Прејди на содржината

Устие на Рона

Координати: 43°30′N 5°5′E / 43.500° СГШ; 5.083° ИГД / 43.500; 5.083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Устие на Рона
Bouches-du-Rhône

Bocas de Ròse  (окситански)
Француски департман
Одозгора надолу, одлево надесно: Марсеј, префектура на департманот, Ле Бо-де-Прованс, Каси на средоземниот брег и Амфитеатарот во Арл
Знаме на Устие на Рона Bouches-du-RhôneГрб на Устие на Рона Bouches-du-Rhône
Местоположба на Устието на Рона во Франција
Местоположба на Устието на Рона во Франција
ДржаваФранција
РегионПрованса-Алпи-Азурен Брег
ПрефектураМарсеј
ПотпрефектураЕкс-ан-Прованс
Арл
Истр
Управа
 • Претседател на Советот на департманотМартин Васал[1] (LR)
Површина1
 • Вкупна5.087 км2 (1,964 ми2)
Население (2019)
 • Вкупно2.043.110
 • Ранг3.
 • Густина400/км2 (1,000/ми2)
Час. појасСЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот13
Арондисмани4
Кантони29
Општини119
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 km2

Устие на Рона (француски: Bouches-du-Rhône; окситански: Bocas de Ròse; „Устите на Рона“) — департман во јужна Франција. Се граничи со Воклиз на север, Гар на запад и Вар на исток. На југ се наоѓа Средоземното Море. Нејзина префектура и најголем град е Марсеј. Други важни градови се Екс-ан-Прованс, Арл, Мартиг и Обањ.

Марсеј, вториот по големина град во Франција, има едно од најголемите контејнерски пристаништа во земјата. Се цени како најстар град во Франција, основан од грчки доселеници од Фокеја околу 600 пр. н. е.[2] Устието на Рона е најнаселениот департман во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег, со 2.043.110 жители во 2019 година.[3] Има површината на департманот изнесув 5.087 квадратни километри. Неговиот INSEE и поштенски код се 13.

Историја

[уреди | уреди извор]
Поглед на Марсеј, префектура на Устието на Рона

Историјата на областа е тесно поврзана со онаа на Прованса. Марсеј е важно пристаниште уште пред Јулиј Цезар да ја освои Галија. Римското присуство оставило бројни споменици низ департманот. Значајни луѓе родени во областа се романтичниот сликар Камиј Рокплан и неговиот брат, новинар и театарски режисер Нестор Рокплан.

Устието на Рона е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Основан е од западниот дел на поранешната покраина Прованса и кнежевствата Оранж, Мартиг и Ламбеск. Изгубил дел од својата територија во 1793 година, вклучувајќи ги Оранж и Апт, кога бил основан департманот Воклиз.

По неговото основање, департманот силно ја поддржал Француската револуција, имал 90 јакобински клубови до 1794 година [4] Забележително било и тоа што повеќе од половина од свештениците во департманот го прифатиле Граѓанскиот устав на свештенството, со кој црквата ѝ била потчинета навладата.[5] За време на владеењето на Француската комунистичка партија во 20 век, резултатите од изборите покажале дека поддршката за левичарската политика останала релативно силна таму, особено во северните предградија на Марсеј.

Географија

[уреди | уреди извор]

Природни региони

[уреди | уреди извор]
Железница TER PACA во Ле Ров, на Синиот Брег

Департманот е дел од сегашниот регион Прованса-Алпи-Азурен Брег. Опкружен е со департманите Гар на запад, Воклиз на север и Вар на исток, како и со Средоземното Море на југ. Делтата на реката Рона образува огромна мочурлива област наречена Камарг во југозападниот дел на департманот.Тунелот Ров, најдолгиот каналски тунел во светот од Марсеј до Етан де Бер, како и помалите канали позападно, овозможиле воден превоз од Марсеј до Рона до 1963 година, кога тунелот Ров бил затворен за сообраќај.

Устието на Рона се граничи со реките Рона на запад и Диранс на север. Рона се дели на Гран Рона и Пети Рона јужно од Арл - областа помеѓу нив го образува Камарг. Главните планини на департманот се масивот Сент-Бом (1.042 метри – 3.418 стапки), Монтањ Сент-Виктоар (1.011 метри – 3.316 стапки), масивите Гарлабан и Алпиј.

Сеизмичка активност

[уреди | уреди извор]

Департманот Устие на Рона е исто така познат по својата сеизмичка активност: населените места во зоната II („просечна сеизмичка активност“) Ламбеск Пејрол-ан-Прованс и Салон-де-Прованс се најизложени.

