Марија Кири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марија Кири
Marie Curie c1920.jpg
Марија Склодовска Кири, 1920
Роден7 ноември 1867(1867-11-07)
Варшава, Конгресна Полска, тогаш дел од Руската Империја
Починал4 јули 1934(1934-07-04) (возр. 66)
Паси, Франција
ДржавјанствоПолска Полјачка (од раѓање)
Франција Французинка (од брак)
ПолињаФизика, хемија
УстановиПариски универзитет
ОбразованиеПариски универзитет
ESPCI
Докторски менторГабриел Липман
ДокторандиАндре-Луј Дебиерн
Оскар Морено
Маргерит Переј
Познат по
Поважни награди
СопружникПјер Кири (1859–1906) венчани 1895
ДецаИрен Кири (1897–1956)
Ева Кири (1904–2007)
Потпис
Белешки
Таа е единствената личност која освоила Нобелова награда за две различни науки.

Марија Саломеа Склодовска – Кири (полски и француски: Marie Salomea Skłodowska Curie; 7 ноември 1867 - 4 јули 1934) — полско-француски физичар и хемичар. Таа е пионер во областа на радиоактивноста, а подоцна станува првиот двократен добитник на Нобеловата награда (единствена жена) и единствениот добитник на Нобеловата награда во две различни области на науката – физика и хемија. Таа, исто така, е првата жена што била поканета да предава на Универзитетот Сорбона во Париз. Родена е во Варшава, но во 1891, на возраст од 24 години, се преселува во Франција да студира природни науки во Париз. Таму ги добива сите свои универзитетски дипломи и ја развива својата научна кариера, со што станува натурализиран граѓанин на Франција. Основач е на институтите „Кири“ во Париз и во Варшава.

Животопис[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Родена во Варшава, Полска, во тоа време под власт на Руското Царство, нејзиното детство било тажно, обележано со смртта на нејзината сестра (починала од тифус), а по четири години и на нејзината мајка. Било забележано дека има неверојатно помнење и способност за исцрпувачка работа, занемарувајќи ги дури и храната и спиењето за време на учењето. После матурирањето на само петнаесетгодишна возраст, била потполно исцрпена и била испратена на село за да закрепне. Поради тоа што била женско, како и поради руските (анти-полски) репресии по Јануарското Востание од 1863 година, не и било дозволено да се запише на ниту еден универзитет, така што неколку години била принудена да работи како гувернанта и да го посетува нелегалниот т.н. „Летечки Универзитет“.

Новиот живот во Париз[уреди | уреди извор]

Конечно, со финансиска помош од нејзината постара сестра Брониа, се преселила во Париз. Посетувала приватен женски колеџ, а потоа студирала физика и математика на „Сорбона“ и завршила прва во генерацијата, во пролетта 1893 година. Една година подоцна, магистрирала на математика, исто така на „Сорбона“. Под менторство на Анри Бекерел, во 1903 година докторирала на Високата школа за индустриска физика и хемија во Париз, како прва жена – доктор на науки во Франција.

На „Сорбона“ го запознала, а подоцна и се омажила за Пјер Кири. Заедно, ги проучувале радиоактивните материјали, особено минералот уранинит, кој имал необично својство да биде порадиоактивен од ураниумот што се добивал од него. До 1898 година, веќе извлекле логично објаснување: минералот сигурно содржел примеси од некоја непозната радиоактивна супстанца, која што била многу порадиоактивна од ураниумот. Така, на 26 декември, Марија Кири го објавила постоењето на оваа нова супстанца. По неколкугодишна непрекината работа, рафинирале неколку тони од минералот, изолирајќи, на тој начин, радиум хлорид (на 20 април 1902 година), како и два нови хемиски елементи. Првиот го нарекле полониум, во чест на родната земја на Марија, а другиот радиум, поради интензивната радиоактивност.

