Региони во Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Регион
Région
Категорија Унитарна држава
Место Франција
Број 18
Можен статус прекуморски регион (5)
Дополнителен статус територијална заедница
Населенија 212.645 (Мајот) – 12.005.077 (Ил де Франс)
Површини 376 км2 (Мајот) – 84.061 км2 (Нова Аквитанија)
Управа регионална управа, државна влада
Подединици департман

Франција се дели на 18 региони (француски: régions), од кои 13 се матични Корзика, а 5 се прекуморски[1]. Матичните региони (во кои спаѓа и островот Корзика) се делат на 2 до 13 департмани, додека пак прекуморските имаат по еден, па затоа се нарекуваат и „прекуморски департмани.

Поимот „регион“ е утврден со Законот за децентрализација од 2 март 1982 г. во кој се пропишува правниот статус на регионите. Во 2016 г. нивниот број е намален од 27 на 18 со спојување.

Улога[уреди | уреди извор]

Регионите немаат законодавна автомонима, нити пак можат да донесуваат регулативи. Секој има свои давачки (со поголеми давачки добиваат помал дел буџет од државата) и имаат видни, но не баш големи буџети под управа на регионални совети со застапници предложени од департманските собранија и главните општини во регионот.

Нивната главна правна задача е да градат и одржуваат средни училишта.

Освен овие правни должности, регионите имаат значителни дискрециони трошоци за инфракструктура (образование, јавен превоз, помош на универзитети и истражни тела, помош за претприемачи). Заради ова, претседателствувањето со еден богат регион е прилично високопрофилна функција.

Региони[уреди | уреди извор]

Име Француско име Друго месно име Седиште INSEE-бр.[2]
Голем Исток Grand Est германски: Großer Osten Стразбур 44
Нова Аквитанија Nouvelle-Aquitaine окситански: Nòva Aquitània / Nava Aquitània / Novela Aquitània
баскиски: Akitania Berria
Бордо 75
Оверњ-Рона-Алпи Auvergne-Rhône-Alpes окситански: Auvèrnhe-Ròse-Aups
франкопровансалски: Ôvèrgne-Rôno-Arpes
Лион 84
Бургундија-Франш-Конте Bourgogne-Franche-Comté франкопровансалски: Borgogne-Franche-Comtât Дижон 27
Бретања Bretagne бретонски: Breizh
гало: Bertaèyn
Рен 53
Центар-Лоарска Долина Centre-Val de Loire Орлеан 24
Ил де Франс Île-de-France Париз 11
Окситанија Occitanie окситански: Occitània
каталонски: Occitània
Тулуза 76
Горна Франција Hauts-de-France Лил 32
Нормандија Normandie нормандски: Normaundie Руан 28
Лоарски Крај Pays de la Loire бретонски: Broioù al Liger Нант 52
Прованса-Алпи-Азурен Брег Provence-Alpes-Côte d'Azur провансалски: Provença-Aups-Còsta d'Azur
(Prouvènço-Aup-Costo d'Azur)
Марсеј 93
Корзика Corse корзикански: Corsica Ајачо 94
Ова се прекуморски департмани. Истите воедно се и прекуморски региони.
Француска Гвајана Guyane Кајена 03
Гваделуп Guadeloupe антилски креолски: Gwadloup Бас Тер 01
Мартиник Martinique антилски креолски: Matinik Фор де Франс 02
Мајот Mayotte маоре: Maore
малгашки: Mahori
Мамуѕу 05
Реинион La Réunion реинионски креолски: La Rényon Сен Дени 04

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]