Ото Хан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ото Хан
Otto Hahn 1970.jpg
Роден 8 март 1879(1879-03-08)
Франкфурт на Мајна,
Хесе - Насау, Кралство Прусија,
Германска Империја
Починал 28 јули 1968(1968-07-28) (воз. 89 г.)
Готинген, Западна Германија
Националност Германско
Полиња Радиохемија
Нуклеарна хемија
Образование Универзитет во Марбург
Докторски ментор Теодор Зинке
Други ментори Адолф фон Бајер, Минхенски универзитет;
Сер Вилјам Ремзи, Универзитетски колеџ во Лондон;
Ернест Радерфорд,Мекгилов универзитет Монтреал ;
Емил Фишер, Берлински универзитет
Докторанти Роланд линдер
Валтер Зелман-Егеберт
Јоханес Хајдехајн
Јан де Врис
Трус де Врис-Крејт
Аристид фон Гросе
Борис Ниткин
Ласзло Имре
Клара Либер
Fritz Strassmann
Соломон Амињу Розенблум
Карл Ерик Цимен
Ханс-Јоаким Борн
Борис Сагорчев
Ханс Гете
Зигфрид Флиге
Николас Рил
Познат по Откривање на радиоактивни елементи (1905–1921)
Радиоактивен повратен удар (1909)
Фајанс – Панет – Ханов Закон
Протактиниум (1917)
Нуклеарен изомеризам (1921)
Приложена Радиохемија (1936)
Рубидиум - строниум (1938)
Нуклеарна фисија (1938)
Влијаел врз Фредерик Жолјо-Кири
Енрико Ферми
Глен Сиборг
Едвин Мекмилан
Алберт Гиорсо
Емилио Сегре
Филип Абелсон
Џозеф Кенеди
Николај Семјонов
Игор Курчатов
Георги Флиоров
Исак Кикоин
Јулиј Борисович Харитон
Поважни награди Емил Фишеров медал (1919)
Канизарова награда (1939)
Коперникова награда (1941)
Нобелова награда за хемија (1944)
Макс Планков медал (1949)
Парацелзиусов медал(1952)
Хенри Бекерелов медал (1952)
медал За заслуги (1952)
Фарадеева награда (1956)
Хуго Гротиусов медал (1958)
Легија на честа (1959)
Енрико Фермиева награда (1966)
Сопружник Едит Јунгханс (1913–1968)
Потпис

Ото Хан[1] (германски: Otto Hahn 8 март 187928 јули 1968) — германски хемичар и пионир на полињата на радиоактивноста и радиохемијата [2] кој ја освоил Нобеловата награда за хемија во 1944 за откритието на нуклеарна фисија.[3] Тој е сметан за еден од најзначајните хемичари на сите времиња, но особено како „таткото на нуклеарна хемија“.[4]

Хан бил противник на Антисемитизмот предводен од Нацистичката Партија и по завршувањето на Втора Светска Војна [5] тој станал страствен поборник против користењето на нуклеарна енергија како оружје. Тој служел како последниот Претседател на Кајзер – Вилхелмовото Општество (KWG) во 1946 и како Претседател – пронаоѓач на Макс Планквото општество (MPG) од 1948 до 1960 година. Одобрен од многу за да биде симбол на научното совршенство и личниот интегритет, тој станал еден од највлијателните и почитувани граѓани на новата [5] Федерална Република Германија.

Младост[уреди | уреди извор]

Хан бил најмладиот син на Хенри Хан (1845-1922), просперитетен претприемач, и Шарлот Хан (1845-1905). Заедно со неговите браќа Карл, Хајнер и Хулиус, Ото бил пораснат во затскриена животна средина. На 15 години, тој започнал да покажува значителен интерес по хемија и изведувал едноставни експерименти во собата за домашно перење на облеката. Неговиот татко, сакал Ото да студира архитектура, со оглед на тоа што изградил повеќе бизнис простори, но Ото го убедил својот татко дека негова амбиција била да стане индустриски хемичар.

