Хаг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хаг
Den Haag
's-Gravenhage
Град и Општина
Cityscape of The Hague, viewed from Het Plein (The Square).jpg
International Court of Justice.jpg Noordeinde Palace.jpg
Exterieur OVERZICHT INGANG - 's-Gravenhage - 20285549 - RCE.jpg Overzicht voorgevel - 's-Gravenhage - 20358401 - RCE.jpg 2010-05-22-den-haag-by-RalfR-43.jpg
Steigenberger Kurhaus Hotel.JPG 2010-05-22-den-haag-by-RalfR-48.jpg
Binnenhof Panorama in Den Haag.jpg
Знаме на Хаг
Знаме
Грб на Хаг
Грб
Прекар(и): Ресидентештад, Хофштад
Гесло: Vrede en Recht (Мир и правда)
Местоположба на Хаг во општинска карта на Јужна Холандија
Местоположба во Холандија
Земја Холандија
Провинција Јужна Холандија
Реони 8 Регион
Управа[1][2]
 • Орган Совет на општина
 • Градоначалник Јоазис ван Артсен (ВВД)
 • Aldermen
Површина[3][4]
 • Општина 98,12 км2
 • Земјишна 81,88 км2
 • Вода 16,24 км2
 • Рандштад 3.043 км2
Надм. вис.[5] 1 м
Население (Општина, мај 2014; мај 2014;)[4][6][7]
 • Општина 510.909
 • Густина 6.240/км2
 • Градска 657.894
 • Метро 1.054.793
 • Metropolitan region 2.261.844
 • Randstad 6.979.500
Демоним Hagenaar or Hagenees
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски код 2490–2599
Телефонски број 070, 015
Мреж. место denhaag.nl

Хаг — град во Холандија. Таа претставува административна престолнина на Холандија. Се наоѓа на западниот дел од државата во покраината Јужна Холандија. Завзема површина од 100 км2 и има население од 510. 909 жители, според податоците од 2014 г. а заедно со околината има околу 700 000. Исто така во Хаг се наоѓа горниот и долниот дом на парламентот, како и канцеларијата на кралот Вилем-Александер. Хаг е седиште на сите амбасади, како и на меѓународни организации, но сепак по холандсксиот устав главен град на Холандија е Амстердам.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот е основан 1248 година од страна на Вилем II Холандски. Градскиот живот најмногу се одвивал околу Хофвијвер и Биненхоф, каде што денес е сместен парламентот. Хаг е најголем холандски град сместен на крајбрежјето на Северното море. Градското подрачје опфаќа два помали крајбрежни градчиња: главното одморалиште Схевенинген во северозападниот дел на градот е омилено место за туристите, како и за ноќен живот. Схевенинген е најпосетуваното место во Бенелукс со 10-милиони посетители на годишно ниво. Поради тоа многу посетители, но и холанѓани го сметаат Схевенинген за посебен град, но тој е само еден од 8-те хашки окрузи што го сочинуваат градот. Второто најпознато крајбрежно одморалиште е Кајкдуин кој се наоѓа на југозапад и најмногу е посетено од домашни туристи.

Поранешната холандска колонија, Источна индиска компанија ("Nederlands-Indiё", денас Индонезија), оставила голем траг во Хаг. Имено бројни улици по места од источната холандска компанија се наречени по неа, а во градот живее голема индијска или индо заедница  ("Indische(e)" или "Indo"), поточно мешана холандско-индонезиска заедница. Една од карактеристиките на Хаг се широките и долги улици во старите делови на градот. Куќите се обично ниски , со најмногу три спрата и прилично елегантни. Градско-урбанистичкиот план е многу поширок и по просторен за разлика од другите холандски градови, а канали речиси и веќе да нема бидејќи во 19-от век сите пресушиле.

