Рона (департман)
Изглед
| Рона Rhône | ||
|---|---|---|
| Департман | ||
| ||
Местоположбата на Рона во Франција | ||
| Координати: 45°50′N 04°40′E / 45.833°N 4.667°E | ||
| Земја | Франција | |
| Регион | Оверњ-Рона-Алпи | |
| Префектура | Лион | |
| Потпрефектури | Вилфранш на Сона | |
| Управа | ||
| • Претседател | Мишел Мерсје (Центристичка) | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 3.249 км2 (1,254 ми2) | |
| Население (2007) | ||
| • Вкупно | 1.677.073 | |
| • Ранг | 4. | |
| • Густина | 520/км2 (1,300/ми2) | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
| Департман бр. | 69 | |
| Окрузи | 2 | |
| Кантони | 54 | |
| Општини | 293 | |
Рона (француски: Rhône, франкопровансалски: Rôno) е департман во регионот Оверњ-Рона-Алпи. Департманот го носи името на реката Рона.
Историја
[уреди | уреди извор]Департманот Рона е создаден на 12 август 1793 г., со разделувањето на некогашниот департман Рона и Лоара на два дела: Рона и Лоара.
Во прво време, границата на департманот се поклопувала со самиот град Лион. Но кога градот се проширил и во другите општини, департманот е проширен за да ги опфати новосоздадените предградија.
Географија
[уреди | уреди извор]Позначајни реки во департманот се Рона и Сона (која се влева во Рона во Лион).
Рона се граничи со департманите Ен, Изер, Лоара и Сона и Лоара.
Над 75% од населението живее во Градската заедница Лион. Освен Вилфранш на Сона, сите други најголеми места ѝ припаѓаат на градската заедница (1999):
- Лион: 470.187 жители
- Вилурбан: 134.500 жители
- Венисје: 56.487 жители
- Калир и Кир: 41.667 жители
- Сен-Прис: 41.213 жители
- Во-ан-Велен: 39.466 жители
- Вилфранш на Сона: 38.863 жители
- Брон: 38.600 жители
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Кантони во Рона
- Општини во Рона
- Окрузи во Рона
- Арпитански јазик (наречен и франкопровансалски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Страница на префектурата Архивирано на 25 ноември 2005 г. (француски)
- Страница на генералниот совет Архивирано на 16 декември 2014 г. (француски)
- 69.pagesd.info Архивирано на 4 октомври 2006 г. - портал и именик на департманот (француски)
|