Во 1897, веднаш по освојувањето на Абитур’’ во Клингер Обереалшуле во Франкфурт, Хан започнал да изучува хемија и минералогија во Универзитетот во Марбург. Неговите придружни предмети биле физика и филозофија. Хан се придружил во Студенстката Асоцијација за Природни Науки и Медицина, joined the Students' Association of Natural Sciences and Medicine, Студентско Братство, претходник на денешниот Братство Нибелунгија. Тој ги поминал третиот и четвртиот семестар, студирајќи под Адолф фон Бајер во Универзитетот во Минхен. Во 1901, Хан го примил својот докторат во Марбург за дисертација на тема ‘’Бромови деривати на Изогенол’’ , тема во класичната органска хемија. Веднаш по исполнувањето на една година во воената служба, младиот хемичар се вратил во Универзитетот во Марбург, каде што две години работел како асистент на својот докторски надзорник, Geheimrat Професор Теодор Зинке.

Истражувањето во Лондон и Монтреал(1904–1906)[уреди | уреди извор]

Пронаоѓањето на Радиоториум и други ‘нови елементи’[уреди | уреди извор]

Сер Вилијам Ремзи, Лондон 1905
Ернест Радерфорд на Мекгиловиот универзитет, Монтреал 1905

Намерата на Хан била да работи во индустријата. Со ова на ум, а исто така и да го подобри своето знаење на англиски јазик, тој превземал пост во Универзитетскиот колеџ во Лондон во 1904 година, работејќи со Сер Вилијам Ремзи, познат по тоа што ги открил [[инертните гасови] ]. Овде Хан работел на радиохемијата, во тоа време, мошне ново поле. Во почетокот на 1905 година, во текот на неговата работа со соли на радиум, Хан открил нова супстанција, која тој ја нарекува радиоториум (ториум - 228), кој во тоа време се сметал дека е нов радиоактивен елемент. (Всушност, тоа било сеуште неоткриен изотоп на познатите ториум елементи. Терминот изотоп е измислен во 1913 година од страна на Британскиот хемичар Фредерик Соди.). Ремзи бил многу изненаден кога бил пронајден уште еден нов елемент во неговиот институт, и тој настојувал да го објави откритието на соодветен начин. Во согласност со традицијата, ова требало да се изврши пред комисијата на преподобното Кралското друштво. На седницата на Кралското друштво на 16 март 1905, Ремзи го доставил откритието на Хан за радиоториумот,[6], па дури и печатот бил заинтересиран. Дејли Телеграф ги информирал своите читатели.[7]

За прв пат името на Ото Хан било споменато во врска со радиумско истражување, и неговиот "Нов радиоактивниот елемент, кој вклучува ториум еманација" (оригиналниот наслов) е објавен во Зборник на трудови на Кралското друштво во издание на 24 март 1905 година (76 А, страници 115-117). Тоа бил првиот од повеќе од 250 научни публикации на Ото Хан во областа на радиохемијата.

"Хан е главен соработник и ја има извршено својата работа восхитувачки. Сигурен сум дека ќе уживате да работите со него. "

му напишал Ремзи на Ернест Радерфорд во Мај 1905 [8]

Рудерфорд се согласил, и од септември 1905 година до средината на 1906 Хан работел во неговиот тим во Универзитетот Мекгил во Монтреал, Канада каде што тој го открил ториум C (подоцна идентификуван како полониум - 212), радиум Д (подоцна идентификуван како лид - 210) и радиоактиниум (подоцна идентификуван како ториум-227) и истрагата на алфа -зраци на радиоториум, [9] додека Рудерфорд имал обичај да каже во тие денови: "Хан има посебен нос за откривање на нови елементи." [10]

Истражувањето во Берлин (1906–1944)[уреди | уреди извор]

Откритието на мезоториум I (Ra 228)[уреди | уреди извор]

