Николас Тинберген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нико Тинберген
Nikolaas Tinbergen 1978.jpg
Тинберген во 1978 година
Роден 15 април 1907(1907-04-15)
Хаг, Холандија
Починал 21 декември 1988(1988-12-21) (воз. 81 г.)
Оксфорд, Англија
Живеалиште Обединето Кралство
Националност Холанѓанец
Полиња зоологија, етологија
Установи Оксфордски универзитет
Образование Лејденски универзитет
Докторски ментор Хилдебранд Бошма
Докторанди
Познат по Ефект сокол/гуска
Четири прашања
Поважни награди Нобелова награда за физиологија или медицина (1973)

НиколасНикоТинберген FRS[1] (холандски: Nikolaas "Niko" Tinbergen; 15 април 1907 во Хаг21 декември 1988 во Оксфорд) — холандски биолог и орнитолог, кој ја поделил нобеловата награда за физиологија или медицина во 1973 година со Карл фон Фриш и Конрад Лоренц[2][3] за нивните откритија во врска со организацијата и измамувањето на индивидуалните и групните шеми на однесувања кај животните.

Во 1951 година ја објавил „Студија на инстинктот“, влијателна книга за однесувањето на животните.

Во 1960-тите соработувал со режисерот Хју Фалкус на повеќе филмови за дивиот свет, вклучувајќи ги „Загатката на враната“ (The Riddle of the Rook; 1972) и „Сигнали за преживување“ (Signals for Survival, 1969), кои ја освоиле италијанската награда таа година и американската сина лента во 1971 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бил едно од петте деца на Дирк Корнелиус Тинберген и на Жанете ван Ек. Неговиот брат, Јан Тинберген, ја освоил првата нобелова награда за економија во 1969 година.[4] Уште еден негов брат, Лук е познат биолог и орнитолог.

Интересот на Тинберген за природата се покажал уште како дете. Студирал биологија на Лејденскиот универзитет. Бил воен затвореник во текот на Втората светска војна. Искуството на Тинберген како затвореник на нацистите довело до судир со долгогодишниот интелектуален соработник Конрад Лоренц, кој траел неколку години пред да се помират. По војната, Тинберген се преселил во Англија, каде предавал на Оксфордскиот универзитет и најпрво бил член на колеџот Мертон, а подоцна на Волфсон.[5] Неколку од неговите дипломирани студенти на Оксфорд станале познати биолози, како што се Ричард Докинс, Мериен Докинс, Дезмонд Морис и Ијен Даглас Хамилтон.

Се оженил со Елизабет Рутен и имале пет деца. Подоцна во животот страдал од клиничка депресија и се плашел дека можеби, како неговиот брат Лук, ќе изврши самоубиство. Бил лекуван од неговиот пријател, на чии идеи имал силно влијание, Џон Боулби.[6] Тинберген умрел на 21 декември 1988 година, откако доживеал удар во неговиот дом во Оксфорд, Англија.

Студија на инстиктот[уреди | уреди извор]

