Претприемач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Претприемач (англиски: Entrepreneur) е лице кое презема одредена економска активност.

Претприемачи во Македонија[уреди | уреди извор]

Во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, на Македонската развојна фондација за претпријатија и на Стопанската комора на Северозападна Македонија, во декември 2014 година, по осми пат биле доделени наградите за „Претприемач на годината“. Притоа, за најдобри претприемачи во Македонија во текот на 2014 година, во категоријата „мали претпријатија“, биле прогласени: Васко Дамевски, менаџер на „Ксенос“ од Демир Хисар и Сејди Шахсивари, менаџер на „Урбан план констракшн“ од Тетово. Во категоријата „микропретпријатија“, за најдобри претприемачи биле прогласени: Андреј Петковски, менаџер на „Ѓорго-комерц“ од Куманово и Звонко Трпковски, менаџер на „Атлантик“ од Скопје. Наградата за најиновативна компанија, која ја доделува Министерството за економија, им припаднала на сопствениците на „АЦСА-ДЦАЦ“ ДОО од Скопје, Иван Поповиќ и Ванѓел Димановски.[1]



Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Наградени најдобрите претприемачи во 2014 година“, Економија и бизнис, број 198, 25 декември 2014, стр. 10.