираност. Сите организирани системи не се кибернетски, иако сите кибернетски системи имаат одреден степен на организираност.