Сеизмички ризик во департманот

Области Ib („ниска сеизмичка активност“) ги вклучува кантоните Екс-ан-Прованс, Тре Ејгиер, Оргон, Бер-Понд, Истр, Истр-Север и Југ и областите Ia („многу ниска сеизмичка активност“) ги вклучува другите кантони во областа Екс-ан-Прованс, Арл-Исток, Шаторенар, Сен Реми-де-Прованс, Марињан, Мартиг-Исток и Роквер-Запад. Зоната 0 („занемарлива сеизмичка активност“) го опфаќа остатокот од департманот.

Департманот има средоземна клима, со контрастни температури во опсег од 15 степени. Врнежите се неправилни, со само 65 дена годишно кога врне повеќе од 1 мм. Сепак, има ненадејни дождови, со просечни 500-700 мм годишно. Ова главно се случува во пролет и есен. Летото е многу топло, зимата блага. Засилените ветрови се вообичаени, особено познатиот мистрал, кој дува 100 дена годишно со максимални 100 километри на час. Брегот е посув, особено долж Синиот Брег, Каланките и заливот Ла Сиота, во кои се наоѓаат некои од најсушните области во Франција, со само 450 мм на дожд годишно. Повисоките области добиваат повеќе врнежи и пониски температури. Регионот Арк во внатрешноста е многу постуден од другите области, со тешки мразови во зима.

Демографија

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1801285,012—    
1806292,903+2.8%
1821313,614+7.1%
1831359,473+14.6%
1841375,003+4.3%
1851428,989+14.4%
1861507,112+18.2%
1872554,911+9.4%
1881589,028+6.1%
1891630,622+7.1%
1901734,347+16.4%
1911805,755+9.7%
1921841,996+4.5%
19311,101,672—    
19361,224,802—    
1946971,935—    
19541,048,762—    
19621,248,555—    
19681,470,271—    
19751,632,974—    
19821,724,199—    
19901,759,371—    
19991,835,719—    
20162,019,717—    

Главни градови

[уреди | уреди извор]

Најнаселена општина е Марсеј, кој е префектура на департманот. Од 2019 година, има 14 општини со повеќе од 20.000 жители:[3]

Комуна Население (2019)
Марсеј 870.731
Екс-ан-Прованс 145.133
Арл 50.454
Мартиг 48.574
Обањ 47.535
Салон-де-Прованса 45.386
Истр 43.626
Ла Сиота 35.993
Витрол 33.333
Марињан 32.384
Мирама 26.428
Ле Пен Мирабо 21.623
Гардан 21.521
Алош 21.372

Има уште 15 општини со над 10.000 жители: Шатонеф-ле-Мартиг, Пор-де-Бук, Шаторенар, Тараскон, Фос-сир-Мер, Бук-Бел-Ер, Бер-л'Етан, Сен Мартен-де-Кро, Ориол, Роњак, План-де-Сик, Сетем-де-Валон, Пелисан, Тре и Фиво.[3]

Политика

[уреди | уреди извор]

Историја

[уреди | уреди извор]
Кантони во Устието на Рона

Бидејќи Устието на Рона е еден од најнаселените и најразновидните департмани во Франција, тој долго време е сцена на особено жестоки политички битки. Развојот на пристаништето Марсеј-Фос, односите што се одржувале меѓу Франција и нејзината колонијално царсто, индустријата околу ископувањето јаглен во Прованса, како и значителното доселеништво, особено кое доаѓало од Италија, од крајот на 19 век и во раздобјето помеѓу двете светски војни се чинители кои довеле до појава на голема и воинствена работничка класа. Од крајот на 19 век, социјалистичкото движење стекнало влијание, како на пример во 1881 година со изборот на првиот социјалистички пратеник во земјата, Кловис Иг. Руралните области, особено во регионот Екс-ан-Прованс, го поткрепувале влијанието на десничарските партии, вклучително и монархистите и католиците на почетокот на Третата Француска Република. Меѓувоеното раздобје и времето на Народниот фронт го означило почетокот на преовладувањето на левицата во департманот, прво со изборот на Францускиот отсек на Работничката интернационала (SFIO).

Карта на општините во Устието на Рона и политичкото мнозинство на нивниот општински совет по општинските избори во 2014 година. Сивата боја не означува политичко мнозинство.

По Втората светска војна, марсејската десница, поврзана со подземјето и која соработувала со германските окупаторски сили, била широко дискредитирана. Левицата во голема мера преовладувала во Ослободувањето, а на изборите во 1946 одина Марсеј го добил комунистичкиот градоначалник Жан Кристофол. Во 1947 година, SFIO стапил во сојуз со десничарските и централните партии против комунистите, што шест години подоцна резултирало со избор на Гастон Дефер за градоначалник на Марсеј, позиција на која бил до неговата смрт во 1986 година. Меѓутоа, доминацијата на социјализмот бил предизвикана од деиндустријализацијата. Конзервативниот успех во 1995 година на Жан-Клод Годен во Марсеј е симбол на широко распространетите политички промени додека дури и поранешните комунистички бастиони Ла Сиота и Пор-Сен Луј-ди-Рон гласале за десницата. Во 1990-тите Националниот фронт доживува подем, победил на општинските избори во Марињан и Витрол.