Во 1906, Хан се вратил во Германија, каде што соработувал со, Емил Фишер во Универзитетот во Берлин. Фишер ја ставил на располагање својата стара дрводелница("Холксверкстат") во Хемиската Институција, за да ја искористи како своја сопствена лабораторија. Таму, по неколку месеци, користејќи екстремно примитивни апарати, Хан го открил [[Мезоториоум I, мезоториум II и – независно од Бертрам Болтвуд суштината на радиумот, иониум (подоцна идентификуван како ториум-230). Во наредните години, мезоториум I (радиум-228) укажал голема важност бидејќи, како радиум-226 (откриен од Пјер и Мари Кури), бил совршено прилагоден за употреба во медицината, додека чинел само половина за да се произведе. (Во 1914, за откривањето на мезоториум I, Ото бил првиот номиниран за Нобелова награда за хемија од Адолф фон Бајер). Во јуни 1907, Хан бил избран за да предава на Универзитетот во Берлин. На 28 септември 1907, тој се запознал со Австријскиот физичар Лиз Мејтнер кој бил приближно на негова возраст, кој бил пренесен од Виена во Берлин. Така заочнала триесет годишната соработка и целоживотно пријателство помеѓу двајцата научници.

Откритие на радиоактивно одбивање[уреди | уреди извор]

Откако Хариет Брукс го забележал “радиоактивноо одбивање” во 1904, но го интерпретирал погрешно, Ото Хан успеал, во доцната 1908 и рана 1909, демонстрирајќи го инцидентот на радиоактивното одбивање на алфа честички емисија интерпретирајќи го точно.

"...длабоко значајно откритие во физиката со далеку –достижни последици",

Како што физичарот Валтер Герлахго објаснил.[11] Ернест Рудерфорд во Манчестер напишал писмо до својата мајка: "Тој ја извршува најдобрата работа во Германија моментално."[12]

Во 1910, Хан бил назначен професор од Прусискиот Министер по Култура и Образование Огуст фон Трот ѕу Солц, и во 1912 тој станал ‘’главата’’ на Одделот за Радиоактивност на новоформираната Кајзер – Вилхелмовата Институција по Хемија во Берлин – Дахлем. Наследувајќи го Алфред Сток , Хан бил директор на институцијата од 1928 до 1946. Во 1924, Хан бил избран за целосно членство на Прусиската Академија по Науки во Берлин (предложен од Алберт Ајнштајн, Макс Планк, Фритц Хабер, Вилхелм Шленк и Макс фон Лауер).

Бракот со Едит Јунгханс[уреди | уреди извор]

Мермерната Плоча на латински од професорот Масимо Рањолини, по повод одбележувањето на медениот месец на Ото Хан и неговата сопруга Едит на Пунта Сан Виџилио Гарда, Италија, во март и април 1913 година (откриен од страна Грофот Гиљермо Гуариенти ди Брензоне во 1983 година).

Во јуни 1911 година, додека присуствувал на конференција во Штетин (денес Шчечин, Полска) Ото Хан се сретнал со младата Едит Јунгханс (1887-1968), студент по уметност на "Königliche Kunstschule" (Кралската академија на уметност) во Берлин. На 22 март 1913 година, двојката се венчала во родниот град на Едит, Штетин, каде што нејзиниот татко, Пол Фердинанд Јунгханс, бил службеник од висок ранг и претседател на Градскиот парламент се до неговата смрт во 1915. Нивното единствено дете, Хано, роден во 1922 година, станал истакнат историчар на уметноста и архитектурата и истражувач (во Херциана во Рим), познат по неговите откритија во почетокот на Цистериканска архитектура од 12-тиот век. Во август, 1960 година, за време на студиското патување во Франција, д-р Хано Хан бил вмешан во фатална сообраќајна несреќа, заедно со неговата сопруга и асистент, Илсе Хан. . Тие го оставиле четиринаесет-годишниот син, Дитрих. Во 1990 година, Хано и Илсе Ханова награда за извонреден придонес во италијанската историја на уметноста, била основана во сеќавање на Хано и Илсе Хан за поддршка на млади и талентирани историчари на уметноста. Таа се доделувала од страна на Библиотеката Херциана - Макс Планков Институт за историја на уметноста во Рим.