Во Хаг се наоѓаат некој од најбогатите и најсиромашните квартови во Холандија. Богатите подрачја воглавно се сместени западно од Лаан ван Меердервоорт. Сиромашните се наоѓаат во јужните и источните делови на градот. Оваa поделба се одразила и во локалниот акцент: за богатите граѓани често се користи називот "Hagenaars" (Хагенари), a нивниот говор се нарекува „бекакт“, за разлика од групата "Hagenezen" (Хагенези), кои говорат „плат Хагс“. Меѓу овие општествени групи нема многу комуникација.

Географија[уреди | уреди извор]

Топографска мапа од Хаг, Септември 2014
Хаг поделен во населби.
Поврзано: Districts of The Hague

Хаг е најдолгиот холандски град на Северното море и претставува центар на конурбацијата наречена Хагланден (Haaglanden). Вестленд општината, и Ветеринген лежи на југ, Рајксвајк, Делфт и Ротердам издвоено se (нареченi Stadsregio Ротердам или Рајнмонд на југоисток, Пајнакер -Нотдорп и Зутермеер на исток, Леидсхандам-Фурбурх, Фурсхотен и Лајден издвоени на североисток и Васенар на север.

На конурбацијата околу Хаг и Ротердам се доволно блиску за да биде еден издвоено во некои контексти. На пример, тие ги делат аеродромите во Ротердам и Хаг и лесениот шински систем наречен Рандтадреил. Се размислува за создавање на област Ротердам-Хаг метропола. Оваа голема приградска населба во центарот на Хаг и Ротердам е, пак, дел од Ранстад - конкретно појас на општините кои се нарекуваат Јужното крило (Zuidvleugel). Ранстад, кој исто така ги вклучува, меѓудругото и Амстердам и Утрехт, има население од 6.659.300 жители. Хаг се наоѓа во југозападниот дел на аголот на една од најголемите урбани области во Европа.

Поглед на Хофторенот (лево) и Министерството за јавно здравје, Добротворност и Спорт (right)

Клима[уреди | уреди извор]

Хаг има умерена океанска клима. Поради неговата местоположба на брегот, зимите во градот се поблаги додека летата се постудени.

Климатски податоци за Valkenburg Naval Air Base
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 13.8
(57)
15.9
(61)
20.8
(69)
25.9
(79)
29.7
(85)
33.5
(92)
33.1
(92)
34.6
(94)
28.7
(84)
24.5
(76)
17.5
(64)
15.4
(60)
34.6
(94)
Прос. висока °C (°F) 5.9
(43)
6.3
(43)
9.3
(49)
12.8
(55)
16.7
(62)
19.0
(66)
21.3
(70)
21.5
(71)
18.4
(65)
14.5
(58)
9.9
(50)
6.6
(44)
13.5
(56)
Сред. дневна °C (°F) 3.6
(38)
3.6
(38)
6.1
(43)
8.7
(48)
12.5
(55)
15.1
(59)
17.4
(63)
17.5
(64)
14.8
(59)
11.3
(52)
7.4
(45)
4.3
(40)
10.2
(50)
Прос. ниска °C (°F) 1.0
(34)
0.7
(33)
2.7
(37)
4.5
(40)
8.1
(47)
11.0
(52)
13.3
(56)
13.3
(56)
10.9
(52)
7.8
(46)
4.5
(40)
1.7
(35)
6.6
(44)
Најниска забележана °C (°F) −16.4
(2)
−14.0
(7)
−11.1
(12)
−4.4
(24)
−1.5
(29)
1.7
(35)
5.4
(42)
5.5
(42)
1.2
(34)
−4.4
(24)
−7.1
(19)
−10.6
(13)
−16.4
(2)
Прос. врнежи мм (ин) 68.4
(2.69)
51.2
(2.02)
59.8
(2.35)
42.9
(1.69)
54.7
(2.15)
61.6
(2.43)
72.7
(2.86)
84.0
(3.31)
89.2
(3.51)
89.9
(3.54)
90.4
(3.56)
76.4
(3.01)
841.2
(33.12)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1 mm) 12 10 11 9 9 9 10 10 12 13 14 13 132
Прос. бр. снежни денови 5 5 3 1 0 0 0 0 0 0 2 4 20
Прос. релативна влажност (%) 86 84 83 79 78 79 80 80 83 84 87 87 82.5
Сред. бр. сончеви часови месечно 65.5 89.6 133.7 190.5 229.0 216.1 227.4 207.1 145.5 110.3 61.1 49.2 1.726,1
Извор бр. 1: Royal Netherlands Meteorological Institute (1981–2010 normal, snowy days normal for 1971–2000)[8]
Извор бр. 2: Royal Netherlands Meteorological Institute (1971–2000 extremes)[9]

