Прејди на содржината

Ајндховен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ајндховен
Eindhoven
Официјално знаме на Ајндховен
Официјално знаме на Ајндховен

Знаме
Официјален грб на Ајндховен
Грб
Mестоположба
Mестоположбата на Ајндховен
Mестоположбата на Ајндховен
Координати

51°26′″N, 5°29′″E

Општи податоци
Име
- изворно
Ајндховен
  Eindhoven
Прво доселување 8 век
Основан во 1232 година
Поштенски број 5600-5658
Повикувачки број +31 40
Портал eindhoven.eu
Управа
Земја Холандија
Покраина Северен Брабант
Градоначалник Герит Бракс (ЦДА)
Географија
Површина
- копно
- вода
88,84 км2 km²
87,75
1,09
Население
Население 209 716 (1 јануари 2007[1])
Густина 2,377 ж./km² (2007)
Етнички групи Холанѓани, Турци, Мароканци, Суринамци, Холандски Антилци/Арубанци
Конференцискиот центар Еволуон.

Ајндховен (холандски: Eindhoven - Ејндховен) — општина и град во покраината Северен Брабант на југот на Холандија, првобитно поставен на устието на реките Домел и Гендер. Гендер е исушен со брана по Втората светска војна, но Домел сѐ уште тече низ градот.

Блиски градови и гратчиња се Сон ен Бругел, Нунен, Хелдроп-Миерло, Варле, Фелдховен, Оиршот и Бест. Оваа агломерација има околу 440.000 жители. Целата област (заедно со Хелмонд) има околу 750.000 жители. Ајндховен е исто така дел од урбаната област Брабант Стад, којашто има над 2 милиони жители.

Историја

[уреди | уреди извор]

Ајндховен први пат во записите се спомнува во 1232, кага је брабантскиот војвода Хендрик I му доделил градски привилегии на местото Ендеховен со 170 куќи и бедем на вливот на два потоци. Името на градот значи „крајни полиња“.

Град, кој со тек на време се зголемувал, но бил уништен во 1486 година од војните трупи од Хелдерланд. Нови силни ѕидине и замок се подигнати во 1502 година, меѓутоа во 1543 година градот бил повторно уништен. Големиот пожар во 1554 година уништил 75% куќи, кои се обновени до 1560 година. За време на Холандската револуција Ајндховен повеќепати паѓал од холандски во шпански раце, а дел на Холандија дефинитивно станал слободен дури во 1629 година.

Индустријската револуција го препородила Ајндховен. Биле изградени канали, патишта и пруги кои го поврзале градот со околните региони. Во прво време индустријата на градот била концентрирана на тутун и текстил, но најголемиот пораст го доживела со појавата на гигантот во електро-индустријата, компанијатаФилипс.

Големите бомбардирања во Втора светска војна, особено во операцијата Маркет Гарден, уништила големи делови на градот. После војната градот не ги обнавил старите зданија, но радикално го променил ликот користејќи современа архитектура.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 2006 година населението на Ајндховен се состоело од 209,179 лица, од кои 26.5% или околу 55,400 луѓе со странско потекло[2]. Како лица со странско потекло се сметаат луѓе кои се родени надвор од Холандија, или барем еден од нивните родители е роден надвор од Холандија.

Големи малцински групи се[се бара извор]:

Други големи малцински групи се Германци и Индонезијци.

Музичкиот објект Ефенаар.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Ајндховен прераснал од мало село во 1232 година во еден од поголемите градови во Холандија со околу 210.000 жители во 2006 година. Голем дел од овој раст се должи на Филипс и ДАФ. Филипс во Ајндховен отворил фабрика за светилки во 1891. Голем прилив на работници придонел во 1920 година Ајндховен да се прошири на пет соседни општини, на сите четири страни на светот. Во дваесеттиот век индустријата во оваа област се проширила и на производство на возила со компанијата ДАФ, -{Van Doorne's Automobiel Fabriek}-), додека текстилната и тутунската индустрија полека изумирала.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]
Утрински поглед на Аеродромот во Ајндховен
Внатрешниот дел на железничката станица Ајндховен
Автобуска станица Ајндховен, со директна линија број 400 и 401 за Аеродоромот Ајндховен

Аеродромот Ајндховен е најблискиот аеродором, кој се наоѓа на само 8 километри од центарот на градот. Аеродромот служи како воена воздухопловна база и како цивилен комерцијален аеродром. Ајндховен Аеродоромот е вториот најпрометен аеродорм во Холандија, после Схипхол во Амстердам. Има летови од страна на Ер Франс -КЛМ до Лондон Сити. Рајан ер опслужува со линијата до Лондон Станстед аеродромот, Даблин, Рим, Милано, Пиза, Бордо, Марсеј, Глазгов, Мадрид, Валенсија, Стокхолм, Каунас, Малта и Барселона. Виз ер опслужува со линиите до Белград, Брно, Букурешт-Банеса, Будимпешта, Клуј-Напока, Дебрецин, Гдањск, Катовице, Прага, Рига, Софија, Темишвар, Вилинус, Вроцав и Скопје. Во летната сезона, Рејкјавик е опериран од страна на Исланд Експрес, двапати неделно. Трансавиа има летови до Аликанте, Анталија, Бодрум, Крф, Даламан, Фаро, Гран Канариа, Инсбрук, Малага, Мајорка, Минхен, Прага, Родос и Салцбург, иако овие одредишта не се опфатени во целата година. Аеродромот во Ајндховен опслужил повеќе од 4,6 милиони патници во 2015 година.

Ајдховен е исто така е и железнички центар. Главната железничка станица во Ајндховен има директни врски со:

  • ПСВ Ајндховен е главниот фудбалски клуб во градот. Неговиот стадион е Стадионот Филипс и е доминантен клуб во највисоката холандска лига. ПСВ бил национален шампион 20 пати. Во 2000, 2001, 2003, 2005, 2006 и 2007 го има освоено првото, а во 2002 и 2004, второт место во лигата. На меѓународно ниво, ПСВ во 1988 го има освоено Европскиот куп во Лигата на шампиони.

Римскиот скелет

[уреди | уреди извор]

Најголемиот скелет на римски војник најден досега е откопан во близина на Ајндховен во 1982 година. Неговата должина била 196 cm, а бил најден во подрумот на уништена крчма од IV век..

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. cbs.nl - Биро за статистика на Холандија
  2. Население на Ајндховен Архивирано на 28 февруари 2007 г. - Општина Ајндховен.
  3. 3,0 3,1 „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-04-02. Посетено на 2017-03-23.
  4. 4,0 4,1 „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-04-02. Посетено на 2017-03-23.
  5. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-04-02. Посетено на 2017-03-23.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]