Откритието на протактиниум[уреди | уреди извор]

За време на Прва Светска Војна, Хан бил During the First World War, Hahn бил регрутиран во армијата, каде што бил заедно Џејмс Франк и Густав Хертц. Единицата доставила тестиран и поизведен отровен гас за воени цели и бил испратен до западните и источните предни линии. Во декември 1916, Хан бил пренесен во "Седиштето на Неговото Височество" во Берлин, и бил во можност да го резумира неговото радиохемиско истражување во својата институција. Во 1917/18, Хан и Лиз Мејтнер ја изолираа долгата активност, која ја именувале "прото-актиниум". Веднаш во 1913, Кацимерц Фајанс и Гехринг ја изолирале кратката активност од ураниум Х2 |234mPa]]) и ја именувале супстанцијата "бревиум". Двете активности биле различни изотопи на истиот неоткриен елемент no. 91. За нивното откритие Хан и Мејтнер биле предложени за Нобелова награда по хемија во 20тите години, од голем број на научници, како Макс Бергнам, Виктор Моритц Голдшмитд и Кацимерц Фајанс. Во 1949, Интернационалната Унија на Чиста и Применета Хемија (IUPAC) го именувала новиот елемент протактиниум и ги признала Хан и Мејтнер за откривачи.


Хан и Мејтнер, 1913 година, во хемиската лабораторија на KWI

Откривање на нуклеарен изомеризам[уреди | уреди извор]

Во февруари 1921 година, Ото Хан го објавил првиот извештај за неговото откритие на Z ураниум (подоцна познат како 234 Pa), [13] првиот пример на нуклеарен изомеризам.

"... откритие кое не било разбрано во тоа време, но подоцна станало многу значајно за нуклеарна физика" ,

како Валтер Герлах забележал. [14] И, навистина, тоа не било до 1936 кога младиот физичар Карл Фридрих фон Вајзсакер успеал во обезбедување на теоретско објаснување на феноменот на нуклеарен изомеризам. За ова откритие, чие целосно значење е признато од страна на многу малку, Хан повторно бил предложен, во 1923 година, за Нобелова награда за хемија, овој пат од страна на Макс Планк .

Применета радиохемија[уреди | уреди извор]

Во раните 20ти, Ото Хан креирал ново работно поле. Користејќи ја "методата на еманација", која тој ја принел, и "способност за еманација", тој ја пронашол "Применетата радиохемија" за истражувањето на генерални хемиски и физичко-хемиски прашања. Во 1936 тој издал книга на англиски (а подоцна и на руски) со наслов Применета радиохемија, која ги содржела предавањата од Хан, кога работел како заменик-професор во Универзитетот Корнел во Итака, Њу Јорк во 1933. Ова важно публицирање имало големо влијание на речиси сите нуклеарни хемичари и физичари во САД, Обединетото Кралство, Франција и Советската Унија за време на 30тите и 40тите години. Во 1966, Глен Сиборг, преистражил многу елементина трансураниум и Претседателот на Американската Комисија за Атомска Енергија, напишал за оваа книга:[15]

"Како млад студент на Универзитетот во Калифорнија, јас ја користев оваа книга "Применета Радиохемија" како моја библија. Оваа книга била базирана на серија од предавања кои Професор Хан ги предал во Корнел во 1933; ги постави напред ‘’законите’’ за ко-перципитација на минутни количини на радиоактивни материи, нерастворливи супстанции, предизвикани од воден раствор. Јас го препрочитував секој збор многу пати. Јас се сомневам дека сум прочитал секции во било која друга книга по внимателно од оние во Хановата "Применета радиохемија". Всушност, јас го читам целиот обем постојано и се сеќавам дека моето разочарување беше поради неговата големина. Беше премногу кратко."

А Глен Сиборг додал:

"Им беше дадено на многу малку луѓе за да направат придонеси за науката и човештвото во споредба со оние од страна на Ото Хан. Тој ги направи оние придонеси во текот на речиси две генерации, започнувајќи со клучна улога во раните денови на радиохемијата во истражување и откривање на комплексите на природните радиоактивности и кулминирајќи со неговото откритие на нуклеарна фисија на ураниум. Јас верувам дека е фер да го назначиме Ото Хан за татко на радиохемијата. За овој посебен гениј, светот на науката ќе биде вечно благодарен."

