Атомска маса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стилизиран атом на литиум-7: 3 протони, 4 неутрони и 3 електрони (вкупните електрони се ~ 1⁄4300-ти од масата на јадрото). Има маса од 7,016 Da. Реткиот литиум-6 (маса од 6,015 Da) има само 3 неутрони, намалувајќи ја атомската тежина (просечната) на литиумот на 6,941

Да не се помеша со: релативна атомска маса

Атомската маса или релативната атомска маса е однос меѓу просечната маса на атомот на некој хемиски елемент и 1/12 од масата на нуклидот 12C.

Речиси сите атомски маси на елементите во периодниот систем растат одејќи и по група и по периода. Ова се должи на фактот што елементите во периодниот систем се подредени по растење на нивните атомски броеви. Со растење на атомските броеви, се очекува да растат и масените броеви и атомските маси. Сепак, поради тоа што елементите во природата постојат во вид на смеси од изотопи, постојат неколку исклучоци. На пример, релативната атомска маса на кобалтот е поголема од онаа на никелот, иако никелот има поголем реден (атомски) број.