Претседател на Департманскиот совет била Мартин Васал од десничарската партија Републиканци од 2015 година, откако на поранешниот социјалистички претседател Жан-Ноел Герини му била изгласана недоверба а и се соочил со обвиненија за корупција.

На француските претседателски избори во 2022 година, исто како и пет години претходно, Марин Ле Пен од Националниот сојуз (поранешен Национален фронт) освоил мнозинство во Устието на Рона во првиот круг, пред актуелниот претседател Емануел Макрон од Републиката напред! да освои мнозинство во вториот круг.

Пратеници во Народното собрание

[уреди | уреди извор]

Устието на Рона ги избра следните членови на Националното собрание на законодавните избори во 2017 година :

Изборна единица Член[6] Партија
Устие на Рона, 1. изборна единица Жилиен Равје Републиканци
Устие на Рона, 2. изборна единица Клер Питола Републиката напред!
Устие на Рона, 3. изборна единица Александра Луј Републиката напред!
Устие на Рона, 4. изборна единица Жан-Лик Меланшон Непокорена Франција
Устие на Рона, 5. изборна единица Кати Ракон-Бузон Републиката напред!
Устие на Рона, 6. изборна единица Ги Теисје Републиканци
Устие на Рона, 7. изборна единица Саид Аамада Републиката напред!
Устие на Рона, 8. изборна единица Жан-Марк Зилези Републиката напред!
Устие на Рона, 9. изборна единица Бернар Дефлесел Републиканци
Устие на Рона, 10. изборна единица Франсоа-Мишел Ламбер Републиката напред!
Устие на Рона, 11. изборна единица Моамед Лакила Демократско движење
Устие на Рона, 12. изборна единица Ерик Диар Републиканци
Устие на Рона, 13. изборна единица Пјер Даревил Француска комунистичка партија
Устие на Рона, 14. изборна единица Ан-Лоранс Петел Републиката напред!
Устие на Рона, 15. изборна единица Бернар Рејнес Републиканци
Устие на Рона, 16. изборна единица Моника Мишел Републиката напред!

Департмански совет на Устието на Рона

[уреди | уреди извор]
Мартин Васал, актуелен претседател на Одделенскиот совет

Подолу е списокот на места освоени од различните партии на департманот по департманските избори во 2015 година.

Партија Места во Департманскиот совет
Републиканцит (LR) 25
Социјалистичка партија (ПС) 15
Сојуз на демократи и независни (УДИ) 7
Француска комунистичка партија (ПЦФ) 5
Европа Екологија – Зелените (EELV) 2
Ла Форс ди 13 2
Национален фронт (ФН) и Исправена Франција (ДЛФ) 2
Планината Сент Виктоар и вијадуктот на долината на реката Арк од Пол Сезан

Департманот е добро застапен во француската уметност. Пол Сезан насликал бројни слики од Планината Сент Виктоар. Винсент ван Гог поминал две години во Арл, сликајќи многу сцени во областа. Главни музеи на департманот се Музејот на европските и средоземните цивилизации, Музејот на фајанс во Марсеј и Историскиот музеј Марсеј.

Главни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Главните туристички места се:

Природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Реки се:

  • Рона, која ја образува границата со департманот Гар
  • Диранс, која ја чини границата со департманот Воклиз
  • Арк
  • Ивон

Езера се:

Планини се:

  • Алпиј
  • Каланки меѓу Марсеј и Ла Сиота
  • Корниш де Крет
  • Гарлабан
  • Мон Пиже
  • Планина Сент Виктоар
  • Сент Бом, масив

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Répertoire national des élus: les conseillers départementaux“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises (француски). 4 May 2022.
  2. Vella, Alexandre (7 February 2022).
  3. 3,0 3,1 3,2 Populations légales 2019: 13 Bouches-du-Rhône, INSEE
  4. Albert Ceccarelli, La Révolution à l’Isle sur la Sorgue et en Vaucluse, Éditions Scriba, 1989, 2-86736-018-8, p. 27.
  5. Albert Ceccarelli, La Révolution...
  6. Nationale, Assemblée. „Assemblée nationale ~ Les députés, le vote de la loi, le Parlement français“. Assemblée nationale.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Bouches-du-Rhone на Curlie (англиски)