Централна статистичка служба (Холандија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Седиштето на службата во Хаг
Седиштето на службата во Херлен

Централна статистичка служба (холандски: Centraal Bureau voor de Statistiek; CBS) — холандски државен статистички завод, основан во 1899 година, која ги собира статистичките информации во и за Холандија. Спаѓа во рамките на холандската министерство за економски прашања и е сместена во Хаг и Херлен. Од 3 јануари 2004 година претставува независна и самостојна организација, односно квази владина институција.

Централната статистичка служба собира статистички информации, помеѓу другото, за:

  • бројот на население,
  • цените на мало и големо
  • економскиот развој
  • приходот по глава на жител и домаќинство
  • стапката на невработеност

Службата изготвува програма за работа која мора да биде одобрена од Централната комисија за статистика. Оваа независна комисија мора да ја чува непристрасноста, независноста, квалитетот, важноста и непрекинатото делување на службата, според Законот за службата од 1996 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]