Откривањето на нуклеарната фисија (1938)[уреди | уреди извор]

Заедно со Лиза Мејтнер и неговиот ученик и асистент Фриц Страсман (1902-1980), Ото Хан го поткрепил истражувањето започнато од страна на Енрико Ферми и неговиот тим во 1934 година, кога тие го бомбардирале ура ниумот со неутрони. До 1938 година, се сметало дека елементите со атомски броеви поголеми од 92 (познат како трансураниум елементи) настанале кога атомите на ураниумот биле бомбардирани со неутрони. Германскиот хемичар Ида Нодак предложила исклучок. Таа ја предвидела парадигмата на 1938-1939 во нејзиниот напис објавен во списанието Ангеванде Хемие , бр. 47, 1934, во кој таа шпекулира:

"Разбирливо е дека кога тешки јадра се бомбардирани со неутрони овие јадра можат да се распаднат во неколку прилично голем фрагменти, кои се сигурно изотопи на познати елементи, но не соседи на радиоактивните елементи."

Но, ни еден физичар или хемичар навистина ги прифатил шпекулациите на Нодак сериозно , дури ни Ида Нодак . Идејата дека тешките атомски јадра можат да се распаднат во полесни елементи се сметала за целосно неприфатлива.


Подготовка за експериментот по Нулеарна фисија, реконструиран во Германскиот музеј, Минхен.
Дневникот на Ото Хан
Спомен - плоча за откритието на фисијата во Берлин (откриена во 1956)

На 13 јули 1938 година, со помош и поддршка на Хан, Лиза Мејтнер - родена во еврејско семејство - избегал во Холандија; [16] пред да замине, Хан и дал дијамантски прстен кој тој го наследил од својата мајка, кој ќе биде искористен за поткуп на пограничните стражари. Мејтнер емигрирала во Стокхолм, и Хан продолжил да работи со Страсман. Во крајот на 1938, тие откриле докази за изотопи на земноалкални метали во примерокот. Металот е откриен од страна на користење на органски бариум сол конструиран од страна на Вилхелм Траубе. Наоѓање на група 2 земноалкалните метали било проблематично, бидејќи не било логично да се вклопуваат со другите елементи.

Хан, првично се сомневал дека тоа е радиум , произведени со поделба на две алфа-честички од јадрото на ураниумот. Во тоа време, на научен консензус било дека дури и разделива алфа честички преку овој процес е многу малку веројатна. Идејата за претворање на ураниумот во бариум (со отстранување на околу 100 нуклеони) бил сметан како фатален. На 10 ноември, за време на посетата на Копенхаген, каде што тој бил канет да предава во Институтот Бор , Хан ги дискутира овие резултати со Нилс Бор, Лиза Мејтнер и Ото Роберт Фриш. [17] Дополнителни подобрувања на техниката, што доведува до одлучувачки експеримент на 16-17 декември 1938 (прославениот "радиумско-бариум-мезоторова-фракционација" ), која произвела збунувачки резултати: трите изотопи не се однесувале како радиум, туку како бариум.

На 22 декември 1938 година, Хан, испратил ракопис на Naturwissenschaften пријавувајќи ги нивните радиоактивни резултати, кои биле објавени на 6 јануари 1939 година [18] На 27 декември, Хан, го телефонирал уредникот на Naturwissenschaften и барал да додаде параграф на статијата, шпекулирајќи дека некои платонска група елементи претходно биле забележани во радиоактивниот ураниумот, кој бил првично толкуван како трансураниумов елементкој можел да биде технициум (тогаш наречена "масариум"), и пониски платонски групи метали (атомски број 43 преку 46). До јануари 1939 тој бил доволно убеден дека формирањето на лесните елементи се случува во неговото подесување со што објавил нова ревизија на статијата, во суштина повлекување на поранешните тврдењата за набљудувањето на трансурантни елементи и соседи на ураниумот и склучување наместо тоа дека тој гледал светли платноиди, бариум, лантан и цериум.

