T-Mobile

Од Википедија — слободната енциклопедија
T-Mobile
Виддел од Deutsche Telekom
ДејностБезжични услуги
Основано1990 година
СедиштеГерманија Бон, Германија
Клучни личности
Hamid AkhavanГлавен Директор
Katharina HollenderГлавен Финанскиски раководител
ПроизводиGSM, GPRS, EDGE, UMTS (HSDPA), WLAN Hotspots(WiFi), T-Mobile HotSpot @Home
Матично претпријатие
Дојче Телеком Уреди на Википодатоците
Мреж. местоwww.t-mobile.net

T-Mobile е мобилен оператор со седиште во Бон, Германија, кој е дел од Deutsche Telekom. Присутен е во Соединетите Американски Држави и во Европа, каде што работат во ГСМ мрежа. Името Т-Mobile е составено од буквата "Т" од зборот "Телеком", знакот "-" и зборот "Mobile". Во Европа главно се наоѓа во државите од централниот и источниот дел на континентот. Поседува над 101 милиони корисниции претставува еден од водечките водачи во светот, во областа на мобилната телефонија. Главни конкуренти на европскиот пазар на Т-Мобиле се: O2 и Vodafone. T-Mobile успешно се ребрендираше кон 16 јануари 2013 година, со што се претстави ново лого и визуелен идентитет.

Земји каде што е присутен Т-Моbile[уреди | уреди извор]

T-Mobile е присутен во единаесет европски земји плус во САД.

  • Германија - Т-Mobile D поседува 32 милиони корисници во оваа земја. Оттука започнува со работа и брендот на Т-Mobile.
  • Хрватска - Т-Mobile навлегува на хрватскиот пазар во 1999 година, со влегување во Хрватскиот телеком. Мобилниот оператор Cronet се менува и се вика најпрво HTmobile, а во 2004 се преименува и го добива името T-mobile Croatia. Поседува над 2,1 милиони корисници.
  • Чешка - Мобилниот оператор Paegas во 2006 година се ребрендира и го добива името од брендот на Т-Mobile - T-Mobile Czech Republic и има над 4,6 милиони корисници во оваа земја.
  • Унгарија - Во Мај, 2004 година, поранешниот мобилен оператор Westel (дел од унгарскиот телеком Матав) е преименуван во Т-Mobile Magyarország. Во оваа земја голем број корисници ( на 4,2 мил. ) ги користат услугите на овој оператор.
  • Македонија - Во Република Македонија, Т-Мobile Македонија беше познат како МобиМак. Оваа компанија постои од септември 1996 година, и во септември 2006 г., МобиМак е купен од Дојче Телеком и го усвои името T-Mobile Македонија. Денес поседува над 1,1 милиони корисници во оваа земја и претставува најстар оператор во Р Македонија.
  • Црна Гора - Во 2006 година, црногорскиот мобилен оператор MoNet се ребрендира во Т-Моbile Montenegro.
  • Австрија - Т-Mobile Austria поседува над 3,2 милиони корисници во оваа земја.
  • Холандија - Т-Моbile Netherland е вториот по големина оператор во оваа земја и поседува над 2,3 милиони корисници.
  • Полска - Т-Mobile поседува над 90 проценти од полскиот мобилен оператор Еra. Во 2010 година мобилниот оператор Era е купен од Германскиот Телеком и во 2011 г. го добива името T-Mobile. Овој оператор поседува над 13 милиони корисници во Полска.
  • Словачка - Т-Mobile влегува на пазарот во 2005 година. Мобилниот оператор EuroTel се преименува во T-Mobile Slovensko. Поседува над 2,0 милиони корисници во оваа земја.
  • Велика Британија - T-Mobile UK порано беше познат како "One 2 One". Претставува прва светска мрежа со сигнал ГСМ 1800 која започнува со работа во 1993 година. Некогаш мал моб. оператор во оваа земја, сега е третиот по големина оператор покрај О2 и Vodafone, со околу 19,000,000 корисници.
  • САД - Пред да биде променет во T-Mobile USA, американскиот мобилен оператор се нарекувал VoiceStream Wireless или Powertel. Во 2001 година VoiceStream е купен од Германскиот Телеком и во 2002 г. го добива името Т-Моbile. овој оператор има над 28 милиони корисници во Америка.