Манган

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Манганот во периодниот систем.

Манганот е хемиски елемент во периодниот систем кој има симбол Mn и атомски број 25.

Поважни карактеристики[уреди]

Манган.

Манганот е сивобел метал, сличен на железото. Тој е цврст метал и е многу кршлив. Лесно оксидира. Мангановиот метал е феромагнетик само по посебна подготовка.

Најчестите оксидациони броеви на манганот се +2, +3, +4, +6 и +7. Mn2+ често е во "натпревар" со Mg2+ во биолошките системи. Мангановите соединенија каде манганот е со оксидационен број +7 се моќни оксидирачки средства.

Примена[уреди]

Манганит, оксид на манганот.

Манганот е есенцијален при производството на железо и челик поради неговите сулфуросврзувачки, деоксидациски и легурни својства. Производството на челик, вклучувајќи ја неговата железосоздавачка компонента, бара многу манган, отприлика околу 85% до 90% од вкупната побарувачка. Покрај многуте други употреби, манганот е клучна состојка на евтиниот бездамкин челик и некои нашироко употребувани алуминиумски легури. Тој исто така се додава на нафтата за да го редуцира тропањето на моторот. Манган(IV) оксид (манган диоксид, MnO2) се користи во оригиналниот вид на суви ќелиски батерии. Манган диоксидот исто така се корити и како катализатор.

Манганот се употребува за обезбојување на стаклото (ја отстранува зеленкастата боја која ја дава присуството на железо) и, во поголеми концентрации, прави виолетово обоени стакла. Манган оксидот е кафеав пигмент кој може да се користи за правење на боја и е состојка на природната смеѓа боја. Калиум перманганатот е потенцијален оксидатор кој се употребува во хемијата и во медицината како дезинфикатор. Мангановото фосфатирање се користи при спречувањето на корозијата на челикот. Тој често се користи и во монетите.

Биолошка улога[уреди]

Манганот е есенцијален нутруент во траги кај сите форми на живот.

Класите на ензими кои имаат мангански кофактори се многу чести, како што се оксидоредуктазите, трансферазите, хидролазите, лијазите, изомеразите, лигазите, лектините и интегрините. Најпознатите полипептиди кои содржат манган се аргиназа, дизмутаза супероксид (која содржи манган) и токсинот на дифтерија.

Наоѓање[уреди]

Манганска руда.

Манганот се наоѓа главно како пиролузит (MnO2) и во помала мерка како родохрозит (MnCO3). Копнените ресурси се големи, но не се дистрибуираат регуларно. Преку 80% од светските ресурси на манган се во Јужна Африка и Украина. Други важни мангански депозити се наоѓаат во Кина, Австралија, Бразил, Буркина Фасо, Габон, Индија и Мексико.

Големи количини на манган се наоѓаат во манганските израстоци на океанското дно. Обидите за изнаоѓање на економски најизводливи методи за собирање на манганот од океанските израстоци беа напуштени во 1970-сеттите.

Соединенија[уреди]

Калиум перманганатот е најчесто користен лабораториски реагенс поради неговите оксидациони својства и наоѓа примена при лекувањето на болестите кај рибите.

Манган(IV) оксидот се користи во сувите ќелии и може да се употребува за обезбојување на стаклото кое е загадено од железни траги. Мангановите соединенија можат да го обојат стаклото во боја која ја има аметистот и се одговорни за бојата на вистинскиот аметист. Манган диоксидот се користи исто така и при производството на кислород и хлор, како и во сушењето на црни бои.

Најстабилниот оксидационен број на манганот е +2, а многу мангански соединенија се познати каде манганот го има тој оксидационен број. На пример, такви се соединенијата манган(II) сулфат (MnSO4) и манган(II) хлорид (MnCl2). Оксидациониот број +3 е застапен во соединенијата како манган(III) ацетат, но тие се моќни редукциони средства.