Добромирово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Добромирово
Dobromirovo.JPG

Црквата „Пресв Богородица Балаклија“ со манастирските конаци на Добромирово

Добромирово is located in Македонија
Добромирово
Местоположба на Добромирово во Македонија
Координати 41°14′23″N 21°8′58″E / 41.23972° СГШ; 21.14944° ИГД / 41.23972; 21.14944Координати: 41°14′23″N 21°8′58″E / 41.23972° СГШ; 21.14944° ИГД / 41.23972; 21.14944
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Горни Железник
Население нема жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО
Надм. вис. 908 м
Commons-logo.svg Добромирово на Ризницата


Добромирово — историско село на територијата на Општина Демир Хисар,[1] во западниот атар на с. Слепче.

Географија[уреди | уреди извор]

Добромирово се наоѓало во областа Железник, во источните пазуви на Илиница (дел од Бигла), западно над селото Слепче и северно над Слепченскиот манастир. На ова место денес е манастирот Добромирово со црквата „Пресв. Богородица Балаклија“, наречена „Источен Петок“, која е обновена во 1970 година според старата црква на селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото постоело барем уште од средниот век, за што сведочи истоименото наоѓалиште на ова место со старата црква и некропола, возобновена во 1970 г. облик на денешниот манастир во 1970 г.[2] Се смета дека местото е наречено по македонските владетели Добромир Хрс или Добромир Стрез, кои тука доаѓале на одмор.

Во османлиско време селото било тимар на извесен Азап, чии жители се занимавале претежно со сточарство и дрводелство. Во 1468 г. селото платило 1.035 акчиња данок, од кои 320 за пченица; 200 за ’рж и јачмен, како и за лен, свињи, ушур за лозје; за бостан, за воденици, за свадбарина и најмногу за испенџе — 381 акче.[1]

Добромирово се споменува во 1468 г. со следниве жители: Мирче, син на Негослав; Леко, син на Пралог; Доно, син на Никола; поп Велјан; поп Димитри; Никола, син на поп; Василко, Јано син на Богдан; Драле; Бојо, син на Драле; Никола, син на Ѓурко; Томо, син на Губеро; Јован, сиромав; Степан, брат на Јован; Дико, син на Миладин; Синком син на Дабе; син на Којо Степан, брат на Бојо; Андреја, Арбанаш; Ѓуро, син на Андреја; Владе; Рајан, син на Владе; Братул, син на Владе; Васил, син на Владе; Божик, син на Арбанаш; Којо, син на Богој; Јанко, син на Којко; Којо, син на Робе. Селото имало 28 семејства, 1 неженет и 1 вдовица, во вкупно население од 145 жители.

Во 1568 г. селото е заведено со 125 жители.[1]

Во XVIII век почнало значително преселување на населението во Слепче, кои уште претходно често се симнувале во него.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. ISBN 978-608-65616-4-2.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 142. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]