Пол Модрич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пол Модрич
Роден 13 јуни 1946 (1946-06-13) (72 г.)
Ратон, Ново Мексико, САД
Државјанство американско
Полиња
Установи
Образование
Познат по Објаснување на ќелиската отпорност на карциногени
Поважни награди
Страница
Paul L. Modrich

Пол Лоренс Модрич (англиски: Paul Lawrence Modrich) роден на 13 јуни 1946 – американски биохемичар, професор по биохемија на универзитетот Дјук и истражувач на Медицинскиот институт Хауард Хјуз. Дипломирал на МИТ во 1968 година, а докторирал на универзитетот Станфорд во 1973 година. Познат е по истражувањата на поправка на ДНК.[1]


Биографија[уреди | уреди извор]

Модрич е роден на 13 јуни 1946 година во Ратон, Ново Мексико. Неговиот дедо по татко бил Хрват, а баба му Црногорка. Емигрирале во Соединетите Држави од Хрватска.[2]

Истражувачка работа[уреди | уреди извор]

Од 1976 година Модрич работи на универзитетот Дјук, а од 1995 година е истражувач на Хауард Хјуз. Истражувањата му се од областа на механизмите за поправка на ДНК.[3]

Награди[уреди | уреди извор]

Нобелова награда за хемија за 2015 година заедно со Томас Линдал и Азиз Санџар за проучувањата на механизмите за поправка на ДНК[4][5]

Д-р Модрич е соработник на Американската академија за науки и уметност и член на Институтот за медицина и на Националната академија за науки.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Paul Modrich Awarded 2015 Nobel Prize in Chemistry“, HHMI, 7 октомври 2015 (посет. 7 октомври 2015 г).
  2. Nenad Jarić Dauenhauer. „Nobelovac Modrich za tportal: Djed mi je bio Hrvat“, „tportal.hr“, T-Hrvatski Telekom, 26 октомври 2015 (посет. 26 октомври 2015 г).
  3. Su, SS; Modrich, P (јули 1986 г). Escherichia coli mutS-encoded protein binds to mismatched DNA base pairs.. „Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America“ том  83 (14): 5057-61. PMID 3014530. 
  4. Broad, William J.. „Nobel Prize in Chemistry Awarded to Tomas Lindahl, Paul Modrich and Aziz Sancar for DNA Studies“, 7 октомври 2015.
  5. Staff. „THE NOBEL PRIZE IN CHEMISTRY 2015 - DNA repair – providing chemical stability for life“ (PDF), „Nobel Prize“, 7 октомври 2015 (посет. 7 октомври 2015 г).