Заедно со Пјер Кири и Анри Бекерел, ја добила Нобеловата награда за физика во 1903 година, „како признание за исклучителниот придонес во нивното заедничко истражување на феноменот на радиоактивноста откриен од Проф. Анри Бекерел“. Така, таа станала првата жена добитник на Нобеловата награда. Осум години подоцна, ја добила и Нобеловата награда за хемија во 1911 година, „како признание за нејзиниот придонес за напредокот на хемијата со откривањето на елементите радиум и полониум, со изолирањето на радиумот и со проучувањето на својствата и соединенијата на овој значаен хемиски елемент“. Необично, но намерно, Марија Кири не го патентирала процесот на изолирање на радиумот, со цел научните кругови да можат непречено да истражуваат.

Nobel prize medal.svg

Само еден месец по добивањето на Нобеловата награда, била хоспитализирана поради депресија и проблеми со бубрезите. Инаку, во 1910 година, во чест на нејзиниот сопруг, основната единица за мерење на радиоактивноста била наречена Kири.

Во 1921 година, триумфално пречекана, пропатувала низ САД со цел да обезбеди средства за истражување на радиумот. Во подоцнежните години, била длабоко разочарана од мноштвото лекари и производители на козметика кои користеле радиоактивен материјал без посебни мерки на претпазливост.

Откривање на полониум и радиум[уреди | уреди извор]

Во 1896 година Анри Бекерел (1852–1908), француски физичар, започнал да ги истражува солите на ураниум (калиум уранил сулфат K2 [UO2 (SO4) 2] (H2O) 2), кои покажале силна фосфоресценција. На 2 март 1896 година, на состанокот на Академијата на науките, тој објави дека минералот што содржи ураниум испушта ново, непознато зрачење без претходно зрачење.

Во 1897 година, Марија Склодовска-Кири, барајќи тема за својата дисертација со цел да се стекне со докторска диплома, го презеде првото научно истражување со Бекереловите зраци [1]. Истата година, на 12 септември, се родила Ирена,  првата ќерка на Марија и Пјер [2], која подоцна ја добила Нобеловата Награда за Хемија (таа била втората жена наградена со оваа награда во областа на хемијата).

Марија, додека преземала истражување за зрачењето откриено од Бекерел, користела првенствено многу чувствителен електрометар, конструиран од Пјер и неговиот брат Жак Кири, наместо фотографската плоча што ја користел научникот. Благодарение на овој изум, таа откри дека интензитетот на бекерелските зраци зависи од содржината на ураниум во примерокот е пропорционален на него. Ова набљудување ѝ овозможило правилно да заклучи дека тоа е атомското својство на ураниумот. Друго достигнување на Марија беше докажувањето дека освен ураниум, ториумот емитува и зрачење [d]. Тогаш Марија Кири докажала дека емисијата на зрачење на некои минерали што содржат ураниум (пичбленд, халколит или аутунит) е многу посилна отколку што би изгледало од содржината на ураниум во нивниот состав. Пјер Кири се приклучил на истражувањето на Марија и заедно развиле метод на радиоактивни трагачи, благодарение на што ја утврдиле способноста да зрачат нов елемент. Тие со помош на хемиски трансформации изолирале нов, досега непознат хемиски елемент. На 18 јули 1898 година, тие презентираа научна работа во која го известија откривањето на полониум (симбол Po, атомски број 84), елемент наречен по Полска. Сопружниците Кири не мораа да чекаат премногу долго за нивниот следен успех. На 26 декември 1898 година, заедно со Густав Бемонт, тие пријавиле откривање на друг хемиски елемент - радиум (симбол Ра, атомски број 88)[2]. Сопружниците Кири го испитувале зрачењето што го испуштаат радиумот и полониумот, меѓу другото, наведувајќи дека радиоактивните соединенија светат, солите на радиум емитуваат топлина, обојуваат порцелан и стакло, зрачењето поминува низ воздухот и дека кај одредени тела може да го трансформира молекуларниот кислород (О2). во озон (О3).