Нобелова награда по хемија во 1944[уреди | уреди извор]

На 15 ноември 1945 година Кралската Шведска Академија на Науките објавила дека Хан, бил награден со 1944та Нобеловата награда по хемија "за неговото откритие на фисија на тешките атомски јадра." [3][19][20] Некои американски историчари го имаале документирано нивниот поглед кон откривањето на нуклеарна фисија и веруваат дека Мејтнер требало да биде награден со Нобелова награда [21][22][23]

"Сигурно Хан целосно ја заслужува Нобеловата награда за хемија. Навистина нема сомнение за тоа, но јас верувам дека Ото Роберт Фриш и јас придонесовме нешто што не е незначително за разјаснување на процесот на ураниумска фисија. Како потекнува и дека произведува толку многу енергија, и тоа беше многу оддалечено од Хан. "

напишала Лиза Мејтнер на нејзината пријателка Б. Брум-Аминоф на 20 ноември 1945 година [24] а поранешниот помошник на Мејтнер Карл Фридрих фон Вајзсакер подоцна додаде:

"Тој сигурно ја заслужи оваа Нобелова награда. Тој би го заслужи тоа, дури и ако тој не го извршил ова откритие. Но, секој признава дека поделбата на атомското јадро заслужува Нобеловата награда." [5]

Основач и претседател на Макс Планковото Друштво[уреди | уреди извор]

Споменикот во Берлин-Дахлем, пред неговиот имот

Од 1948-1960, Ото Хан бил пронаоѓачот - претседател на новоформираното Макс Планково здружение за унапредување на науката кое преку неговата неуморна дејност и неговата светски призната личност успеал да го поврати реномето некогаш уживано од страна на Кајзер Вилхелмовото Здружение. Lawrence Badash wrote:

„Хан научи додека сеуште интернираше во Фарм Хол, со што тој беше награден со Нобелова награда по хемија за откривање на фисијата. Ова додава важност на неговата веќе истакната кариера, и неговиот воен анти-нацистички став, го претвори во сè повеќе и повеќе прифатлив за сојузничките окупаторски власти. Така, тој стана водечка фигура во воскресението на германската наука по војната, како постар државник кој ја потврди довербата на различни фракции. Во својата позиција како претседател, тој беше особено успешен во обновата на Кајзер Вилхелмовото Здружение, матичното тело на институтите, кој беше преименуван во Макс Планково Здружение.“[25]

Потпарол за Општествена Одговорност[уреди | уреди извор]

Веднаш по Втора Светск Војна, Хан реагирал на паѓањето на атомските бомби на Хирошима и Нагасаки искажувајќи голема противност за користењето на нуклеарна енергија во воени цели. Тој ги видел апликациите на своите научни откритија, за да стави крај на злоупотребата, или пак криминалот.

"Неговото воено познавање на науката за изградба на оружје и неговата пост-воена активност во планирањето на насоката на научните напори на неговата земја , сега е склон да биде Потпарол на Општествената Одговорност."[26]

Во раната 1954, тој напишал артикал "Кобалт 60 – Опсности или Благослов за?" за злоупотребата на атомската енергија, која бил широко испечатен и пренесен во радиото во Германија, Норвешка, Австрија и Данска, и во англиска верзија, насекаде во светот преку BBC. Меѓународната реакција била охрабрувачка.

Наредната година, Хан иницирал и ја организирал The next year Hahn initiated and organized the Мејно Декларација во 1955, во која тој и неколку интернационални Нобеловци свртеле внимание на опасноста од атомски оружја и ги предупредил светските нации против користењето на "сила како крајно средство". Во 1956, Хан ја повторил својата жалба со потпис од 52ца од неговите колеги-Нобеловци од целиот свет.

Тој истотака, бил еден од авторите на Гетинген Манифесто во 1957, кој заено со 17 водечки германски атомски научници, тој протестирал против предложеното нуклеарно војување на новите Западни Германски воени (Бундесвер).

Во јануари 1958, Ото Хан, заедно со неговиот пријател Алберт Швајтсшер го потпишале Апел до Обединетите Нации во Ну Јорк за "итно склучување на меѓународен договор, за да се запре тестирањето на нуклеарните оружја ", и во Октомври, заедно со Клемент Атли, Едгар Фауре, Тетцу Катајама et al. тој го потпишал интернационалниот "Договор за да се свика седница за да се изготви светскиот устав".

