Демир Хисар
Демир Хисар | |||
---|---|---|---|
град | |||
| |||
Местоположба на Демир Хисар во Македонија | |||
Координати: 41°13′N 21°12′E / 41.217° СГШ; 21.200° ИГДКоординати: 41°13′N 21°12′E / 41.217° СГШ; 21.200° ИГД | |||
Држава | Република Македонија | ||
Регион | Пелагониски Регион | ||
Општина | Општина Демир Хисар | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Никола Најдовски (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
Население (2021) | |||
• Вкупно | 2,431 | ||
Часовен појас | UTC+1 | ||
• Лете (ЛСВ) | UTC+2 (UTC) | ||
Повик. бр. | +389 047 | ||
Рег. таб. | DH | ||
Мреж. место | www.demirhisar.gov.mk |
Демир Хисар (порано: с. Мургашево) — град во југозападниот дел на Македонија и административен центар на истоимената општина.
Географија[уреди | уреди извор]
Градот се наоѓа во ридско-планински регион, а мал дел по течението на Црна Река е низински. Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина, на која што се наоѓа и највисокиот врв Сталев Камен со висина од 2.000 м., коишто ја одделуваат Демирхисарската област од Преспанско-охридската област.
Потекло на поимот[уреди | уреди извор]
Поради богатството на овие планини со железна руда, и областа го добива името Железник или Железнец, кое се менувало во зависност од владателите во различни периоди. Оваа област се среќава и како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Тврдина. Тоа е името што и денес го носи.
Историја[уреди | уреди извор]
Во почетокот на XVII век, во Битолско постои христијанското село Мургаш. Во судскиот регистар на битолскиот кадија од 1640 година се споменува, дека поради прекумерно зголемување на арачот и другите вообичаени немуслимански даноци, целото население на селото, освен еден, „неверникот Дујо“, пребегало. Бидејќи долговите и даноците биле побарани од Дујо (Дуј), тој исто така избегал, а властите се обиделе да го вратат со поедноставуање на некои давачки.[1]
Населбата почнува да се развива некаде од средината на декември 1945 година, кога во Демир Хисар е формирана општествено - политичка административна заедница - Околиски народен одбор, прво со седиште во с. Лопатица, а од пролетта 1946 година, по извршената територијална исправка, седиштето е пренесено во село Мургашево, со седиште во стариот Слепчански ан (на местото на денешната автобуска станица).
Денес, Демир Хисар е урбанизирана населба од градски тип која ги има сите услови на мало гратче. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици и поврзана е со современ коловоз со соседните градови Битола (28 км), Крушево (25 км), Кичево (51 км) и Прилеп (38 км).
Население[уреди | уреди извор]
На пописот од 2002 година, градот има 2.593 жители, со што претставува најмалиот град во Македонија. Следува табела на националната структура на населението:[2]
Националност | Вкупно |
Македонци | 2 473 |
Албанци | 62 |
Турци | 22 |
Роми | 11 |
Власи | 6 |
Срби | 7 |
Бошњаци | 2 |
Други | 10 |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Демир Хисар има 2.431 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 2.281 |
Албанци | 39 |
Турци | 1 |
Роми | 16 |
Власи | 9 |
Срби | 5 |
Бошњаци | 0 |
Други | 80 |
Следува табела на национална припадност на Демир Хисар во пописите 1948-2021:[3]
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 543 |
1953 | 449 | 27 | 412 | — | 1 | 3 | — | 10 | — | 902 |
1961 | 1.047 | 39 | 24 | — | — | 5 | — | 14 | — | 1.129 |
1971 | 1.731 | 30 | 34 | 4 | — | 17 | — | 12 | — | 1.828 |
1981 | 2.154 | 75 | 19 | 17 | 1 | 14 | — | 12 | — | 2.283 |
1991 | 2.097 | 13 | 6 | 1 | 3 | 4 | — | 7 | — | 2.131 |
1994 | 2.336 | 9 | 4 | — | 2 | 1 | — | 95 | — | 2.447 |
2002 | 2.473 | 62 | 22 | 11 | 6 | 7 | 2 | 10 | — | 2.593 |
2021 | 2.281 | 39 | 1 | 16 | 9 | 5 | 0 | 11 | 69 | 2.431 |
Демир Хисар како урбана населба, од своето формирање постојано бележи пораст на населението. Така спрема пописот во 1961 г. населбата броела 1129 жители, а во 1981 година имало 2283. Тоа докажува дека луѓето од селските населби нагло ги напуштале своите домови и се населувале во Демир Хисар.
Администрација и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во градот постојат избирачките места бр. 623, 623/1 и 624 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.904 гласачи.[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Петров, Петър, съставител (1987). По следите на насилието. Документи и материали за налагане на исляма, част I. София: Наука и изкуство. стр. 38.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Демир Хисар“ на Ризницата ? |
- Портал на општина Демир Хисар
- Демир Хисар низ фотографии Архивирано на 4 март 2016 г.
- Демир Хисар — официјален профил на Фејсбук
|
|
|