Прејди на содржината

Изотоп

Од Википедија — слободната енциклопедија

Изотопи се облици на хемиски елемент чии атоми имаат ист атомски број, но различни атомски маси.Терминот изотоп потекнува од грчките зборови - изо (ἴσος "рамноправни") и топос (τόπος "место"), што значи "исто место"; Така, значењето на името изотоп е дека различни изотопи на еден елемент имаат  иста позиција во периодниот систем. Бројот на протони во атомското јадро се нарекува атомски број и е еднаков на бројот на електрони во неутралниот (не-јонизиран) атом. Секоj атомски број идентификува специфичен елемент, но не изотопот; атомите на дадени елемент може да имаaт широк спектар во својот број на неутрони. Бројот на нуклеони (протони и неутрони) во јадрото е атомската маса на атомот, и секој изотоп има различна атомска маса.

На пример, јаглерод-12, јаглерод-13 и на јаглерод-14 се три изотопи на елементот јаглерод со атомски маси 12, 13 и 14. Атомскиoт број на јаглеродot е 6, што значи дека секој јаглероден атом има 6 протони, така што бројот на неутрони од овие изотопи се 6, 7 и 8, соодветно. A.