Пјер Кири ја ставил својата рака, на неколку часовно зрачење со радиум, по што опишал дека се стекнал со рака, која тешко заздравувала. Сопружниците Кири беа наградени со бројни награди за нивните дела, вкл. Планте, Лаказ, Гегнер, Озирис, Дејви Медал. Во 1903 година Марија ги презентирала тезите на нејзината докторска дисертација со наслов „Проучување на радиоактивни тела“ [3]. Во август истата година родила втора ќерка која починала по породувањето [4]. Во 1903 година, Марија и Пјер Кири, заедно со Бекерел, ја добија Нобеловата награда за физика за нивното истражување на феноменот на радиоактивност. На 6 декември 1904 година, Марија ја родила својата трета ќерка, Ева – иден биограф на својата мајка, пијанист и активист за мир.

Смртта на Пјер Кири[уреди | уреди извор]

Во четврток, 19 април 1906 година, Пјер Кири, враќајќи се од состанокот на Здружението на Професори на Егзактни Науки, бил удрен од запрежна кола и загинал на  47 годиншна возраст. Очајната Марија во наредната година водела т.н „Погребен дневник“, во кој ја опишала болката, тагата и празнината што останала по смртта на нејзиниот сакан сопруг, пријател и придружник [30]. Во мај 1906 година, на 38 годишна возраст, Марија од својот сопруг  наследила, место на катедрата по физика. Таа го одржала своето прво предавање на 5 ноември 1906 година. Воедно станала и првата жена професорка на Сорбона во Париз.

Втората Нобелова награда и скандалот со Пол Лангевин[уреди | уреди извор]

По смртта на Пјер, Марија целосно се посветила на работата: добила радиум во метална состојба, развила и усовршила методи за изолирање и добивање на нови супстанции и ја дала дефиницијата за меѓународниот стандарден радиум. Активно учествувала и на меѓународни конференции и состаноци, вкл. на конференцијата Солваја. Заедно со група пријатели, таа создала училиште во кое децата се учат на иновативен начин (во лаборатории, музеи, театри). Во 1911 година, Марија ја поднела својата кандидатура до Француската академија на науките, но не била изгласана. Во овој момент вреди да се нагласи дека Марија беше добитник на Нобеловата награда, трикратен лауреат на Академијата на науките во Париз, таа имаше почесни докторати од универзитети, вклучително и во Единбург, Женева, Манчестер, била член на Академијата на науките во Санкт Петербург, Болоња, Прага, член на Академијата за Учење во Краков. Сепак, победи сексистичкиот однос кон жените и ксенофобичниот однос кон странците[5]. Првата жена беше прифатена од членовите на Академијата на Науките повеќе од половина век подоцна, во 1962 година. Таа беше Маргерит Пери, докторант на Марија Склодовска-Кири. Набргу по неуспехот на Академијата, била откриена романсата на Марија Склодовска-Кири со францускиот физичар Пол Ланжевин, која траела околу една година. Лангевин бил оженет и го напуштил своето семејство [6]. Во очите на печатот, особено таблоидниот печат, Марија Склодовска-Кири беше личност која го растураше семејството Лангевин, покрај тоа, таа беше 4 години постара од Пол, а беше и странец. Мишел Ланжевин, внукот на Пол, се оженил многу години подоцна за Хелен Жолиот, внуката на Марија Склодовска-Кири. И двајцата беа, како нивните родители и баби и дедовци, научници (во нивниот случај, нуклеарни физичари).

Институт за радиум[уреди | уреди извор]

По добивањето на втората Нобелова награда, Марија ја убедила француската влада да одвои средства за изградба на приватен Институт Радиум - Institut du Radium (сега Институт Кири) [2], кој бил изграден во 1914 година и каде се спроведувале истражувања во областса на хемијата, физиката и медицината. Овој институт стана ковачница на нобеловци - од него излегле уште четворица нобеловци, меѓу кои и ќерката на Марија Склодовска-Кири, Ирена, и зетот Фредерик Жолио-Кири.  На  Институтот биле спроведувани  истражувања за радиоактивноста и радиоизотопите.

Смрт[уреди | уреди извор]

Причина за нејзината смрт во 1934 година (во местото Санселемó, на југоистокот на Франција) била апластична анемија (слабокрвност), како последица од прекумерното озрачување во текот на нејзината работа, во период кога за штетните ефекти од зрачењето не се знаело доволно. Имено, честопати, по џебовите носела стаклени садови полни со радиоактивни изотопи, а знаела да зборува и за „прекрасната синозелена светлина што ја оддавале металите во мрак“.

