Свиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свиња
Sow with piglet.jpg
Научна класификација
Царство: Животни (Animalia)
Колено: Хордати (Chordata)
Класа: Цицачи (Mammalia)
Ред: Artiodactyla
Семејство: Suidae
Род: Sus (свиња)
Linnaeus, 1758
видови

Sus barbatus  (брадеста свиња)
Sus bucculentus (изумрена)
Sus cebifrons
Sus celebensis
Sus falconeri
Sus heureni
Sus hysudricus (изумрена)
Sus philippensis[1]
Sus salvanius
Sus scrofa (дива свиња)
Sus strozzi (изумрена)
Sus timoriensis
Sus verrucosus

Свињата е род животно од фамилијата Suidae која опфаќа 10 современи видови, како и еден припитомен подвид, домашна свиња.

Физички карактеристики[уреди | уреди извор]

Свињите имаат подигната муцка, мали очи и мала опашка, што често е извиткана, но понекогаш и права. Имаат големи наслаги од сало и кратки нозе. Секоја нога има по четири прста, од кои по два се значително поголеми од другите два и се користат за одење. Свињите маат 44 заби[2] при што песјаците им растат во текот на целиот живот, па често горните заби ги тријат од долните, за да ги трошат. Свињите имаат исклучително чувствително сетило за мирис. Затоа, во минатото тие често се користеле за пронаоѓање тартуфи, а и денес се користат за таа намена во некои европски земји. Бидејќи немаат потни жлезди, во текот на летото, кога има високи температури, свињите се разладуваат валкајќи се во вода или во кал. Тоа им помага и против изгореници, како и против муви и други паразити. Свињите се многу интелигентни и луѓето ширум светот ги чуваат и како домашни миленици.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Свињите се омнивори, што значи дека јадат храна и од растително и од животинско потекло. Тие ги јадат дури и посмртните остатоци од животните, а забележано е дека јадат и мртви инсекти, црви, струготини од дрво, ѓубре, па дури и остатоци од други свињи. Исто така, тие јадат и стаорци, глувци и помали глодари. Во дивината, свињите најчесто јадат корења, трева, овошје, цвеќе и зеленчук. Во заробеништво, свињите понекогаш ги јадат и сопствените млади, обично кога се сериозно фрустрирани и под стрес.

Размножување[уреди | уреди извор]

Женката свиња - маторица, може да се пари на возраст од 8-18 месеци, а машките свињи на 8-10 месечна возраст. Кога ќе се породи, свињата на свет носи 6 до 12 младенчиња, што се викаат прасиња.

Свињата во уметноста и популарната култура[уреди | уреди извор]

Свињата е застапена во уметноста и во популарната култура, и тоа во позитивен и во негативен контекст:

Видови свињи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zoological Journal of the Linnean Society (1997), 120: 163–191.
  2. Sus scrofa, Pig (анг.)
  3. „Прасето на Каландрио“, во: Џовани Бокачо, Декамерон. Скопје: Македонска книга и Мисла, 1988, стр. 194-200.
  4. Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 77-78.