Неутрон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во физиката, неутронот е субатомска честичка без електричен полнеж и маса од 939.6 MeV/c² (1.6749 × 10-27 kg, малку повеќе од протонот). Неговиот спин е ½.

Јадрото на повеќе атоми (сите освен од најчестиот изотоп на водород, кој се состои само од еден протон) се состојат од протони и неутрони.

Надвор од јадрото, неутроните се нестабилни и имаат животен век од 886 секунди (околу 15 минути) и се распаѓаат со емитување електрон и антинеутрино кој потоа станува протон. Неутроните во оваа нестабилна форма се познати како слободни неутрони.