По смртта била погребана во истите гробишта во кои почивал и Пјер Кири, но во април 1995 година, во чест на големите достигнувања, посмртните останки им биле пренесени во Пантеон во Париз, помеѓу најславните личности од француската историја. И, повторно, Марија Кири е првата жена погребана во Пантеон, во знак на признание за нејзиното дело.

Ќерката на Пјер и Марија Кири, Ирена Жолио - Кири, и зетот Фредерик Жолио – Кири биле, исто така, физичари кои се занимавале со изучување на радиоактивноста и станале добитници на Нобеловата награда за хемија во 1935 година. Помладата ќерка, Ева, ја напишала и објавила биографијата на својата мајка, под наслов „Мадам Кири“.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Марија Склодовска-Кири во 1909 година, како и нејзиниот сопруг претходно, одбила да го прифати францускиот Витешки Крст од Орденот на Легијата на Честа [46], но во 1919 година го прифатила шпанскиот Голем крст на Граѓанскиот ред на Алфонс XII [7][8]. На 11 ноември 2018 година, постхумно е одликувана со Орден на Белиот орел[9]].

Таа исто така бела наградена со почесни докторати од:

Политехничкиот Национален Универзитет во Лавов - 1912 година,

Универзитет во Познан - 1922 година,

Јагелонскиот Универзитет - 1924 година,

Политехничкиот Универзитет во Варшава - 1926 година.

Во февруари 1924 година, со едногласна одлука на градскиот совет на Варшава, и беше доделена титулата, почесен граѓанин на Варшава [51]. Во мај 1928 година исто така стана почесен граѓанин на шкотскиот град Глазгов[10]

Мемоари[уреди | уреди извор]

Филмови[уреди | уреди извор]

Досега се снимени неколку биографски филмови за Марија Склодовска-Кири: 

·        Кири-Склодовска (Мадам Кири) - американски филм од 1943 година во режија на Мервин Лерој. Улогата на Марија Склодовска ја играше Грир Гарсон [53]. Филмот е базирана на книгата  на Ева Кири  „Марија Кири“.

·        Марија Склодовска-Кири, поднаслов  - Во векот на големиот научник - биографски филм во режија на Станислав Грабовски во 1967 година. Создаден е во врска со стогодишнината од раѓањето на Марија Кири на 7 ноември 1967 година [11][12]

·        Марија Кири - ТВ минисерија во режија на Џон Гленистер во 1977 година. Улогата на Марија Кири ја играше Џејн Лапотер [13]

·        Марија Кири - биографска телевизиска минисерија од 1990 година во режија на Мишел Боастронд. Улогата на Марија Кири ја играше Мари-Кристин Баро [14].

·        Марија - биографски филм во режија на Кшиштоф Шмагиер од 1998 година. Создаден е на иницијатива на Комитетот за 100-годишнината од откривањето на Полон и Радиум [15].

·        Палмите на г-дин Шуц - француски биографски филм од 1997 година, во режија на Клод Пиното со Изабел Ипер како Марија Склодовска-Кири.

·        Марија Склодовска-Кири - биографски филм во режија на Бохдан Рачковски од 2004 година [15].

·        Марија - документарен филм во режија на Алича Албрехт од 2011 година [15]. Во улогата на Марија Склодовска-Кири, се појавува Јоана Шчепковска. Филмот содржи сеќавања на внуката на научникот - Хелена Ланжевин-Жолиот, изјави на нејзините полски и француски биографи, фотографии и кратки архивски филмски фрагменти. Значаен дел од нив се романтични сцени, илустрирани со писма и сеќавања на научникот.

·        По стапките на Марија Склодовска-Кири - документарно-фикционализиран филм во режија на Кшиштоф Рогулски од 2011 година[8]. Во улогата на Марија Склодовска-Кири Елизабет Дуда. Филмот покажува, меѓу другото интервјуа со внуката на Марија Склодовска-Кири, проф. Хелен Ланжевин-Жолио и првиота француска астронаутка, Клоди Хајнер.