Дијаграм 1. Хиерархискиот модел на Тинберген

Во 1951 година била издадена „Студијата на инстинктот“ на Тинберген. Етолозите и еволуционистите сè уште го признаваат придонесот на оваа книга на полето на бихевиористичките науки. „Студија на инстинктот“ ги изложува идеите на Тинберген за вродените реакции на однесувањето кај животните и прифаќањето и еволуциските аспекти на овие однесувања. Под однесувањето, тој подразбира вкупни движења направени од животното; вроденото однесување е тоа кое не се менува од процесот на учење. Главното прашање на книгата е улогата на внатрешните и надворешните стимули во контролирањето на однесувањето. Особено бил заинтересиран во објаснувањето на „спонтаното“ однесување: она кое се случува во неговата целосна форма прв пат кога е изведено и кое се чини отпорно на ефектите на учење. Објаснува како однесувањето може да биде сметано како мешавина на овие спонтани шеми на однесувања и како низа на реакции на одредени стимули. Однесувањето е реакција на тоа до одреден опсег и на надворешни стимули, меѓутоа исто така е и спонтано бидејќи е зависно и на внатрешните фактори. Неговиот модел за тоа како одредени бихевиористички реакции се предизвикани се засновани на работата на Конрад Лоренц. Лоренц напишал дека за секој инстинктивно делување постои специфична енергија која се гради во мозокот. Во овој модел, Лоренц предвидел резервоар со изворен вентил врз основа на соодветен стимул.[7] Тинберген додал комплексност на овој модел, денес познат како хиерархиски модел на Тинберген. Сугерирал дека мотивациските импулси поттикнати од нервните центри во мозокот се задржувани од препреки. Препреките се отстрануваат од вроден механизам кој дозволува енергијата да тече до следниот центар (секој центар содржи препрека која треба да биде отстранета) во каскада додека однесувањето не се прикаже. Моделот на Тинберген покажува повеќе нивоа на комплексност и тие поврзани однесување се групирани. Пример во неговите опити е со пчелите. Покажал дека пчелите покажуваат љубопитност за жолтите и сините хартиени облици на хартија и посочил дека овие се визуелни стимули кои предизвикуваат да се изгради енергија во одреден центар. Меѓутоа, пчелите ретко се спуштале на цвеќињата доколку немало и соодветен мирис на моделот. Притоа, хемискиот стимул на мирисот бил врската во низата, кој предизвикувал пчелата да слета. Крајниот чекор бил пчелата да ги вметне своите делови на устата во цвеќето и да започне смукање. Тинберген го предвидел ова како завршување на однесувањето на пчелата.[8]

Нобелова награда[уреди | уреди извор]

Во 1973 година, Тинберген, заедно со Конрад Лоренц и Карл фон Фриш, ја добил нобеловата награда за физиологија или медицина „за нивните откритија во врска со организацијата и измамувањето на индивидуалните и групните шеми на однесувања кај животните“.[9] Наградата ги признала нивните студии на генетичките модели на однесување, нивното потекло, зреењето и измамувањето од клучните стимули. При неговото предавање за нобеловата награда, Тинберген навел ова било донекаде невообичаена одлука на Нобеловата фондација да им ја додели наградата за физиологија или медицина на тројца луѓе, кои до неодамна биле сметани како „ништожни набљудувачи на животни“. Тинберген изјавил дека нивното оживување на пристапот за „набљудување и мислење“ во изучувањето на однесувањето може да придонесе за олеснување на човечкото страдање.[10] Студиите изведени од тројката на риби, инсекти и птици довеле до основа за понатамошни студии за важноста на одредени искуство во текот на критичните периоди на нормалниот развој, како и ефектите на абнормалните психосоцијални ситуации кај цицачите. Во тоа време, овие откритија биле наведувани како „пробив во разбирањето на механизмите зад различни симптоми на душевните болести“.[11] Придонесот на Тинберген кон овие студии вклучувало испробување на хипотезата на Лоренц/Фон Фриш преку „опсежни, внимателно изведени и досетливи опити“[12] како и неговата работа на супернормалните стимули. Работата на Тинберген во тоа време време била исто така сметана како можни импликации за понатомошни истражување во детскиот развој и однесување.[13]

Четири прашања[уреди | уреди извор]

Тинберген опишал четири прашања кои верувал дека треба да бидат прашани за секое животинско однесување.[14][15] Тоа се следниве прашања:

  • 1. Причиност (механизам): кои се стимулите кои измамуваат одговор и како биле изменети при неодамнешното учење? Како влијае однесувањето и душевната „функција“ на молекуларно, физиолошко, невроетолошко, когнитивно и социјално ниво и што прават врските помеѓу нивоата?
  • 2. Развој (онтогенеза): како се менува однесувањето со возраста и кои рани искуства се потребни за да се покаже однесување? Кои развојни чекори (онтогенезата следи „внатрешен план“) и кои фактори од опкружувањето играат кога/каква улога?
  • 3. Функција (адаптација): како однесувањето влијае на шансите на животните за преживување и репродукција?
  • 4. Еволуција (филогенија): како однесувањето се споредува со слично однесување во слични видови и како можеби станале преку процес на филогенија? Зашто структурните врски (однесувањето може да се гледа како „градба време простор“) еволуираат така, а не поинаку?

Во етологијата и социобиологијата, причиноста и онтогенезата се изложени како „најблизок механизам“, додека адаптацијата и филогенијата како „крајни механизми“. Тие сè уште се сметаат како камен-темелници на современата етологија, социобиологијата и повеќедисциплинарноста во човечките науки.

