Прејди на содржината

Марсеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марсеј
Marseille
Старото градско пристаниште
Старото градско пристаниште
Знаме на МарсејГрб на Марсеј
Гесло: Actibus immensis urbs fulget Massiliensis.
„Поради своите големи дела,Марсеј сјае“
Марсеј is located in Франција
Марсеј
Марсеј
Координати: 43°17′47″N 5°22′12″E / 43.2964°N 5.37°E / 43.2964; 5.37
ЗемјаФранција
РегионПрованса-Алпи-Азурен Брег
ДепартманУстие на Рона
ОкругМарсеј
Општ. заедницаУрбана заедница Марсеј
Управа
  Градоначалник (од 2020) Бенуа Паjaн (PS)
Површина1240,62 км2 (9,290 ми2)
  Градска1.731,91 км2 (66,869 ми2)
  Метро3,173,50 км2 (1,225,30 ми2)
Население (јан. 2011[1])2850.636
  Ранг2. зад Париз
  Густина35/км2 (92/ми2)
  Градскo (јан. 2011)1,560,921[2]
  Метро (јан. 2011)1,720,941[3]
INSEE/Пошт. бр.13055 / 13001-13016
Повик. бр.0491 или 0496
Мреж. местоmarseille.fr
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Марсеј (француски: Marseille) — втор најголем град во Франција, најважно француско пристаниште и трето пристаниште во Европа по големина. Градот се наоѓа во департманот Устие на Рона (регион Прованса-Алпи-Азурен Брег). Марсејската урбана област е трета по големина, зад париската и лионската. Градот лежи на брегот на Лионскиот Залив, кој припаѓа на Средоземното Море.

Географија

[уреди | уреди извор]

Марсеј заедно со урбаната зона околу него е една од најгусто населените области во Франција, односно е трета по големина, зад париската и лионската област. Градското население во Марсеј е околу 821.000 жители, а во пошироката градска агломерација околу 1.804.000 жители (2007).

Значењето на Марсеј како пристаниште се зголемило во 19 век, пред сè како резултат на колонизирањето на Африка, откривањето на Суецкиот Канал и развивањето на трговијата.

Клима на Марсеј
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 11,8 12,9 15,5 17,9 22,2 26,7 29,1 28,7 25,0 20,4 15,0 12,6 19,7
Просечна температура (°C) 8,4 9,1 11,2 13,4 17,5 21,8 24,0 23,7 20,4 16,3 11,5 9,3 15,5
Просечна минимална (°C) 4,9 5,3 6,9 8,9 12,7 16,8 18,9 18,7 15,8 12,3 7,9 6,0 11,2
Просечно кол. врнежи (мм) 65,4 47,3 48,7 55,2 41,0 26,8 9,1 34,0 65,5 91,6 55,2 52,3 592,2
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 5 5 4 6 5 3 1 3 5 6 6 6 53
Сончеви часови (месечно) 150,0 155,5 215,1 254,8 292,5 336,2 386,4 337,4 284,3 214,5 155,5 143,3 2.925,5

Најпопуларен спортски клуб е фудбалскиот клуб, Олимпик Марсеј, којшто има освоено вкупно 8 шампионски титули во француското првенство и една титула во Лигата на Шампионите на УЕФА во 1993 година, како и две финалиња на УЕФА купот во 1999 и 2004 година.

  1. „Séries historiques des résultats du recensement - Commune Marseille (13055)“. INSEE. Посетено на 30 јули 2014.
  2. „Séries historiques des résultats du recensement - Unité urbaine 2010 de Marseille - Aix-en-Provence (00759)“. INSEE. Посетено на 30 јули 2014.
  3. „Séries historiques des résultats du recensement - Aire urbaine 2010 de Marseille - Aix-en-Provence (003)“. INSEE. Посетено на 30 јули 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]