·        Марија Склодовска-Кири (fr. Marie Curie) - биографски фантастичен филм во режија на Marie Noëlle од 2016 година, направен во француско-германско-полско-белгиска копродукција. Каролина Грушка ја игра улогата на Марија Склодовска-Кири.

·        Склодовска (Радиоактивен) - биографски фиктивен филм во режија на Марјане Сатрапи од 2019 година. Во улогата на Марија Склодовска-Кири, игра Розамунд Пајк

Театарската уметност[уреди | уреди извор]

·        Зрачење - дело на Казимиерз Браун [16]

·        Зрачење - страст на Марија Кири - дело на американскиот актер и режисер Алан Алда [17]

·        Бланш и Мари - драма напишана од Сезари Ибер

·        Мадам Кири - операта на Елжбиета Сикора во либрето на Агата Миклашевска, премиера на 15 ноември 2011 година

·        Аматерасу - драма на Пјотр Скотнички што ја заокружува годината на Марија Кири; Полски Радио Театар, премиера на 4 јануари 2012 година [18]

Покровителство на училиштата[уреди | уреди извор]

Марија Склодовска-Кири е покровител на многу научни и образовни институции во Полска и Франција, вкл. Универзитетот Марија Кири-Склодовска во Лублин.

СУГС „Марија Кири Склодовска“ – Скопје средно училиште за образовни профили од хемиско-технолошката струка

Споменици[уреди | уреди извор]

·        Марија Склодовска-Кири беше симболично одбележана со натпис на семејната гробница на гробиштата Повонски во Варшава [19].

·        Бистата на Марија Склодовска-Кири стои во Паркот на Хенрик Џордан во Краков.

·        Во јуни 2014 година, во Варшава беше поставена бронзена скулптура посветена на Марија Склодовска-Кири [20].

Останати[уреди | уреди извор]

·        Музејот Марија Склодовска-Кири во Варшава на ул. Фрета 16. Отворен  на стогодишнината од раѓањето на добитникот на Нобеловата награда во 1967.

·        Во 1995 година, Марија Склодовска-Кири стана првата жена што беше погребана под куполата на Пантеонот во Париз како признание за нејзините заслуги.

·        Парламентот на Република Полска  донесе одлуката 2011 година да се посвети како Година на Марија Склодовска-Кири.

·         На 26 мај 2011 година, во Варшава беше отворена едукативна патека посветена на научникот [21].