Политика[уреди | уреди извор]

Хаг е седиште на многу организации:

Транспорт[уреди | уреди извор]

Модерен градски (RegioCitadis) трамвај на пат 2, Лусдаунен, април 2012

Воздушен[уреди | уреди извор]

Хаг го дели Ротердам - Хаг аеродромот со Ротердам. Еден од начините да се стигне е од Централната станица на Рандстадеил линија Е, со аеродромскиот шатл до станица Мејерсплеин Рандтадреил. Сепак, со неколку директни возови на час од железничките станици Холандс Спур и Централ, може да се стигне и до Амстердам аеродром Схипхол почесто се користи од страна на луѓе кои патуваат до и од Хашкиот трибунал и другите меѓународни институции по воздушен пат.

Железнички[уреди | уреди извор]

Постојат две главни железнички станици во Хаг: железничката станица Ден Хаг Холандс Спур (Нс) и железничката станица Ден Хаг Централ, на само 1.5 километри далеку една од друга. Затоа што овие две станици се изградени и експлоатирана од страна на две различни железничките компании во 19 век, исток-запад лините беа прекинати на Централ станицата, а север-југ линиите работат преку Холандс Спур. Централната станица сепак, нуди подобри врски со остатокот од земјата, со директни услуги на повеќето големи градови, на пример Амстердам, Ротердам и Утрехт.

Други дестинации се Лајден, Харлем, Зволе, Хронинген, Леуварден, Амерсфорт, Енсхеде, Бреда и Ајндховен. Постои меѓународна служба со Антверпен и Брисел.

Демографија[уреди | уреди извор]

Население во минатото
Година Нас. год. ±%
1369 1.494 —    
1398 1.300 −0.48%
1477 6.066 +1.97%
1514 5.500 −0.26%
1550 6.000 +0.24%
1622 15.825 +1.36%
1632 16.600 +0.48%
1665 20.000 +0.57%
1732 33.500 +0.77%
1795 38.433 +0.22%
1850 72.000 +1.15%
1874 90.000 +0.93%
1895 180.000 +3.36%
1900 206.022 +2.74%
Година Нас. год. ±%
1910 271.280 +2.79%
1920 359.610 +2.86%
1930 432.680 +1.87%
1940 504.262 +1.54%
1950 558.849 +1.03%
1960 606.110 +0.82%
1970 550.613 −0.96%
1980 456.376 −1.86%
1990 441.327 −0.33%
2000 441.097 −0.01%
2010 489.271 +1.04%
2014 509.779 +1.03%
2015 515.880 +1.20%
Source: Lourens & Lucassen 1997, стр. 108–110 (1369–1795)
buurtmonitor.nl (1795–Present)

Од 1 јануари 2014 година, во Хаг живеат 509.779 жители, што го прави трет по големина град на Холандија. Помеѓу 1800 и 1960 година, градот доживеал значителен раст од 40.000 во 1800 година на 200.000 во 1900 година и на крајот од 600.000 во 1960 година по растот од 1900 кој бил делумно предизвикан од страна на актот за домување донесен од 1901 година, што ја поттикнала експанзијата на градовите како Хаг. Во периодот меѓу 1960 и 1980 година, Хаг доживеал намалување на населението од 600.000 до 440.000 жители, предизвикана главно од страна на просторната политика, демографските процеси и недостаток на простор. По неколку урбанистички промени, Хаг повторно започнал да се зголемува по број на жители, достигнувајќи 500.000 жители во 2011 година. Општината очекува растот да продолжи до 2020 година[10]. Процентот на Холанѓани кои живеат во градот е 49,9%, на западните имигранти е 15,6%, а на незападните имигранти е 34,4%[11].