Веднаш пред неговата смрт, тој никогаш не се обидел да предупреди ургентно за опасностите на трката за нуклеарно вооружување помеѓу големите сили и радиоактивната контаминација на планетата.[27] The historian Lawrence Badash analysed:

"Ото Хан е широко претставен како топол, внимателен, шармантен човек. Otto Hahn is widely portrayed as a warm, considerate, charming person. Тоа е точно. Всушност, токму поради карактерот на овој чесен чист човек, кој не претрпе големи промени во текот на својата кариера, тој нуди мерило за да се утврди перцепцијата на обврските на општеството во текот на дваесеттиот век. [...]


Од 1957, Хан бил постојано номиниран за Нобелова Награда за Мир од голем број на интернационални организатори, вклучувајќи ја најголемата Француска Унија, Конфедерација на Генерален Труд (CGT). - Linus Pauling, добитникот на Нобелова Награда за Мир, во 1962, го опишал Хан како "инспирација за мене."[5]

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Ото Хан на бродот 'Дизелдорф, Јуни 1965
Хановиот гроб во Гетинген

За време на неговиот живот, Хан бил награден со наредби, медали, научни награди и стипендии на академии, здруженија и институции од целиот свет.

Во 1957 година, Хан бил избран за почесен граѓанин на градот Магдебург , DDR (Демократска Република Германија), и во 1958 година, почесен член на академија на науките на СССР (денес Руската академија на науките ) во Москва, но тој ги одбил двете почести.

Во 1966 година, претседателот Линдон Џонсон на САД, и САД и Комисијата за Атомска Енергија (АЕК) во Вашингтон го наградиле Хан со (заедно со Лиза Мејтнер и Фриц Страсман) [[Енрико Фермовата награда] ].

Хан , од 1960 година бил почесен претседател на MPG, и бил прогласен за почесен граѓанин на градовите Франкфурт на Мајна и Гетинген во 1959 година, и на земјата и градот Берлин во 1968 година .

Тој починал на 28 јули 1968 година. Еден ден по неговата смрт Макс Планковото здружение објавило некролог во сите поголеми весници во Германија, Австрија и Швајцарија: [29]


Карикатура од Џорџ Ману, Романија

Наследство[уреди | уреди извор]

Ото Хан на печатот на Германска Демократска Република, 1979
Споменик на Хан, во неговото родно место во Франкфурт
Биста од Кнуд Кнустен

Многу градови и окрузи во германското говорно подрачје именувале средни училишта по него, улици, плоштади и мостови во Европа, носат неговото име. Повеќе од дваесет држави во светот го имаат почестено Ото Хан, со издавање монети, медали или марки со неговиот портрет. Островот на Антарктикот (во близина на планината Дискавери) , исто така, го носи неговото име, како што биле Меѓуградските возови "" Ото Хан на германската Сојузна железници во 1971 година, што се протега меѓу Хамбург и Базел SBB и Ото Хан библиотека во Гетинген. Во 1974 година, во благодарност на посебен придонес на Ото Хан на германско-израелските односи, крило на Вајцман Институтот за наука во Реховот, Израел, добил неговото име, и научен центар за истражување на Сент Луис универзитет (Баџуио) (Филипини) бил прогласен за Ото Ханова Зграда .

На крајот на 1999 година, германскиот магазин Фокус објавил листа од 500 водечки природни научници, инженери и доктори како најважните научници на 20 век. Во оваа анкета, експерименталниот хемичар Ото Хан - по теоретските физичари Алберт Ајнштајн и Макс Планк -. бил избран трет (81 поен) и на тој начин станал најзначајниот емпириски истражувач на своето време. [30]

