Арморски Брегови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Арморски Брегови
Côtes-d'Armor
Aodoù-an-Arvor
Департман
Зградата на департманскиот совет и префектурата во Сен Брие
Зградата на департманскиот совет и префектурата во Сен Брие
Знаме на Арморски Брегови Côtes-d'Armor Aodoù-an-Arvor
Знаме
Грб на Арморски Брегови Côtes-d'Armor Aodoù-an-Arvor
Грб
Местоположба на Арморските Брегово во Франција
Местоположба на Арморските Брегово во Франција
ДржаваФранција
РегионБретања
ПрефектураСен Брие
ПотпрефектураДинан
Генган
Лањон
Управа
 • Претседател на департманскиот советАлен Кадек
(LR)
Површина1
 • Вкупна6.878 км2 (2,656 ми2)
Население (2016)
 • Вкупно598.953
 • Ранг43rd
 • Густина87/км2 (230/ми2)
Часовен појасЦЕВ (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)ЦЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот22
Арондисмани4
Кантони27
Општини348
^1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 km2 и речни устија.

Арморски Брегови (француски: Côtes-d'Armor; бретонски: Aodoù-an-Arvor), порано познат како Северни Брегови (Côtes-du-Nord; бретонски: Aodoù-an-Hanternoz), е департман на север од Бретања, во северозападна Франција.

Историја[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1801504.303—    
1821552.424+9.5%
1831598.872+8.4%
1841607.572+1.5%
1851632.613+4.1%
1861628.676−0.6%
1876630.957+0.4%
1881627.585−0.5%
1891618.652−1.4%
1901609.349−1.5%
1921557.824−8.5%
1936532.000−4.6%
1946526.955−0.9%
1954503.178−4.5%
1962501.923−0.2%
1968506.000+0.8%
1975525.556+3.9%
1982538.860+2.5%
1990538.443−0.1%
1999542.398+0.7%
2006569.498+5.0%
2016598.953+5.2%

Северните Брегови бил еден од првичните 83 департмани создадени на 4 март 1790 година по Француската револуција. Составен е од речиси целата древна Пеи де Сен Брие, повеќето од историскиот Трегор, источната половина на Корнуај и северозападниот дел на поранешната епархија Сен-Мало.

Во 1990 година името беше сменето во Арморски Брегови (Côtes-d'Armor): францускиот збор côtes значи „брегови“, а ar mor е „море“ на бретонски. Името потсетува и на римската провинција Арморика („крајбрежен регион“).

Географија[уреди | уреди извор]

Армориски Брегови се дел од сегашниот административен регион Бретања и се граничи со департманите Ил-е-Вилен на исток, Морбијан на југ, Финистер на запад и со Ламанш на север.

Демоним[уреди | уреди извор]

Жителите на департманот на француски се познати како Костармориканци (Costarmoricains).

Политика[уреди | уреди извор]

Долгата традиција на антиклерикализмот на Арморските Брегови, особено во внатрешноста околу Генган (поранешно комунистичко упориште), честопати водело до тоа департманот да се гледа како област на левичарска исклучителност во инаку силно клерикалната и десничарска Бретања. Актуелниот претседател на департманскиот совет, Ален Кадек, сепак е член на десноцентристичката партија, Републиканци.

Партиски групи седишта
Центар и деснорепубликанци 32
Социјалисти и републиканци 15
Комунисти и републиканци 5
непартиски 2

Тековни претставници во Националното собрание[уреди | уреди извор]

Изборна единица Член [1]
Прва изборна единица на Арморските Брегови Бруно Жонкур Модем
Втора изборна единица на Арморските Брегови Ерве Бервил Републиката напред!
Трета изборна единица на Арморските Брегови Марк Ле Фир Републиканци
Четврта изборна единица на Арморските Брегови Јаник Керлого Републиката напред!
Петта изборна единица на Арморските Брегови Ерик Боторел Републиката напред!

Култура[уреди | уреди извор]

Западниот дел на департманот е дел од „Долна Бретања“ (бретонски: Breizh-Izel). Границата тече од Плуа до Мир-де-Бретањ. Бретонскиот јазик станал битно прашање во многу делови на Бретања, и многу бретонски говорници се залагаат за двојазични училишта. Јазикот гало се зборува на исток на департманот и се нуди како јазик во училиштата и на матурските испити.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]