Аутизам[уреди | уреди извор]

Тинберген ги применил неговите методи за набљудување на проблемите на децата со аутизам. Препорачал „терапија на држење“, во која родителите ќе ги држат своите аутистични деца долги временски периоди додека се обидуваат да воспостават очен контакт, дури и кога детето одбива.[16] Меѓутоа, на неговите интерпретации на аутистичното однесување и на терапијата која ја препорачал, им недостигале научна подлога[17] и терапијата е опишана како контроверзна и веројатно насилна.[18]

Други интереси и погледи[уреди | уреди извор]

Бил член на советодавниот комитет за проектот „Антиконкорд“.

Во поглед на религијата, Тинберген бил атеист.[19]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. doi:10.1098/rsbm.1990.0043
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  2. doi:10.1037/0003-066X.58.9.747
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  3. PMID 10509540 (PubMed (англиски))
    Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand
  4. Lundberg, Erik (1969). „The Sveriges Riksbank Prize in Economic Sciences in Memory of Alfred Nobel 1969“. Nobelprize.org. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/economic-sciences/laureates/1969/press.html. посет. 27 јануари 2014 г. 
  5. „Encyclopedia.com -- Nikolaas Tinbergen“. Encyclopedia.com. http://www.encyclopedia.com/topic/Nikolaas_Tinbergen.aspx. посет. 16 март 2014 г. 
  6. doi:10.1037/a0019381c
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  7. Hinde, R. A. Ethological Models and the Concept of ‘Drive’. 6, 321–331 (1956)
  8. Tinbergen, Nikolaas (1951). The Study of Instinct. Oxford University Press. 
  9. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/medicine/laureates/1973/
  10. Tinbergen, N. Ethology and stress diseases. Physiology Or Medicine: 1971-1980 19711980, 113 (1992)
  11. Zetterström, R. The Nobel Prize for the introduction of ethology, or animal behaviour, as a new research field: possible implications for child development and behaviour: Nobel prizes of importance to Paediatrics. Acta Paediatrica 96, 1105–1108 (2007).
  12. [1]
  13. Zetterström, R. The Nobel Prize for the introduction of ethology, or animal behaviour, as a new research field: possible implications for child development and behaviour: Nobel prizes of importance to Paediatrics. Acta Paediatrica 96, 1105–1108 (2007)
  14. doi:10.1111/j.1439-0310.1937.tb01401.x
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно (на англиски: Biological Questions in Animal Psychology).
  15. doi:10.1111/j.1439-0310.1963.tb01161.x
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  16. Tinbergen N, Tinbergen EA (1986). Autistic Children: New Hope for a Cure (new издание). Routledge. ISBN 0-04-157011-1. 
  17. doi:10.1080/17470210701508665
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  18. Betty Fry Williams; Randy Lee Williams (2011). Effective programs for treating autism spectrum disorder: applied behavior analysis models. Taylor & Francis. стр. 53–. ISBN 978-0-415-99931-1. http://books.google.com/books?id=5lpLze3Hcm8C&pg=PA53. посет. 4 февруари 2012 г. 
  19. Deirdre Barrett (2010). Supernormal Stimuli: How Primal Urges Overran Their Evolutionary Purpose. W. W. Norton & Company. стр. 21–22. ISBN 978-0-393-06848-1. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Тинберген, Нико (1951). The Study of Instinct. Оксфорд, Clarendon Press.
  • Тинберген, Нико (1953). The Herring Gull's World. Лондон, Collins.
  • Тинберген, Н. (1953). Social Behavior in Animals: With Special Reference to Vertebrates. Methuen & Co.
  • Крук, Ханс (2003). Niko's Nature: The Life of Niko Tinbergen and His Science of Animal Behaviour. Оксфорд, Oxford University Press. ISBN 0-19-851558-8
  • Докинс, Маријан Стамп; Холидеј, ТР; Докинс, Ричард (1991). The Tinbergen Legacy. Лондон, Chapman & Hall. ISBN 0-412-39120-1
  • Буркхарт Пом., Ричард В. (2005). Patterns of Behavior : Konrad Lorenz, Niko Tinbergen, and the Founding of Ethology. ISBN 0-226-08090-0

Надворешни врски[уреди | уреди извор]