Нешто повеќе од половина од населението на Хаг се идентификува во некоја религиозна група. Двете најголеми религии се христијанството (32%) и исламот (16%). Во градот живеат луѓе со потекло од Индонезија, Турција, Мароко, тунис и.т.н. Исламот е најчеста религија меѓу Турците и Мароканци. Локалното холандско население речиси целосно припаѓа на христијанството. Нешто помалку од 40% од населението во Хаг редовно присуствува на богослужба[12].

Економија[уреди | уреди извор]

Во градот Хаг се наоѓаат голем број на државни службеници и дипломати кои работат во градот. Од 2006 година, 26% од работните места во Хаг се оние кои се понудени од страна на холандската влада и меѓународните институции. Големи работодавци во овој сектор се министерствата за одбрана, правда, просторно планирање и животна средина, Министерството за надворешни работи, за внатрешни работи и за транспорт и врски, урбанизам и водостопанство.

Неколку големи меѓународни компании имаат седиште во Хаг, вклучувајќи ја Royal Dutch Shell, петта по големина компанија во светот во поглед на приходот[13]. Други значајни компании со седиште во Хаг се Aegon, APM Terminals, Damco, KPN, Nationale Nederlanden, ING Investment Management, NIBC Bank, Chicago Bridge & Iron Company и PostNL. Во градот исто така се наоѓаат и регионални преставништва на Siemens, T-Mobile, AT&T, Huawei, Kuwait Petroleum Corporation, Saudi Aramco и Total S.A.. Градот никогаш немал некаква голема индустриската активност, со можен исклучок на риболовни активности на пристаништето во Шевенинген.

Туризмот е важен сектор во Хаг. Градот е втората најголема туристичка дестинација во земјата, по Амстердам. Во 2012 година, градот го посетиле 1,2 милиони туристи (зголемување од 80.000 во однос на претходната година), од кои половина биле од странство. Бројот на хотелски ноќевања во Хаг се зголемил за 5%; особено за посетителите од соседните земји. Во однос на 2011 Белгијците резервирале 27% повеќе хотелски ноќевања, додека Германците имале 24% повеќе хотелски ноќевања, а Французите - 20%.

Култура[уреди | уреди извор]

Биненхоф, кој потекнува од 13 век, денеска сеуште претставува културен центар на градот. Ноќниот живот се одвива главно во трите главни плоштади во центарот, Плејн, Гроте Маркт и Битенхоф. Во непосредна близина на Битенхоф се наоѓа трговскиот центар De Passage, кој бил изграден во 19 век и во кој се наоѓаат специјализирани продавници. Еден од најголемите музички настани во земјата, Paard van Troje се одржува во центарот на Хаг. Друга популарна место за музика во Хаг е Muziekcafé de Paap.

Спиплејн е еден од најмодерните квартови на градот, кој се наоѓа во самиот центар. Шевенинген го формира вториот културен центар на Хаг, со своите кино сали како Pathé, како и музичкиот театар Circustheater иако, особено во текот на летото, ноќниот живот се концентрира околу морето пред булеварите со барови и ресторани.

Хаг е резиденцијата на холандската кралица и неколку (поранешни) кралски палати може да се најдат во градот. Кралот Вилем Александар и кралицата Максима живеат во Хејс тен Бос, и работат во палатата Нордејнде во центарот на градот. Исто така, постојат две поранешни кралски палати во Хаг, како Кнеутердејк палата, изградена во 1716, сега дом на Државниот совет на Холандија, и Ланге Ворхут палата, каде се наоѓа музејот на Ешер.

