Кафеана

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Крчма)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кафеана

Кафеана, гостилница[1][2] или крчма[3][4]угостителски објект во кој се послужуваат алкохолни и безалкохолни пијалаци и напивки, ладни јадења, слатки и др. Тие можат да бидат приготвени во просториите на кафеаната или да бидат приготвени на друго место и донесени во кафеаната само за послужување. Во кафеаната може да се послужува класичен појадок. Обично во неа се собираат луѓе од уметничкиот свет и деловни партнери, а исто така кафеаната претставува место за одмор и разонода на поширок круг луѓе. Просториите и опремата во кафеаната се удобни, а гостите се задржуваат подолго време. Во кафеаната се користат различни средства за разонода и забава на гостите - музика, игри, билијард, шах, куглање и друго. Еден дел од кафеаната може да работи како ресторан, ако располага со уреди и опрема за ресторан.[5]

Постојат различни типови кафеани од кој најпознати се:

  • Кафеана од париски тип настаната во Франција. Разонодата е едноставна, најчесто музика во вечерните часови, а повеќе е наменета за разговори.
  • Виенска кафеана се разликува од парискиот тип кафеана по тоа што има разновидна разонода. Тоа е пораскошна, а услугите покоплетни. Во неа гостинот може да добие весници за читање. Се изведува и музичка програма.[5]

Кафеаната како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Кафеаната се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „гостилница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „гостилница“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „крчма“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „крчма“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. 5,0 5,1 Киро Петров, Марија Попоска, Фидан Трпчевски, Основи на угостителството и туризмот за I година, угостителско-туристичка струка (II издание). Скопје: Просветно дело, 1992.
  6. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 85-86.