Радиоактивност

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Радиоактивен распад)
Radioactive.svg

Радиоактивност (латински: radium, activitas - дејност) е хемиско радиоактивно распаѓање, спонтано претворање на едни хемиски елементи, односно нуклеарни видови, во други, проследено со емисија на јонизирани атоми на хелиум, електрони и електромагнетно зрачење (алфа, бета и гама-зраци).

Гама-зраци (ϒ)[уреди | уреди извор]

Гама-зраците се елктромагнетни бранови , слични на рендгенските или (X) зраци. Тие имаат сосема друга природа од алфа и бета-зраците.Не носат полнеж и се движат со брзина на светлината.Ефектот на јонизацијата е многу слаб бидејќи тие се елктромагнетни бранови но затоа пак се многу продорни.Тие можат да поминат низ човечкото тело а скоро сосема да апсорбираат со бетонски слој од оклолу еден метар .Бетонската заштита се користи кај нуклеарните централи.Може да се каже дека гама-зраците никогаш целосно не можат да апсорбираат.Можат да се преполоват на пример со оловна плоча од дваесетина милиметри и со тоа да се намали нивното штетно дејство.Бидејќки се ненаелектризирани тие не скршнуваат ниту во електрични ниту во магнетни полињна.Гама-зраците секогаш се придружно зрачење на алфа и бета радиоактивноста.

Бета-радиоактивност (β)[уреди | уреди извор]

Кај бета-радиоактивноста доаѓа до откинување на еден електрон од атомското јадро.Се покажало дека неутроните ,всушност можат да се распаднат на еден протон и еден електрон и една мала честица со занемарливо мала маса што се нарекува антинеутрино.Тоа значи дека при бета-распадот доаѓа до одделување на еден електрон од јадрото тогаш во јадрото ќе се појави вишок од еден протон за сметка на распадниот неутрон.Бидејќи бројот на протоните е оној што го определува хемискиот елемет тогаш неговиот хемиски елемент е со еден протон повеќе од појдовниот па ќе се наоѓа за едно место понапред во периодниот систем.На пример при бета-распадот на алуминиумот -28 се издвојува еден електрон и се добива јадро од сицилиум -28. Од реакцијата може да се забележи дека вкупниот број нуклеони пред и по распадот како и вкупниот полнеж пред и по распадот на јадрото останува непроменет (13е=14е-1е).Електронот при бета-распадот го напушта атомот со голема брзина околу 9/10 од брзината на светлината во форма на бета-радиоактивна честица. Јонизирачката способност на бета-честичките не е толку голема како кај алфа-честичките но сепак нивната продорност е далеку поголема бидејќи тие се многу помали.Алуминиумската плоча со дебелина од неколку милиметри би била сосема доволна заштита од бета-радиоактивните материјали.Бидејќи се работи за лесните електрони,тогаш и скршнувањата во елктричните и магнетните полињна се големи.

Радиоактивноста како мотив во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Кинеско зрачење“ (англиски: Chinese Radiation) - песна на американската рок-група Pere Ubu од 1978 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]