Во Хаг се наоѓа музејот Маурицхуис кој содржи многу слики од холандски мајстори, како Јоханес Вермер и Рембрант ван Рејн. Други музеи се: Научниот музеј Museon, музејот на модерна уметност Gemeentemuseum, историскиот музеј Haags Historisch, Музејот Bredius, Gevangenpoort и.т.н.

Уште во 16 век, штркот е симбол на Хаг.[14].

Неколку филмови се (делумно) снимени во Хаг, вклучувајќи Јас и ти (2004), Дванаесетмината на Оушн (2004) и Zwartboek (2006). Алтернативниот музички спот на песната Вива ла Вида од Колдплеј, исто така, бил снимен во Хаг.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Burgemeester Jozias van Aartsen“ (на холандски). Gemeente Den Haag. 17 мај 2013. http://www.denhaag.nl/home/bewoners/gemeente/college/to/Burgemeester-Jozias-van-Aartsen-2-1.htm. конс. 25 јули 2013 г. 
  2. „Het college van burgemeester en wethouders“ (на холандски). Gemeente Den Haag. 23 мај 2013. http://www.denhaag.nl/home/bewoners/gemeente/college/to/Het-college-van-burgemeester-en-wethouders.htm. конс. 25 јули 2013 г. 
  3. „Kerncijfers wijken en buurten“ (на холандски). CBS Statline. Централна статистичка служба. 2 јули 2013. http://statline.cbs.nl. конс. 12 март 2014 г. 
  4. 4,0 4,1 Шаблон:Cite techreport
  5. „Postcodetool for 2511BT“ (на холандски). Actueel Hoogtebestand Nederland. Het Waterschapshuis. http://www.ahn.nl/postcodetool. конс. 23 јули 2013 г. 
  6. „Bevolkingsontwikkeling; regio per maand“ (на холандски). CBS Statline. Централна статистичка служба. 26 јуни 2014. http://statline.cbs.nl/StatWeb/publication/?DM=SLNL&PA=37230NED&D1=17-18&D2=101-650&D3=l&LA=EN&HDR=T&STB=G1,G2&VW=T. конс. 24 јули 2014 г. 
  7. „Bevolkingsontwikkeling; regio per maand“ (на холандски). CBS Statline. Централна статистичка служба. 26 јуни 2014. http://statline.cbs.nl/StatWeb/publication/?DM=SLNL&PA=37230ned&D1=17&D2=57-100&D3=l&LA=EN&HDR=G2&STB=G1,T&VW=T. конс. 24 јули 2014 г. 
  8. „Klimaattabel Valkenburg, langjarige gemiddelden, tijdvak 1981–2010“ (на dutch). Royal Netherlands Meteorological Institute. http://www.klimaatatlas.nl/tabel/stationsdata/klimtab_8110_210.pdf. конс. 10 септември 2013 г. 
  9. „Klimaattabel Valkenburg, langjarige extremen, tijdvak 1971–2000“ (на dutch). Royal Netherlands Meteorological Institute. http://www.knmi.nl/klimatologie/normalen1971-2000/per_station/stn210/5-extremen/210_extremen.pdf. конс. 10 септември 2013 г. 
  10. „Bevolkingsprognose Den Haag 2012-2020“ (на nl). 10 април 2012. http://www.denhaag.nl/home/bewoners/to/Bevolkingsprognose-Den-Haag-20122020-1.htm. конс. 25 ноември 2013 г. 
  11. (холандски) Den Haag in Cijfers.
  12. „Burgerschapsmonitor (2009)“ (на nl). 28 септември 2009. http://www.denhaag.nl/home/bewoners/to/Burgerschapsmonitor-2009.htm. конс. 25 ноември 2013 г. 
  13. „Fortune 500 2016“. http://beta.fortune.com/global500/royal-dutch-shell-5. конс. 20 јануари 2017 г. 
  14. „Den Haag - Haagse weetjes“. Denhaag.nl. 12 јули 2010. http://www.denhaag.nl/home/bewoners/to/Haagse-weetjes.htm. конс. 16 ноември 2012 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]