Меѓународен кривичен суд за поранешна Југославија
Меѓународниот суд за гонење на лица одговорни за сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право сторени на територијата на поранешна Југославија по 1991, вообичаено нарекуван Меѓународен суд за воени злосторства во поранешна Југославија е тело на Обединетите Нации воспоставено да ги гони прекршителите на хуманитарното право и обичаите на војување во конфликтите на територијата на поранешна Југославија.
Воспоставен е со резолуцијата 827 на Советот за безбедност на ОН, по иницијатива на тогашниот германски министер за надворешни работи Клаус Кинкел. Составен е од комори, архива и обвинителство, и вкупно во него работат 1200 луѓе. За разлика од Меѓународниот кривичен суд и Меѓународниот суд на правдата, кои исто така се во Хаг, овој суд е поставен ад-хок, односно не е постојан. Планирано е да заврши со сите судења до 2009 година, а со сите жалбени постапки до 2010, и потоа да престане со работа.
Судот има јурисдикција над четири групи на криминал извршен во поранешна Југославија од 1991.:
- - тешки прекршувања на Женевските конвенции од 1949.,
- - прекршувања на законите и обичаите на војувањето,
- - геноцид и
- - злосторства против човештвото.
Судот може да суди само поединци, но не и држави или политички организации. Максималната казна што може да ја изрече е доживотен затвор. Разни земји имаат потпишано договори со ОН за спроведување на издржувањето на казните на осудените.
Познат е кај нас по тоа што голем број политички водачи од државите на поранешна Југославија завршија како негови осуденици, а од Македонија Љубе Бошкоски беше обвинет, суден и ослободен во 2008. за убиство на 10 цивили во с. Љуботен, Скопско. Неговиот соработник Јохан Тарчуловски е осуден во 2008. за истото дело на 12 години, но пресудата е во жалбена постапка.
|