·        Во 2012 година, дрвото засадено во 1932 година од страна на Марија Склодовска-Кири во градината на Институтот Радиум, давајќи му го името „Марија“ беше прогласено за споменик на природата [22].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. De Vriendt, Kevin Y.L; Le Borgne, Tanguy; Pool, Maria; Dentz, Marco (2021-11-23). „Subsurface Mixing Dynamics across the Salt-freshwater Interface“. dx.doi.org. Посетено на 2022-01-11.
  2. 2,0 2,1 2,2 Brzozowski, Stanisław. Routledge. 2012-10-12. стр. 287–295.
  3. „Glare Testers“. Ophthalmology. 94: 109–110. 1987-01. doi:10.1016/s0161-6420(87)33638-3. ISSN 0161-6420. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Giroud, J.P. (1987-01). „Editorial“. Geotextiles and Geomembranes. 5 (1): 1. doi:10.1016/0266-1144(87)90029-x. ISSN 0266-1144. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Schlögl, Hermann A. (2008). 15. Die Verwaltung des Staates. Verlag C.H.BECK oHG. стр. 75–77.
  6. Droste, Henk H.J. (1997-10-01). „Stratigraphy of the Lower Paleozoic Haima Supergroup of Oman“. GeoArabia. 2 (4): 419–472. doi:10.2113/geoarabia0204419. ISSN 1025-6059.
  7. „La Oca Loca“. La Oca Loca (шпански). Посетено на 2022-01-11.
  8. 8,0 8,1 Rybałt, Ewa A. (2018). „Jacopo Tintoretto i Vettore Trincavella – malarz i lekarz w bractwie św. Rocha w Wenecji“. Medycyna Nowożytna. 24 (3): 111–124. doi:10.4467/12311960mn.18.018.10184. ISSN 1231-1960.
  9. Piotrowski, Dominik Mirosław (2018-06-11). „IV Konferencja DARIAH-PL Humanistyka cyfrowa a instytucje dziedzictwa (Toruń, 16-17 listopada 2017 r.)“. Toruńskie Studia Bibliologiczne. 11 (1 (20)): 165. doi:10.12775/tsb.2018.008. ISSN 2392-1633.
  10. Kolankowska, Małgorzata (2021-01-14). „Spotkanie dwóch kobiet — Rosa Montero i Maria Skłodowska-Curie“. Dziennikarstwo i Media. 13: 127–142. doi:10.19195/2082-8322.13.9. ISSN 2082-8322.
  11. Samsel, Karol (2019). „„Pierścień Wielkiej-Damy" Cypriana Norwida jako dramat interfiguralny“. Pamiętnik Literacki. 2: 5–14. doi:10.18318/pl.2019.2.1. ISSN 0031-0514.
  12. Wasil, Justyna; Kuć-Czajkowska, Katarzyna; Sidor, Monika (2018-09-30). „Consequences of the Electoral System in Polish Municipalities – Pathologies and Abuses“. Polish Political Science Yearbook. 47 (3): 477–490. doi:10.15804/ppsy2018312. ISSN 0208-7375.
  13. „Table 2: IMDB results“. dx.doi.org. Посетено на 2022-01-11.
  14. Lois, Vines (1982-10). „Une femme honorableGiroud, Françoise. Une femme honorable. Paris: Fayard, 1981. Pp. 380“. Contemporary French Civilization. 7 (1): 115–116. doi:10.3828/cfc.1982.7.1.013. ISSN 0147-9156. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  15. 15,0 15,1 15,2 Kozdrach, Rafał (2016-01). „Wpływ wymuszeń mechanicznych na zmianę właściwości tribologicznych smarów plastycznych wytworzonych na bazie mineralnej“. Nafta-Gaz. 72 (1): 50–57. doi:10.18668/ng2016.01.07. ISSN 0867-8871. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  16. Braun, Kazimierz (2017). „Teatralizacja: pogranicze życia i teatru“. Tematy i Konteksty. 12 (7): 44–57. doi:10.15584/tik.2017.3. ISSN 2299-8365.
  17. „Opening Night“. Opening Night. 2002-07-01. doi:10.5040/9781770916517.00000003.
  18. Kapileswar, N. (2012-08). „Automatic Traffic Monitoring System Using Lane Centre Edges“. IOSR Journal of Engineering. 02 (08): 01–08. doi:10.9790/3021-02840108. ISSN 2278-8719. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  19. Stefański, Krzysztof (2019-12-30). „Cmentarz ewangelicko-augsburski w Ozorkowie i pomniki rodziny Schlösserów“. TECHNE. Seria Nowa (4): 67–93. doi:10.18778/2084-851x.08.04. ISSN 2084-851X.
  20. Kołodziej, Aleksandra; Magnuski, Mikołaj; Ruban, Anastasia; Brzezicka, Aneta (2021-05-26). „No relationship between frontal alpha asymmetry and depressive disorders in a multiverse analysis of five studies“. eLife. 10. doi:10.7554/elife.60595. ISSN 2050-084X.
  21. Symonides, Małgorzata; Łuniewska, Marta; Fortuna, Marta; Osuch, Beata; Kowalska, Magdalena; Kuśnierz, Jerzy; Śpiewankiewicz, Beata (2013-12-31). „Practical considerations for intraoperative anesthesia in patients undergoing surgery in combination with hyperthermic intraperitoneal perfusion chemotherapy – a series of 60 cases“. Current Gynecologic Oncology. 11 (4): 255–263. doi:10.15557/cgo.2013.0023. ISSN 2081-1632.
  22. „The specificity of Warsaw's mayoral election 2018“. Studia Wyborcze. 28. 2019. doi:10.26485/sw/2019/28/5. ISSN 1898-0082.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]