Поврзано[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. doi:10.1098/rsbm.1970.0010
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  2. „Otto Hahn“. FamousScientists.org. http://www.famousscientists.org/otto-hahn. конс. 15 декември 2011. 
  3. 3,0 3,1 „The Nobel Prize in Chemistry 1944“. Nobel Foundation. http://nobelprize.org/nobel_prizes/chemistry/laureates/1944/index.html. конс. 17 декември 2007. 
  4. Seaborg, Glenn T. (1966) Introduction to Otto Hahn – A Scientific Autobiography. Charles Scribner's sons, New York.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Lise Meitner – Recollections of Otto Hahn. Edited by Dietrich Hahn. Verlag S. Hirzel, Stuttgart 2005.
  6. Klaus Hoffmann: Otto Hahn - Achievement and Responsibility. Springer Publishers Inc., New York-Berlin-Heidelberg-Barcelona-London-Paris-Singapore-Tokyo 2001. p. 35. ISBN 0-387-95057-7.
  7. The Daily Telegraph, London, 18 March 1905.
  8. Walther Gerlach/Dietrich Hahn: Otto Hahn - Ein Forscherleben unserer Zeit. Wissenschaftliche Verlagsgesellschaft (WVG), Stuttgart 2005. p. 173. ISBN 3-8047-0757-2.
  9. Angelo, Joseph A. (2004) Nuclear Technology. Greenwood Publishing Group. ISBN 1573563366. p. 117
  10. Dietrich Hahn (Ed.): Otto Hahn - Leben und Werk in Texten und Bildern. Suhrkamp-Insel Publishers, Frankfurt am Main, 1988. p. 59. ISBN 3-458-32789-4.
  11. Gerlach, Walther/Dietrich Hahn: ‘’Ото Хан – истражувач на нашето време’’. Wissenschaftliche Verlagsgesellschaft (WVG), Stuttgart 1984. p. 39.
  12. Ernest Rutherford:Писмо до неговата мајка, Септември 14, 1910. See: Gerlach, Walther/Dietrich Hahn: ’’Ото Хан истражувач на нашето време’’. WVG Publishers, Stuttgart 1984. p. 173.
  13. doi:10.1007/BF01491321
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  14. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име .D0.93.D0.B5.D1.80.D0.BB.D0.B0.D1.85.2C_.D0.92.D0.B0.D0.BB.D1.82.D0.B5.D1.80_1984.
  15. Seaborg, Glenn: Introduction to Otto Hahn – A Scientific Autobiography. Scribners, New York 1966
  16. doi:10.1038/scientificamerican0258-76
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  17. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Ruth_Lewin_Sime_1990.
  18. doi:10.1007/BF01488241
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно (On the detection and characteristics of the alkaline earth metals formed by irradiation of uranium with neutrons)
  19. Bernstein, Jeremy (2001). Hitler's uranium club: the secret recordings at Farm Hall. New York: Copernicus. стр. =281. ISBN 0-387-95089-3. 
  20. „The Nobel Prize in Chemistry 1944: Presentation Speech“. Nobel Foundation. http://nobelprize.org/nobel_prizes/chemistry/laureates/1944/press.html. конс. 3 јануари 2008. 
  21. Ruth Lewin Sime From Exceptional Prominence to Prominent Exception: Lise Meitner at the Kaiser Wilhelm Institute for Chemistry Ergebnisse 24 Forschungsprogramm Geschichte der Kaiser-Wilhelm-Gesellschaft im Nationalsozialismus (2005).
  22. Sime, Ruth Lewin (1996). Lise Meitner: a life in physics. Berkeley: University of California Press. ISBN 0-520-20860-9. 
  23. doi:10.1063/1.881933
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  24. Anne Hardy/Lore Sexl: Lise Meitner. Rowohlt Publishers, Reinbek 2002. p. 119. ISBN 3-499-50439-1.
  25. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Lawrence_Badash_1983._p._175.
  26. Lawrence Badash: Otto Hahn, science and social responsibility. In: William R. Shea (ed.): Otto Hahn and the Rise of Nuclear Physics. D. Reidel Publishing Company, Dordrecht/Boston/Lancaster 1983. p. 176.
  27. Dietrich Hahn (Ed.): Otto Hahn – Leben und Werk in Texten und Bildern. Introduction by Carl Friedrich von Weizsäcker. Suhrkamp-Insel Verlag, Frankfurt am Main 1988. ISBN 3-458-32789-4.
  28. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име FRS.
  29. Frankfurter Allgemeine Zeitung, Frankfurt, DIE WELT, Hamburg, Süddeutsche Zeitung, Munich, u.a., Die Presse, Vienna, Neue Zürcher Zeitung, Zürich, 29 July 1968.
  30. Focus, No. 52, 1999, p. 103–108


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: