Сатоши Омура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сатоши Омура
Satoshi Ōmura 5040-2015.jpg
Роден12 јули 1935 (1935-07-12) (83 г.)
Нирасаки, Јаманаши, Јапонија
НационалностЈапонец
ПолињаБиохемија
УстановиУниверзитет Китасато
Универзитет Веслијан
ОбразованиеУниверзитет Јаманаши
Токиски универзитет на науки (магистерски и постдокторски студии)
Универзитет Токио (докторски студии)
Познат поавермектин и ивермектин
Поважни наградиНобелова награда за физиологија или медицина (2015)
Награда Гарднер (2014)
Награда Кох (1997)
Награда на Јапонската академија (1990)

Сатоши Омура (јапонски: 大村 智, р. 12 јули 1935) — Нирасаки, Јаманаши, Јапонија - јапонски биохемичар познат е по откритието и развојот на разни лекови кои оригинално се наоѓаат во микроорганизмите. Во 2015 година доделена му е Нобеловата награда за физиологија или медицина (заедно со Вилијам Кемпбел и Ту Јоујоу).


Образование[уреди | уреди извор]

Омура дипломирал на универзитетот Јаманаши, магистрирал на Токискиот универзитет за науки, станал доктор по фармацевтски науки на универзитетот Токио и доктор по хемија на Токискиот универзитет за науки.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Сатоши Омура е почесен професор на универзитетот Китасато. Познат е по откритието и развојот на разни лекови кои оригинално постојат во микроорганизмите. Со Вилијам С. Кемпбел ја поделиле половина од Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2015 година за нивните истражувања на терапии против инфекции предизвикани од цевчести паразити (другата половина ја добил Ту Јоујоу за неговата работа на третман на маларија). Попрецизно, неговата истражувачка група изолирала низа од Streptomyces avermitilis кои го продуцираат антипаразитното соединение avermectin. Подоцна Кемпбел ги прифатил овие бактерии и развил произлезениот лек ivermectin кој денес се користи против речното слепило, лимфната филаријаза и други паразитни инфекции.[1][2][3]


Награди[уреди | уреди извор]

  • Нобелова награда за физиологија или медицина за 2015 година – поделена со Вилијам Кемпбел и Ту Јоујоу
  • Награда Гарднер (2014)
  • Награда Кох (1997)
  • Награда на Јапонската академија (1990)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Satoshi Omura PhD“ (посет. 5 октомври 2015 г).
  2. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/medicine/laureates/2015/press.pdf
  3. Japanese microbiologist Satoshi Omura shares Nobel Prize for medicine“, The Japan Times, 5 октомври 2015 (посет. 5 октомври 2015 г).